Православните христијани се крстат со три прсти по три и тоа во името на Отецот (челото), Синот (под стомакот) и Светиот Дух (десната и левата страна на градите), амин.
Дел од православните христијани ги почитуваат и слават верските празници според јулијанскиот календар, односно 14 дена поназад од католиците. Вселенската патријаршија, Александриската патријаршија, Антиохијската патријаршија, Романската патријаршија, Бугарската патријаршија, и црквите во Грција, Албанија, Чешките и Словачките Земји, Полска, и Северна Америка го почитуваат Реформираниот Јулијански Календар, додека црквите во Ерусалим, Русија (вклучувајќи ги и Украина и Белорусија), Србија, Македонија и Грузија слават по Стариот Јулијански Календар.