Бунеш

Бунеш

Поглед на селото Бунеш

Бунеш во рамките на Македонија
Бунеш
Местоположба на Бунеш во Македонија
Бунеш на карта

Карта

Координати 41°57′10″N 22°14′09″E / 41.95278° СГШ; 22.23583° ИГД / 41.95278; 22.23583
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21001
Надм. вис. 590 м
Слава Илинден
Бунеш на општинската карта

Атарот на Бунеш во рамките на општината
Бунеш на Ризницата

Бунеш — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Потекло на името

Името на селото се претпоставува дека е од илирско потекло.

Географија

Бунеш е селска населба југозападно од Злетово, сместена од левата страна на Злетовска Река и од северозападната страна на Рајчански Рид. Селото се наоѓа на пространа зарамнета површина, на надморска височина од 590 м. Распространето е на изворниот дел на Лозјански Дол. Местоположбата му овозможува заштита од северните ветрови. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2 и на исток се граничи со Општина Кочани, а на југ со Општина Чешиново-Облешево.[2] Бунеш е оддалечено од Пробиштип околу 7-8 км.[3]

Историја

Бунеш е една од најстарите населби во Злетовско-пробиштипско. На просторот на кој се наоѓа атарот на селото има повеќе наоѓалишта со остатоци од поранешни населби. Така на пример, во месностите Три Kладенци и Бел Камен при обработка на нивите се пронајдени темели од згради и старовремски тули, а во месноста Џидовица се откриени стари гробишта. Траги од некогашна населба, и тоа ѕидини од куќи, темели од црквичка и гробишта се зачувани во месноста Мал Бунеш, која се наоѓа на околу 2-3 километри североисточно од сегашната местоположба селото.

Од една повелба на деспотот Константин Дејанов во 1381 година се забележува дека истата година во Злетовската област постоело селиште Бунеш коешто припаѓало како метох на Лесновскиот манастир.[4] Според народното предание, селото било сместено во сегашната месност Мал Бунеш, но поради насилството и зулумите од страна на Турците од соседно Турско Рудари населението било принудено да се пресели на запад,

Во XIX век, Бунеш се наоѓало во Кратовската каза, во Отоманското Царство.

Во 1903 година, 17 жители на селото биле физички малтретирани и ограбени од страна на отоманските власти, а во есента 1908 година, изгорени биле 28 куќи или речиси половина од селото.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Стопанство

Селото во минатото претставувало метох. Најразвиените стопански дејности во склад со природно-географските услови во минатото и денес се сточарството и земјоделството. Во еден подолг период од времето под отоманска власт најголем дел од населението биле мадемџии (рудари), додека само неколку семејства биле претворени во чивчии од страна на некој кратовски бег. По разнебитувањето на вака поставениот чифлигарски систем, чивчиите и останатите селани започнале да ја откупуваат земјата што ја обработувале.

Од турските пописи од 1570 година се забележува дека структурата на земјоделството производство е многу слична со постојната. Во тоа време, најмногу се произведувало мешано жито (130 товари), пченица (124 товари), граор (3 товари), леќа (2 товари), како и бостан, лозје и пчели. Селото во тој период било задолжено со данок од 12.000, што во споредба со други села од неговата околина и во Овче Поле укажува дека истото располага со значајни ресурси и богатство.

Осовременување во земјоделското производство било забележано по ослободувањето од отоманска власт. Во тој период биле купени првите 12 плугови со кои се проширило обработливото земјоделско земјиште, а покрај традиционалните култури биле воведени индустриски култури и ориз.

Од повоените пописи на земјоделството, во 1960 година, селото имало 58 земјоделски стопанства, чиј број на следниот попис во 1969 година се намалил на 38, а во 1991 година на 34. Со падот на населението во селото дошло и до снижување на застапеноста на сточарството како стопанска гранка. Така на пример, во 1931 година, во селото имало 1.036 овци, 1.782 кози и 191 единици крупна стока; три декади подоцна, бројот на овци се зголемил на 1.258 грла, главно како последица на надоместувањето за загубите на козите; но, во 1991 година, поради иселувањето на младото работоспособно население, бројот на овци се намалил на 639 грла.

Денес, вкупната површина на земјоделското земјиште во атарот на селото изнесува 1.101 ха, од кои 586 ха отпаѓаат на пасишта, 444 ха на обработливо земјоделско земјиште, а 71 ха на шуми.[6] Нивите како обработливо земјиште се разместени низ селото, но најмногу се среќаваат во месностите: Гладно Поле, Осојница, Рамниште, Лојзишта, Грамади и Стари Лозја. Снабдувањето се вода се врши од чешми и бунари. Најпознати извори богати со вода се: Селска Чешма, Стамболска Чешма, Смрдливец, Корито и Војнак. Поради природните околности, околу три четвртини од обработливото земјиште и натаму служи за одгледување на пченица, пченка, јачмен, граор и уров. Од индустриските култури, најзастапени се сончогледот, тутунот и во помали количини памукот (главно за домашни потреби). Во минатото, во близина на селото постоела шарлаганица, каде што сончогледот се преработувал во зејтин.

Во август 2014 година, во селото бил пуштен во употреба новозиграден водоснабдителен систем преку кој жителите на селото се снабдуваат со чиста вода за пиење.[7]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948374—    
1953424+13.4%
1961353−16.7%
1971263−25.5%
1981175−33.5%
ГодинаНас.±%
199189−49.1%
199484−5.6%
200248−42.9%
202110−79.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бунеш имало 252 жители, сите Македонци христијани.[8] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунеш имало 292 жители, од кои 280 Македонци и 12 Власи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[10]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 48 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 27, а бројот на живеалишта 72.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 252 292 374 424 353 263 175 89 84 48 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Населението главно го сочинуваат семејства на староседелци, но во текот на 19 и првата половина на XX век е забележително доселување од соседното село Рајчани, како и од селата Дренак, Калиманци, Луке и Зарапинци. Родови и семејства кои живееле во Бунеш се: Младеновци, Стамболци, Терзијанци, Чавдарци, Бачовци, Тушевци, Калиманци и Јаковци.[16]

Општествени установи

Училишната зграда во селото

Иако недостасуваат информации за почеток со работа на првото училиште, од достапните податоци може да се заклучи дека во селото работело училиште од втората половина на XIX век. Како учители во тој период се споменуваат Милан Николов (1865-1868), Крсто Јосифов (1868-1888) и Константин Поп Георгиев од Злетово (1888-1891). До Балканските војни учители биле Димитар Христов и Христо Поп Гицов. Веројатно е дека станувало збор за претставници на т.н. „старовремско школо“, при што учителот покрај учителската дејност извршувал и некое друго занимање. Во периодот по Балканските и Првата светска војна, кога целата Злетовска област економски, демографски и културно-просветно опаднала, во селото немало училиште.

По Втората светска војна, повторно е отворено училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение. Училиштето постоело до 1980-тите кога било затворено како резултат на намалениот број на деца поради иселувањето на младото население кон урбаните средини. Училишната зграда е сочувана и денес.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Турско Рудари, во која влегувале селата Бунеш, Рајчани, Турско Рудари и Трипутанци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1569 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[18]

Културни знаменитости

Црквата „Св. Илија“
Цркви[19]
Споменици
  • Спомен-плоча посветена на загинати борци (на селската чешма).[20]

Редовни настани

Личности

Родени во Бунеш

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 45.
  3. С., Т. „Село Бунеш: „Го фалат градот, но селото пак ги влече". Probistip.mk. Архивирано од изворникот на 2021-05-14. Посетено на 29 ноември 2016.
  4. Матанов, Христо. „Княжеството на Драгаши“. София, 1997. с. 220.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 659 и 832.
  6. Населени места во Општина Пробиштип — Бунеш, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  7. „Жителите на Бунеш добија нов водоснабдителен систем“. Вечер. Посетено на 29 ноември 2016.[мртва врска]
  8. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2016.
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Според кажување на жителка на селото. Забележале Кирил Симеоновски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски и Нино Богдановски на 29.10.2016.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
  20. Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Литература

  • Апостолов, Александар. „Злетовска област“. 1973.
  • Симић, Стеван. „Историја кратовске области“. Београд, 1914.
  • „Пописи становништва и домаћинстава 1958-1981. Савезни завод за статистику БГД.

Надворешни врски

Read other articles:

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Januari 2023. Callidium hoppingi Klasifikasi ilmiah Kerajaan: Animalia Filum: Arthropoda Kelas: Insecta Ordo: Coleoptera Famili: Cerambycidae Genus: Callidium Spesies: Callidium hoppingi Callidium hoppingi adalah spesies kumbang tanduk panjang yang tergolong famili ...

 

Volume benda yang diaproksimasi dengan kumpulan silinder-silinder berongga. Semakin tipis dinding silinder, maka pendekatan volume semakin halus.Kalkulus Teorema dasar Limit fungsi Kontinuitas Teorema nilai purata Teorema Rolle Diferensial Definisi Turunan (perumuman) Tabel turunan Diferensial infinitesimal fungsi total Konsep Notasi untuk pendiferensialan Turunan kedua Turunan ketiga Perubahan variabel Pendiferensialan implisit Laju yang berkaitan Teorema Taylor Kaidah dan identitas Kai...

 

EvertonNama lengkapEverton Football ClubJulukanThe Toffees, The Blue MarcyBerdiri1878; 144 tahun lalu (1878)(bernama St. Domingo Football Club)StadionGoodison Park(Kapasitas: 39.221[1])Pemilik Farhad MoshiriKetua Bill KenwrightManajer Sean DycheLigaLiga Utama Inggris2022–2023Liga Utama Inggris, ke-17 dari 20Situs webSitus web resmi klub Kostum kandang Kostum tandang Musim ini Everton Football Club (/ˈɛvərtən/) adalah sebuah klub sepak bola profesional yang bermarkas di...

Grand Prix Australia 1994 Lomba ke-16 dari 16 dalam Formula Satu musim 1994← Lomba sebelumnyaLomba berikutnya → Detail perlombaanTanggal 13 November 1994Nama resmi LIX Adelaide Australian Grand PrixLokasi Sirkuit Jalan Raya AdelaideAdelaide, South Australia, AustraliaSirkuit Sirkuit jalan raya temporerPanjang sirkuit 3.780 km (2.362 mi)Jarak tempuh 81 putaran, 306.180 km (191.362 mi)Cuaca Panas dan berawanPenonton 132,000[1]Posisi polePembalap Nigel Mansell Wil...

 

Die neue Synagoge an der Detmolder Straße Die Synagoge Beit Tikwa (Biblisches Hebräisch בַּ֫יִת תִּקְוָה báyiṯ tiqwâ’, deutsch ‚Haus der Hoffnung‘[1]) an der Detmolder Straße ist die Heimat der jüdischen Kultusgemeinde Bielefeld. Das jüdische Gotteshaus entstand durch den Umbau der evangelischen Paul-Gerhardt-Kirche im Jahr 2008 und gilt damit als erste Synagoge Nachkriegsdeutschlands, die aus dem Umbau einer evangelischen Kirche entstand.[2&#...

 

110-та окрема гвардійська мотострілецька ордена Республіки бригада рос. 100-я отдельная гвардейская мотострелковая ордена Республики бригада ЕмблемаНа службі 2015 — дотеперКраїна  РосіяНалежність «ДНР»Тип мотострілецькі військаРоль Гвардія «ДНР»У складі 1-й армійськ

Haneen ZoabiLahir23 Mei 1969 (umur 54)Tempat lahirNazareth, IsraelKnesset18, 19, 20Faksi yang diwakili di Knesset2009–2015Balad2015–Joint List Haneen Zoabi, juga Hanin Zoubi (Arab: حنين زعبي, Ibrani: חנין זועבי; kelahiran 23 Mei 1969), adalah seorang Arab Palestina, dan seorang warga negara Arab di Israel, yang sekarang menjabat sebagai anggota Knesset untuk Joint List. Menjabat di Knesset sejak 2009, Zoabi adalah wanita Arab pertama yang terpilih pada parlem...

 

Province of Canada This article is about the province in Canada. For other uses, see Nova Scotia (disambiguation). Province in CanadaNova ScotiaProvince FlagCoat of armsMotto(s): Munit Hæc et Altera Vincit (Latin)(One defends and the other conquers) BC AB SK MB ON QC NB PE NS NL YT NT NU Coordinates: 45°00′00″N 62°59′58″W / 45.00000°N 62.99944°W / 45.00000; -62.99944[1]CountryCanadaConfederation1 July 1867 (1st, with New Brunswick, Ontari...

 

This article is about mathematics and related concepts in geometry. For other uses, see Curvature (disambiguation). Mathematical measure of how much a curve or surface deviates from flatness A migrating wild-type Dictyostelium discoideum cell whose boundary is colored by curvature. Scale bar: 5 µm. In mathematics, curvature is any of several strongly related concepts in geometry. Intuitively, the curvature is the amount by which a curve deviates from being a straight line, or a surface ...

Languages and dialects spoken in Egypt Languages of EgyptMultilingual sign at an Egyptian hotel; Egypt attracts tourists from all over the world.OfficialStandard ArabicVernacularEgyptian Arabic (70%)(de facto lingua franca)MinoritySa'idi Arabic (22.73%)Eastern Egyptian Bedawi Arabic (1.6%)Sudanese Arabic (0.6%)Domari (0.3%)Nobiin (0.3%)Western Egyptian Arabic (0.1%)Beja (0.1%)Kenzi (0.03)Siwi (0.02%)Coptic[1] (mostly liturgical)ImmigrantGreekArmenianItalian[2]RussianForeignEng...

 

Minor basilica in Lyon A view of the basilica from the Vieux-Lyon The Basilica of Notre-Dame de Fourvière (French: Basilique Notre-Dame de Fourvière) is a minor basilica in Lyon, France. It was built with private funds between 1872 and 1896 in a dominant position overlooking the city. The site it occupies was once the Roman forum of Trajan, the forum vetus (old forum), thus its name (as an inverted corruption of the French Vieux-Forum). Role in the history and life of the city The main entr...

 

Ritual of moving around a sacred object For the album by True Widow, see Circumambulation (album). For the New York avant-garde bookshop, see The Sunwise Turn. Relief of ancient Indian Buddhists (monks at left, a lay couple at right, statues behind) circumambulating a stupa in a chaitya temple Circumambulation[1] (from Latin circum around[2] and ambulātus to walk[3]) is the act of moving around a sacred object or idol.[4] Circumambulation of temples or deity i...

Historic bordello in Butte, Montana United States historic placeDumas BrothelU.S. Historic districtContributing property The Dumas BrothelShow map of MontanaShow map of the United StatesLocation45 East Mercury Street, Butte, MontanaCoordinates46°00′41″N 112°32′04″W / 46.01143°N 112.534372°W / 46.01143; -112.534372Built1890Architectural styleVictorianPart ofButte-Anaconda Historic District (ID66000438[1]) The Dumas Brothel was a brothel in Butte...

 

1974 studio album by TontoIt's About TimeStudio album by TontoReleased1974Genre Electronic[1] experimental[1] psychedelic[2] progressive[2] Length39:37LabelPolydorProducer Malcolm Cecil Robert Margouleff Tonto chronology Zero Time(1971) It's About Time(1974) It's About Time is the second and final album by British-American electronic music duo Tonto, previously known as Tonto's Expanding Head Band, released in 1974 by Polydor Records. The album is a sho...

 

The NarratorsOther namesThe Narrators Denver, The Narrators PodcastGenreStorytellingRunning time10-20 minutesCountry of originUnited StatesLanguage(s)EnglishHosted byRon S. Doyle & Erin RollmanCreated byAndrew OrvedahlProduced byRon S. Doyle Original release2010 –presentNo. of episodes240 (as of July 2021)Opening themeWhalehawk, Proof PositiveWebsiteThe Narrators sitePodcastThe Narrators podcast The Narrators is a monthly true storytelling show and podcast from Denver, Colorado, ho...

Aharen-san wa HakarenaiSampul manga volume pertama阿波連さんははかれないGenreKomedi romantis[1] MangaPengarangAsato MizuPenerbitShueishaImprintJump Comics+MajalahShōnen Jump+DemografiShōnenTerbit29 Januari 2017 – sekarangVolume16 Seri animeSutradaraYasutaka Yamamoto[a]Tomoe MakinoSkenarioTakao YoshiokaMusikSatoru KōsakiMONACAStudioFelix FilmPelisensiCrunchyroll SEA BilibiliSaluranasliMBS, TBS, BS-TBSTayang 2 April 2022 – 18 Juni 2022Episode12  Portal ...

 

HercyniteGeneralCategoryOxide minerals Spinel group Spinel structural groupFormula(repeating unit)Fe2+Al2O4IMA symbolHc[1]Strunz classification4.BB.05Crystal systemIsometricCrystal classHexoctahedral (m3m) H-M symbol: (4/m 3 2/m)Space groupFd3m (no. 227)IdentificationFormula mass173.81 g/molColorBlackCrystal habitEuhedral crystals. Also massive to granularCleavage[111] indistinctFractureUneven - flat surfaces (not cleavage) fractured in an uneven pattern.Mohs scale hardness7.5LusterVi...

 

This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: The Outsiders Are Back – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (May 2011) 2010 studio album by Kings Go ForthThe Outsiders Are BackStudio album by Kings Go ForthReleasedApril 20, 2010GenreSoulLength43:33LabelLuaka BopProducerAndy Noble a...

Village and archaeological site in Middle Egypt For other uses, see Bani Hasan (disambiguation). Beni HasanThe tombs of Khety and Baqet IIIShown within Northeast AfricaShow map of Northeast AfricaBeni Hasan (Egypt)Show map of EgyptCoordinates27°56′N 30°53′E / 27.933°N 30.883°E / 27.933; 30.883TypeTombs Beni Hasan (also written as Bani Hasan, or also Beni-Hassan) (Arabic: بني حسن) is an ancient Egyptian cemetery. It is located approximately 20 kilometers (...

 

Shuaibu Ibrahim Nazionalità  Nigeria Altezza 177 cm Calcio Ruolo Attaccante Squadra  Niger Tornadoes Carriera Giovanili GBS Academy Squadre di club1 2016-2018 Haugesund47 (8)2018→  Kongsvinger29 (15)2019→  Bnei Sakhnin11 (0)2019 Haugesund1 (0)2019→  Kongsvinger10 (6)[1]2020-2021 Mjøndalen33 (7)[2]2021 Jerv14 (5)[3]2022 Noravank17 (10)2022 Erbil? (?)2023- Niger Tornadoes3 (0) 1 I due numeri indicano le ...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!