Петршино

Петршино
Петришино

Панорама на селото Петршино со градот Пробиштип во позадина

Петршино во рамките на Македонија
Петршино
Местоположба на Петршино во Македонија
Петршино на карта

Карта

Координати 41°57′21″N 22°09′49″E / 41.95583° СГШ; 22.16361° ИГД / 41.95583; 22.16361
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 23 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21024
Надм. вис. 505 м
Петршино на општинската карта

Атарот на Петршино во рамките на општината
Петршино на Ризницата

Петршино или Петришино — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Името на селото официјално било променето со измени во Законот за локална самоуправа во 2014 година, кога била донесена одлука името да се промени од Петришино во Петршино.[2][3]

Географија и местоположба

Петришино се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип. Од Пробиштип е оддалечено 12 км. Селото е рамничарско во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река, а од Пробиштип е оддалечено 9 км. Селото е рамничарско и е смстено на надморска височина од 505 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,2 км2.[4]

Историја

Во XIX век, Петришино се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 4 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Стопанство

Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од вкупно 614 ха. Од нив, 470 ха отпаѓаат на обработливо земјиште, 136 ха на пасишта и 8 ха на шуми.[6]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948266—    
1953296+11.3%
1961336+13.5%
1971286−14.9%
1981196−31.5%
ГодинаНас.±%
1991111−43.4%
1994127+14.4%
200260−52.8%
202123−61.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Петришино имало 135 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петришино имало 156 жители, од кои 144 Македонци и 12 Роми.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 60 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 34, а бројот на живеалишта 101.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, од кои 22 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 135 156 266 296 336 286 196 111 127 60 23
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]


Родови

Петршино е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Субашинци (2 к.), Лангоровци (2 к.) и Јовановци (3 к.)
  • Доселеници: Лулевци (7 к.) доселени се во XVIII век од селото Сопот во Овче Поле; Балдазарци (6 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од селото Арбасанци во Овче Поле; Перуштечовци (14 к.) доселени се од соседното село Дренак Шоповци (5 к.) доселени се однекаде во XVIII век; Станојовци (5 к.) и Петковци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Луке кај Крива Паланка; Павловци (3 к.) доселени се во 1913 година од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка; Домазетовци (2 к.) доселени се од селото Црцорија кај Крива Паланка.[16]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Петришино, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Петришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1542 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

Реки
  • Киселицва — река во близина на селото, која се излеала во текот на 2015 година.[19]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Закон за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија“. Министерство за локална самоуправа на Македонија. Собрание на Македонија. 16 септември 2014. Посетено на 16 септември 2014.
  3. „Седум села никнаа во Македонија“. Дневник. МПМ Македонија. 16 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 септември 2014.
  4. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 232–233.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 870.
  6. Населени места во Општина Пробиштип — Петришино, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „ФОТО: Пола Македонија под вода“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 24 јануари 2015. Посетено на 28 јануари 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!