Селото се наоѓа во најјужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Историја
Подрачјето на Гајранци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Калиште во неговата околина.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 526,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251,1 хектар, а на шумите само 5,8 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, со намалување на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Гајранци живееле 36 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Чакаревци (8 к.), доселени се во втората половина на XVIII век од Прилепско; Даневци (9 к.), доселени се кон крајот на XVIII век од селото Пиперево; Здравевци-Петрушевци (5 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Крњевци во Овче Поле, тоа село било раселено во предвоена Југославија; Кантарџијци (5 к.), од кои три семејства водат потекло од домазети кои дошле од Лезово (две) и од Шлегово кај Кратово.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гајранци, се наоѓале и селата Бучиште, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 65.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 ноември 2022.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.