Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година — статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември2021 година.[2]
Спроведување на пописот
Пописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3]
Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку мрежното место на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји.
Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските одлики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5]
Резултати
Население по општини
Население и промена на населението во Македонија по општини
Во однос на старосната структура, општини со најголем процент на младо население (0-14 год.) биле: Студеничани (29.76%), Арачиново (27.16%) и Шуто Оризари (26.24%), додека општини со најмал процент на младо население биле: Демир Хисар (10.83%), Кратово (10.18%) и Ново Село (9.72%).
Старото население (над 65 години) процентуално било најмногу застапено во: Ново Село (28.86%), Дебарца (27.29%) и Чешиново-Облешево (24.97%). 51 жител на Македонија имале 100 и повеќе години.
Меѓупописни промени на населението во Македонија за 2002 и 2021 година
Белешки
↑Податоците се дадени според територијалната организација на Република Македонија од 2004 година. Податокот за Општина Кичево се однесува на вкупното население заедно со општините: Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј кои во 2013 година биле припоени кон Општина Кичево.