Роми — народ од индоеврoпско потекло. Тие се раселени насекаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивниот број е околу 12.000.000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Турција (5.000.000), Романија (1.500.000), Шпанија (1.500.000), Унгарија (1.000.000), Бугарија (700.000), а ги има низ сите европски држави и во Америка. Ромите говорат на ромски јазик.
Потекло
За потеклото на Ромите постојат повеќе теории од кои се вели дека се потомци на стариот народ Дравиди (кој живеел во Пенџаб пред нивното доаѓање во Европа) било во 10 век.
Антрополошки одлики
Развојот на Ромите е многу слаб и тие се еден од најнееманципираните, најнеитегрираните и најнеразвиените народи во светот. Обично ромските населби и живеалишта се наоѓаат во руинирана состојба и поради тоа Ромите имаат најкраток животен век од сите европски народи. Поради нивната огромна сиромаштија често владеат и предрасуди врзани за нив. Истовремено, Ромите се најмирољубивиот народ во светот и никогаш против никого не кренале пушка односно никогаш не војувале, биле лојални граѓани на земјата во која што живеат и се бореле во сите војни против непријателот од било која земја да доаѓаат.
Во денешно време Ромите главно се интегрирани во општеството со останатите народи. Има Роми коишто се министри во влада, пратеници во некои европски и светски земји, но најголемиот напредок на Ромите во последните години е во делот на образованието на коишто има студенти во многу факултети низ сите европски земји.
Култура
Интересно како податок за нив е да се спомене дека Ромите се „урбано“ население. Во Република Македонија, 96% од вкупното ромско население живее во градовите. Притоа, тие обично сакаат да бидат сместени односно нивните живеалишта да бидат најблиску до центарот на градот во коишто живеат.
Ромите како тема во уметноста и во популарната култура
Исламизацијата на Ромите на Балканот се случила за време на Османлиското владеење. Според пописот од 1523 година, на Балканот живееле 66.000 Роми, од кои 47.000 биле христијани.[52]
Наводи
↑„Rom“. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 2010-09-15. According to Encyclopaedia Britannica, estimates of the total world Romani population range from two million to five million.
↑„Online version“. Посетено на 2010-09-15. Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Ian Hancock's 1987 estimate for "all Gypsies in the world" was 6 to 11 million.
↑The Special Secretariat for the Promotion of Racial Equality estimates the number of "ciganos" (Romanis) in Brazil at 800,000 (2011). The 2010 IBGE Brazilian National Census encountered gypsy camps in 291 of Brazil's 5,565 municipalities.„Falta de políticas públicas para ciganos é desafio para o governo“. R7. 2011. Посетено на 2012-01-22.
↑„The Situation of Roma in Spain“(PDF). Open Society Institute. 2002. Архивирано(PDF) од изворникот 2007-12-01. Посетено на 2010-09-15. The Spanish government estimates the number of Gitanos at a maximum of 650,000.
↑ 23,023,123,2Gall, Timothy L. (ed). Worldmark Encyclopedia of Culture & Daily Life: Vol. 4 - Europe. Cleveland, OH: Eastword Publications Development (1998); pp. 316, 318 : "Religion: An underlay of Hinduism with an overlay of either Christianity or Islam (host country religion) "; "Roma religious beliefs are rooted in Hinduism. Roma believe in a universal balance, called kuntari... Despite a 1,000-year separation from India, Roma still practice 'shaktism', the worship of a god through his female consort... "
↑Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 34.
↑Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 50.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 197-198.
↑Петровски, Трајко (1993). „Ромите во Крива Паланка и околината“. Етнолог. Здружение на етнолозите на Република Македонија - Музеј на Македонија (3): 167.