Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Пробиштип, неколку километри оддалечена од градот Пробиштип, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри.[2]
До селото се стигнува преку градот Пробиштип, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Историја
Во октомври 1910 година селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. Неколку лица се убиени и ранети од властите.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 5,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 252 хектари, на шумите отпаѓаат 159 хектари, а на пасиштата 147 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото во 1961 година било средно по големина, со 365 жители, а во 1994 година преминало во мало село по големина, со 38 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марчино живееле 26 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Марчино, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Добрево, во која влегувале селата Добрево, Дреново и Марчино.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1555 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[12]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 192.
↑Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.