Неокази

Неокази

Поглед на селото Неокази

Неокази во рамките на Македонија
Неокази
Местоположба на Неокази во Македонија
Неокази на карта

Карта

Координати 41°57′40″N 22°11′31″E / 41.96111° СГШ; 22.19194° ИГД / 41.96111; 22.19194
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 56 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21022
Надм. вис. 450 м
Неокази на општинската карта

Атарот на Неокази во рамките на општината
Неокази на Ризницата

Неокази — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

Неокази се наоѓа југоистично од Пробиштип, на оддалеченост од 4 км од градот, на десната страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 450 м. Селскиот атар не е голем и зафаќа површина од 5,8 км2.[2]

Историја

Во XIX век, Неокази се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Стопанство

Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од 546 ха, од кои 306 ха се обработливо земјиште, 234 ха се пасишта и 6 ха шуми.[4]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948188—    
1953192+2.1%
1961192+0.0%
1971169−12.0%
1981137−18.9%
ГодинаНас.±%
1991111−19.0%
1994109−1.8%
200295−12.8%
202156−41.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Неокази имало 70 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Неокази имало 80 жители Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 95 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 36, а бројот на живеалишта 60.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 51 Македонец, 1 Србин и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 80 188 192 192 169 137 111 109 95 56
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Родови

Неокази е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Басаци (4 к.), Нешовци (4 к.) и Илиовци (4 к.)
  • Доселеници: Бутачовци (5 к.) доселени се од селото Петршино; Џалевци (6 к.) доселени се од селото Трогерци; Балванци (3 к.) доселени се од Балван кај Штип; Лазаровци (5 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Плешенци; Гавриловци (4 к.) доселени се од селото Петршино; Јосифовци (4 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.[14]

Самоуправа и политика

Патот кој води од Петршино до Неокази со куќи на влезот од селото

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Неокази, се наоѓале и селата Горни Стубул, Гризилевци, Добрево, Долни Стубул, Дренак, Калниште, Кундино, Маријино, Петрушино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1543 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

Споменици

Личности

Родени во Неокази

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 206.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 383.
  4. Населени места во Општина Пробиштип — Неокази, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 ноември 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!