Трипатанци

Трипатанци

Воздушен поглед на селото Трипатанци

Трипатанци во рамките на Македонија
Трипатанци
Местоположба на Трипатанци во Македонија
Трипатанци на карта

Карта

Координати 41°55′55″N 22°12′25″E / 41.93194° СГШ; 22.20694° ИГД / 41.93194; 22.20694
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 65 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21032
Надм. вис. 390 м
Трипатанци на општинската карта

Атарот на Трипатанци во рамките на општината
Трипатанци на Ризницата

Трипатанци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во XV век, најпрвин како Горно Бучиште (селото Бучиште е во непосредна околина), а подоцна како Трипатанци. Името може да означува „три реки“ или пак „три пата“. Како друго можно објаснување е дека е изведено од исчезнатата именка трепот, која означувала топола.[2]

Географија и местоположба

Панорамски поглед на селото Трипатанци

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани и од левата страна на Злетовска Река.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 390 метри.[3]

До самото село поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Историја

Подрачјето на Трипатанци е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Селиште во неговата околина.[4]

За време на Првата балканска војна, од селото Трипатанци имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 251 хектар, на пасиштата отпаѓаат 180 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948265—    
1953297+12.1%
1961295−0.7%
1971292−1.0%
1981244−16.4%
ГодинаНас.±%
1991198−18.9%
1994203+2.5%
2002126−37.9%
202165−48.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трипатанци живееле 160 жители, сите Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 295, а во 1994 година 203 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Трипатанци живееле 126 жители, од кои 125 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 65 жители, од кои 55 Македонци и 10 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 265 297 295 292 244 198 203 126 65
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Трипатанци е македонско село.[14]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Доселеници: Гољаци (4 к.), доселени се од околината на Јанина, Епир во Грција. Од околината на Јанина пребегнал некојси Баба Јања со неговите четири сина; Варадинци (4 к.), Рајчанци (3 к.) и Црнчевци (7 к.), доселени се во различен период од селото Рајчани кај Кочани; Рудевци (4 к.) и Крстевци (2 к.), доселени се од селото Јамиште; Прелатановци (6 к.), доселени се од селото Пуздерци; Дедо Велковци (3 к.) и Стрмошанци (2 к.), доселени се од селото Стрмош; Узуновци (2 к.), доселени се од селото Филиповци кај Кратово; Јорданинци (2 к.), доселени се од селото Карбинци кај Штип; Сорливци (2 к.) и Маџар (1 к.), доселени се, но не знаат од каде.

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Трипатанци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Трипатанци, се наоѓале и селата Бунеш, Древено, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Ратавица, Турско Рудари и Шталковица. Во периодот 1950-1952, селото било дел на некогашната општина Турско Рудари, во која влегувале селата Бунеш, Рајчани, Турско Рудари и Трипатанци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1564 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
Споменици[18]
  • Спомен-плоча посветена на В. Николов Атанасов.
Реки

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 176–177. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 300–301.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 323. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-12-01. Посетено на 1 декември 2022.
  18. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-12-01.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!