Според кажувањата и верувањата на мештаните името на селото Кундино потекнува од отоманско време и од турскиот јазик со значење „место за одмор“, „одморалиште“ крај пат, односно место каде застанувале патниците да одморат на патот кога патувале од Кратово кон Пробиштип.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 710 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 4 километри.[3]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 275 хектари, на шумите отпаѓаат 260 хектари, а на пасиштата 167 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]
Селото Кундино отсекогаш во целост е населено само со Македонци од православна вероисповед, при што поголемиот дел се доселенички родови.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелски родови: Кимовци и Бошковци, а старинци биле и Павловци и Маринковци кои изумреле без потомци во селото.
Доселенички родови: Ѓурчиновци, чии предци се доселиле како чифчии во втората половина на XVIII век од селото Безиково во Кочанско; Трајановски водат потекло од лице доселено од селото Трооло во почетокот на XIX век, како домазет во староседелскиот род Кимовци; Кацарци дошле во првата половина на XIX век од селото Горно Кратово како момоци на турски беглик; Стојковци се доселиле во средината на XIX век од соседното село Пробиштип како чифчии; во втората половина на XIX век како чифчии се доселиле родовите Јованчевци од селото Гризилевци, Јуруци од селото Добрево, Вучевци од селото Лесново, Додеви-Дедо Симонови од селото Шлегово.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Кундино, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1557 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]
↑Според кажување на Димитрие Игнатов - Мите (65 г.) од с. Кундино. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 31.03.2019 во село Кундино
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 87.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 ноември 2022.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.