Гујновци

Гујновци

Поглед на Гујновци

Гујновци во рамките на Македонија
Гујновци
Местоположба на Гујновци во Македонија
Гујновци на карта

Карта

Координати 41°53′31″N 22°11′56″E / 41.89194° СГШ; 22.19889° ИГД / 41.89194; 22.19889
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Осогово
Население 14 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21007
Надм. вис. 335 м
Гујновци на општинската карта

Атарот на Гујновци во рамките на општината
Гујновци на Ризницата

Гујновци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 335 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13,2 километри.[2]

До селото поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Историја

Подрачјето на Гујновци е населено уште од старохристијанско време, за што сведочи наоѓалиштето Црквиште во неговата околина.[3]

Стопанство

Стопански објект во Гујновци

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 531,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 118,9 хектари, а на шумите само 10,4 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948126—    
1953130+3.2%
1961128−1.5%
197197−24.2%
198173−24.7%
ГодинаНас.±%
199140−45.2%
199443+7.5%
200233−23.3%
202114−57.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гујновци живееле 72 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гујновци имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Гујновци е мало село и е на пат да се расели. Во 1961 година селото броело 128 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Гујновци живееле 33 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 12 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 72 80 126 130 128 97 73 40 43 33 14
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Гујновци е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Гујновци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гујновци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1551 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Црквиште — населба, некропола и црква од старохристијанскo време и среден век.
Споменици[17]
  • Спомен-плоча посветена на Б.Стоилков Серафимовски

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 89.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 320. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2022.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.
  17. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-09.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!