Селото е сместено на десната страна од Злетовска Река. Тоа е рамничарско село и се наоѓа на надморска височина од 420 м. Источно од селото, на левата страна од Злетовска Река започнуваат да се идигаат првите ридови од Осоговските Планини. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 3,5 км2.[2]
Вкупното обработливо земјиште во рамки на селскиот атар зафаќа површина од 165 ха, на пасишта отпаѓаат 157 ха, додека шумите зафаќаат незначителна површина.[4] Основната стопанска дејност во селото е полјоделството. Освен тоа, во него работат и услужни објекти.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 277 жители, од кои 267 Македонци, 9 Власи и 1 Србин. Бројот на домаќинства изнесувал 17, а бројот на живеалишта 31.[8] Во непосредна близина на селото, од левата страна на Злетовска Река и на левата страна покрај патот кој води кон Бунеш се наоѓа населбата Драч за која се вели дека е населена со Роми, иако официјалнте демографски податоци од пописите спроведени по Втората светска војна укажуваат дека во селото немало припадници на ромската заедница.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 207 жители, од кои 185 Македонци, 4 Власи, 1 Србин и 17 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци:Думанци (10 к.) и Пац'ци (7 к.)
Доселеници:Рајчанци (4 к.) доселени се од селото Рајчани кај Кочани; Лезовци (2 к.) доселени се од селото Лезово; Ефремовци (4 к.) доселени се од селото Древено; Давидовци (4 к.) доселени се од селото Кундино; Пробиштипчанци (4 к.) доселени се од Пробиштип.
Власи:Власите (3 к.) овде дошле во почетокот од 20 век, а во овој регион дошле пред околу 220 години од околината на Грамошта во Егејска Македонија.[14]
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Општина Злетово постоела и во периодот 1950-1952 година, во чиј состав тогаш влегувале Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1568 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
↑ 2,02,12,22,3Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 256.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN978-608-65143-2-7.