Кочани

Кочани
Град
Панорама на Кочани
Панорама на Кочани
Карта
Местоположба на Кочани во Македонија
Кочани is located in Македонија
Кочани
Кочани
Местоположба на Кочани во Македонија
Координати: 41°55′00″N 22°25′00″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667
ДржаваРепублика Македонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Кочани
Надм. вис.&01010101010101010101010101010169999999350−420 м
Население (2021)
 • Вкупно24,632
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.KO
Мреж. местоwww.kocani.gov.mk (мрежно место на Општина Кочани)

Кочаниград во источниот дел на Република Македонија со 24.632 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.

Географија

Местоположба

Кочани во рамките на Општина Кочани.
Дел од Кочанската Котлина со поглед на Кочани на зајдисонце.

Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски Рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско Поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини, а 8 км јужно од Кочани плодното Кочанско Поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатото зимско туристичко средиште Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км. Градот Кочани се наоѓа на 120 км оддалеченост од главниот град Скопје.

Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич.

Сообраќајна поврзаност

Железничка станица Кочани.

Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која тргнува од Охрид, и преку Битола, Прилеп и Велес (70 км) се поврзува со Штип (30 км), а преку неа излегува на автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија), односно со оваа сообраќајница Кочани е поврзан со Централна и Западна Македонија. На исток овој патен правец продолжува кон Македонска Каменица (30 км), Делчево (55 км) и граничниот премин со Република Бугарија (65 км), односно Благоевград. На југоисток, кон Виница (10 км) води квалитетен пат чија траса продолжува кон Берово (60 км) На север, кон Осогово, од Кочани водат три патни правци; едниот по долината на Кочанска Река, до вештачкото езеро Гратче (6 км), а потоа по планински пат преку Јастребник до месноста Лопен; вториот преку селото Бели води до Пониква и понатаму по земјен пат до истата месност, од каде двата патни правца продолжуваат до Крива Паланка; третиот правец води преку Припор и Речани до подножјето на Царев Врв. На северозапад Кочани е поврзан со Пробиштип (36 км) и Кратово (48 км).

Исто така, во 1926 година, до Кочани е изградена железничка пруга која го поврзува со Штип, Велес и Скопје.

Во близина на врвот Пониква на Осогово, како проширување на самиот асфалтен пат, во средината на 70-те години е изградена и полетно-слетна патека во должина од околу 1.200 метри, чија првична намена била планирана за воени цели.

Населби и маала

Средиштето на Кочани.
Поглед на поновиот западен дел на Кочани, населбата Текешински Лозја.

Градот Кочани е поделено на повеќе населби и маала, кои освен по името, меѓусебно се разликуваат по својата местоположба, старост и урбанизиран развој. Меѓу населението познати се со следниве имиња:

  • 14. Бригада
  • Доклевец[1]
  • Бавчалук
  • Бејрут
  • Белско Маало
  • Филтер
  • Калиманова Глава
  • Крушарско Маало[2]
  • Недопирливите
  • Сиви Дом
  • Стришани
  • Текешински Лозја
  • Турско Маало
  • Усова Чешма
  • Циганско Маало
  • Драчевик
  • Трајаново Трло

Клима

Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5о С, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4о С. Се јавуваат крајно високи и ниски температури. Така на 22 август 1952 година, е забележана температура од 56,5 Целзиусови степени, а на 26 јануари 1963 година, живата во топломерот се спуштила на - 35,6 оС.[3]

Природни ресурси

Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во него досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни, а водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С.

Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.[4]

Легенда за потеклото на името

Фонтана во Кочани која го симболизира оризот

Многу одамна, на печалба во Кина бил еден човек по име Кочо. Работел што работел, по долги години решил да се врати во родниот крај. Бидејќи во Кина оризот бил основна храна, на заминување решил со себе да понесе и ориз со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее во неговиот крај. Со себе понел мала количина од ова бело злато со цел лесно и без проблеми да го пренесе од царство во царство. При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каков било облик. Сепак, Кочо не сакал да се откаже од намерата да го внесе оризот. Се мислел и на крајот се сетил. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат, а потоа ги заклал. По влегувањето ги очистил и од нив го извадил оризот. Така Кочо го пренел оризот од Кина, започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај, а според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани.[5]

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ издадена во 1896 година, запишал едно друго предание и легенда за настанокот и потеклото на името на градот Кочани. Имено, градот Кочани некогаш бил погоре по реката на местото на село Гратче, а местото на сегашното Кочани било блато и по него паселе цели стада свињи.[6] Тука биле „кочините“ (места во кои ги затвораат свињите) на граѓаните од кое што и новооснованиот град бил наречен Кочани.[6] Во некој бој, жителите на градот биле исклани и се пролеала толку крв што од неа се образувала бразда во која се удавил еден јунец.[6] После битката, градот бил преместен кај кочините и бил наречен Кочани.[6]

Историја

Антика

Како и за други населби во Македонија, и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, античка и средновековна римска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на наоѓалиштето Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе наоѓалишта од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на наоѓалиштата Текешински Лозја, Барутница и Алењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на наоѓалиштето Лукобија каде е откриена некропола од римскиот период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.

Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната станица Транупара, која според Појтингерова табла (Tabula Peutingeriana - карта на Римската Империја и пошироко од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо.

Среден век

Западната кула, градена во втората половина на XVII век, а имала станбено-одбранбена функција.
Источната кула.

За првпат во пишан документ, Кочани (изворно: Кочъни) e спомеnato во 1377 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделил црквата „Св. Димитрија“ на градот. Ако се искористат податоците што ги нуди грамотата на Јован Оливер, може да се утврди дека Кочани, како населба под тоа име, постоело многу порано од 1337 година бидејќи тој не ја подигнал црквата. Таа постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер, овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под бласта на Османлиите.

Според пишувањата на османлискиот патописец Евлија Челебија, на пописот од 1519 година, Кочани било село со едно муслиманско и 54 христијански семејства и 12 неженети христијани.[7] Состојбата воглавно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 година е забележано дека сè уште преовладувало христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско.[8] Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акчиња (османлиска валута од тоа време).[9] Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 година, Кочани брои 600 куќи, покриени со трска и ќерамиди и мала чаршија, составена од 15 дуќани. Имало една џамија, месџит, мала управна зграда (уќумат)...Во касабата повеќе живеело христијанско население, а муслимански куќи, имало само десет. Куќите на познатите браќа Ќазим-бег и Мехмед-бег биле вистински дворци кои служеле како конаци за патниците.[10] Во тој период во Кочани живееле околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример. Од овој период потекнуваат и двете, постојни, средновековни кули во градот, од кои едната е обновена и во неа се наоѓа мала музејска збирка. Според едно предание од 1870 година, Кочани и неговата околина се зафатени од чума. По оваа епидемија, населението во градот двојно се намалил, па во градот останале само 300 куќи. Во тоа време, од страна на османлиските власти биле колонизирани поголем број муслимански семејства од Мала Азија. Новодојдените жители од Ориентот главно го населиле средниот дел од градот, во којшто претходно имало изградено џамија, додека македонското христијанско население живеело во јужниот дел од населбата. Во почетокот на 19 век во градот се забележува извесен напредок во поглед на просветата и културата. Затоа, многу рано, уште во 1816 година во Кочани се споменува училиште во кое учителствувал јеромонахот Антоние.[10]

Кон крајот на XIX век, поточно во 1878 година, во градот се доселиле маџири (доселеници) од Русија и Бугарија и Власи од Крушево. Овие доселеници образувале свои маала, Маџир Маало кое се простирало североисточно од месноста наречена „Лукобија“, како и Влашко Маало, кое во тоа време имало 35 куќи.[10]

XX век

Кочани во 1903 година.
Кочани во 1942 година.

Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната Општина Кочани, која се наоѓала во состав на Кралството СХС. Така, на изборите за тогашното Уставотворно собрание што биле одржани на 28 ноември 1920 година, е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска Околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 година, бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 година на 1.387 лица.

Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 година во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 година нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.[3]

Статистичките податоци од 1965 година, говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општинско и регионално средиште со околу 30.000 жители.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочани живееле 5.950 жители, од кои 2.800 Македонци, 2.600 Турци и 360 Роми, 150 Власи и 40 Албанци.[11]

Во првиот организиран попис на ФНР Југославија од 1948 година, во Кочанскиот Срез имало 41.298 жители, од кои 6.657 во градот Кочани, 2.568 во Виница, а 32.073 во селата (Кочанско Поле, Осоговија). Од етнички аспект, населението го сочинувале 33.171 (80,3 %) Македонци, 6.053 (14,6 %) Турци, 680 (1.64 %) Роми, 117 Срби и 1.277 останати.[12]

Според Пописот на населението од 2002 година, во градот имало 28.330 жители и спаѓал во групата на средни градови.[13]

Според пописот на населението од 2021 година регистрирано е опаѓање за околу 13 отсто на бројот во однос на претходните официјални податоци, односно Кочани има 24.632 жители.[14]

Приградската населба Оризари, која во службените пописи се води како посебно населено место, веќе е споена со градот и заедно со неа, Кочани има 27.369 жители.[15]

База на податоци МакСтат
Македонци
  
82,12 %
Роми
  
7,68 %
Турци
  
0,56 %
Власи
  
0,68 %
други
  
0,47 %
Срби
  
0,14 %
Бошњаци
  
0,04 %

Следува табела на народносната структура на населението (без Оризари)[16]

Народност Вкупно
Македонци 20 229
Турци 138
Роми 1 892
Албанци 12
Власи 169
Срби 36
Бошњаци 11
Други 116
Не се изјасниле или непознато 2
Податоци преземени од административни извори 2 027
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[14]:

Јазици[14]
македонски
  
91,18 %
турски
  
5,25 %
ромски
  
2,67 %
влашки
  
0,51 %
српски
  
0,19 %
други
  
0,19 %
албански
  
0,004 %
бошњачки
  
0,004 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 25.832 91,18
албански 1 0,004
турски 1.487 5,25
ромски 757 2,67
влашки 145 0,51
српски 54 0,19
бошњачки 1 0,004
други 53 0,19
Вероисповед

Во Кочани се застапени следните религиски групи[14]:

Религија[14]
Православие
  
89,83 %
Ислам
  
8,02 %
други
  
1,97 %
Протестантство
  
0,11 %
Католицизам
  
0,07 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 25.448 85,83
Муслимани 2.272 8,02
Католици 21 0,07
Протестанти 31 0,11
други 558 1,97

Низ годините, ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кочани:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19486.657—    
19538.034+20.7%
196111.011+37.1%
197117.257+56.7%
198123.378+35.5%
ГодинаНас.±%
199127.236+16.5%
199426.364−3.2%
200228.330+7.5%
202124.632−13.1%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 6.657
1953 6.266 11 695 754 58 126 124 8.034
1961 9.412 3 832 104 660 11.011
1971 15.325 11 1.023 637 72 189 17.257
1981 20.859 1 517 1.144 105 82 670 23.378
1991 24.573 1 787 1.366 128 68 313 27.236
1994 24.393 0 526 1.088 177 73 107 26.364
2002 25.730 0 315 1.951 193 63 1 77 28.330
2021 20.229 12 138 1.892 169 36 11 118 2.027 24.632

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од службените пописи во соодветните години

Населението во Кочани зборува на штипско-кочанскиот дијалект, како дел од источната група на источното и јужното наречје на македонските дијалекти.

Стопанство

Книгата „Кочанскиот ориз(Стиснете на сликата за да ја отворите и читате во целост).

Според податоците од Државниот завод за статистика во 2007 година во Кочани имало вкупно 4.859 поединечни земјоделски стопанства со вкупна расположлива површина на земјиштето од 6.137 ха. Од оваа површина под жито засеани биле 3.086 ха, под зеленчук 451 ха, под фуражни култури 177 и под индустриски култури 29 ха.[17]. Уште од дамнешни времиња, Кочани и Кочанско се надалеку познати во Македонија и на Балканот како област - најголем производител на ориз.

Во 2008 година пак, имало 558 трговски објекти на мало и 77 угостителски објекти.[18][19]. Познати индустриски капацитети во Кочани се: фабриката за делови во автоиндустријата „Руен“, печатницата „Европа-92“ и од поново време странските инвестиции „Амфенол“, „Антура“ и „Геерлофс“.

Образование

Гимназијата „Љупчо Сантов“.

Основното образование во Кочани е изведувано во четири основни училишта: „Никола Карев“, „Св. Кирил и Методиј“, „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“) и едно во населбата Оризари („Крсте Петков Мисирков“). Средното образование е застапено во двете средни училишта: гимназијата „Љупчо Сантов“ (каде има и економски паралелки), електро-машинското училиште „Ѓошо Викентиев“. Од 1956 година, работи и основното музичко училиште „Ристо Јуруков“.

Од јуни 1941 година во Кочани работи и библиотеката “Искра“, што ги опслужува граѓаните од општината и регионот.

Култура

Традиционална жетва на ориз за време на манифестацијата „Денови на оризот“.

Кочани е домаќин на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), културна манифестација од национален карактер што е одржувана еднаш годишно, во последната седмица на мај, и на која настапуваат најдобрите аматерски драмски ансамбли од Македонија. Исто така, значајна е културната манифестација „Денови на оризот“, посветени на кочанското „бело злато“, исполнета со низа свечености и празнувања на почетокот на жетвата на оризот во кочанскиот регион, како и манифестацијата „Петровденски конаци“,[20] поврзана со одбележувањето на празникот на градот - Петровден.

Книжевниот клуб „Копнеж“, што работи во рамките на Библиотеката „Искра“, е носител на две културни манифестации: Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ (од национален карактер) и Месец на книгата.

Спорт

Во Кочани постојат, или постоеле, следните спортски екипи:

  • Борење и други боречки спортови
    • БК Спартак
    • Каратеклуб Кочани
    • Каратеклуб Партизан
    • Каратеклуб Ипон
    • Џудоклуб Гладијатор
    • Клуб за реален аикидо Нико
  • Останато
    • Тениски клуб Акватен
    • Пингпонгарски клуб Кочани
    • Клуб за гимнастички спортови Партизан
    • Велосипедски клуб Електрика
    • Клуб за планински велосипедизам Поскок
    • Планинарски спортски клуб Осогово
    • Клуб за планинарски спортови Москито
    • Спортско риболовно здружение Кочански рибар
    • Шаховски клуб Кочани

Природни и културни знаменитости

Верски градби

Црквата „Св. вмч. Георгиј“.

Во Кочани има повеќе верски градби:[24]

Археолошки наоѓалишта

Ова е табела на археолошките наоѓалишта во Кочани, подредени по азбучен ред:[27]

Наоѓалиште Вид Период
Алењак некропола железно време
Бавчалак некропола доцен среден век
Барутница населба римско време
Влашки Ливади - Влашки Бунар населба доцен среден век
Горица населба железно и римско време
Гропче некропола среден век
Кругот На Касарните некропола римско време
Раечки Рид населба доцноантичко време
Стари Лозја - Лукобија некропола римско време
Текешински Лозја некропола железно време
Трештена Скала осамен наод бронзено време
Цигански Рид некропола среден век
Црница некропола римско време
Шилести Рид градиште и некропола доцноантичко време

Збратимени градови

Во изминатите години Кочани, поточно Општина Кочани, е збратимен со следните градови:

Личности

Фотогалерија

Поврзано

Наводи

  1. Александра (7 јануари 2016). „Ѓорѓи Коцев“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-22. Посетено на 22 септември 2023.
  2. Александра (20 ноември 2012). „Крушарско маало - 1981“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2020-08-15. Посетено на 22 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 Кочани - монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003 г.
  4. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-10-15. Посетено на 2009-10-27.
  5. Публикација „Оризопроизводството низ фотографии“, Национална установа Центар за култура “Бели мугри“ - Кочани, октомври 2009
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625
  7. (Tapu defteri 169, 170)
  8. (Tapu defteri 85, 446-447)
  9. (Tapu defteri 437)
  10. 10,0 10,1 10,2 Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.37
  11. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900, стр. 225.
  12. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  13. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 „База на податоци МакСтат“. Државен завод за статистика. 2021. Посетено на 21 декември 2023.
  15. „База на податоци МакСтат“. Државен завод за статистика. 2021. Посетено на 21 декември 2023.
  16. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  17. Попис на земјоделството, 2007 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  18. Попис на продажните капацитети во трговијата на мало, 2008 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  19. Попис на капацитети во угостителството, 2008 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  20. Започна манифестацијата “Петровденски конаци“ Архивирано на 20 август 2011 г., www.kocani.gov.mk
  21. Александра (7 јануари 2016). „ФК "Напредок" - 1957 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-22. Посетено на 22 септември 2023.
  22. Александра (16 јануари 2016). „ФК "Стришани" - 70-ти год“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-22. Посетено на 22 септември 2023.
  23. Александра (29 ноември 2015). „ФК "Бирлик" - 70-ти год“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-22. Посетено на 22 септември 2023.
  24. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  25. ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – МАЛА БОГОРОДИЦА ВО ФАБРИКАТА "ЛЕДЕР" ВО КОЧАНИ. Архивирано од изворникот на 2016-11-20. Посетено на 2016-11-18.
  26. „Освет на камен теменик во Кочански Дол - Кочани“. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 2022-01-20.
  27. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 175-177. ISBN 9989-649-28-6.
  28. Andrej Vasilev - Einziger Eishockeyspieler mit mazedonischen Pass in Europa
  29. Vasilev, Andrej

Надворешни врски

Одредници од Кочани
Злетово, Пробиштип, Кратово, Куманово, Скопје Гратче, Пониква, Царев Врв, Руен, Крива Паланка
 
Македонска Каменица, Цера, Саса
Облешево, Свети Николе, Велес
С
З И
Ј
Истибања, Калиманци, Делчево
Штип, Неготино Зрновци, Мородвис, Плачковица, Радовиш, Струмица
 
Виница, Берово

Read other articles:

14. Влада Републике СрпскеДатум оснивања12. март 2013.Претходне администрацијеВлада Александра ЏомбићаРасформирано18. децембар 2014.Замењена са администрацијомДруга влада Жељке ЦвијановићТипрепубличка владаСедиштеБања ЛукаРепублика СрпскаПредсједник владеЖељка Цвијано...

 

Experimental jet aircraft He 280 Heinkel He-280 illustration Role FighterType of aircraft Manufacturer Heinkel Designer Robert Lusser First flight 22 September 1940 Status Cancelled Produced 1940–1943 Number built 9 The Heinkel He 280 was an early turbojet-powered fighter aircraft designed and produced by the German aircraft manufacturer Heinkel. It was the first jet fighter to fly in the world. The He 280 harnessed the progress made by Hans von Ohain's novel gas turbine propulsion and by E...

 

Film Titel Wickie und die starken Männer Produktionsland Deutschland Originalsprache Deutsch Erscheinungsjahr 2009 Länge 87 Minuten Altersfreigabe FSK 0[1] JMK 0[2] Stab Regie Michael Herbig Drehbuch Michael Herbig,Alfons Biedermann Produktion Christian Becker Musik Ralf Wengenmayr (mit Motiven von Karel Svoboda) Kamera Gerhard Schirlo Schnitt Alexander Dittner Besetzung Jonas Hämmerle: Wickie Waldemar Kobus: Halvar Nic Romm: Tjure Christian Koch: Snorre Olaf Krätke: ...

Football league in Ireland Football leagueKerry District LeagueFounded1971Country IrelandConfederationMunster Football Association[1]DivisionsPremier APremier BDivision 1Division 2Division 3Division 4Youth LeagueU17 LeagueLadies LeagueNew Yorkers Over 35Number of teams76 (2015–16)[2]Level on pyramid7–12Domestic cup(s)MFA Champions TrophyFAI Junior CupMunster Junior CupLeague cup(s)Greyhound Bar KO CupCurrent championsKillarney CelticMost championshipsTralee DynamosWebsitew...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (يونيو 2020) اضغط هنا للاطلاع على كيفية قراءة التصنيف حجرية البذر عريضة الورق   المرتبة التصنيفية نوع  التصنيف العلمي  فوق النطاق  حيويات مملكة عليا  حقيقيات...

 

1934 American football championship game 1934 NFL Championship Game Chicago Bears (Western)(13–0) New York Giants (Eastern)(8–5) 13 30 Head coach:George Halas Head coach:Steve Owen 1234 Total CHI 01030 13 NYG 30027 30 DateDecember 9, 1934StadiumPolo Grounds, New York CityAttendance35,059 [1]Hall of FamersBears: George Halas (owner/coach), Red Grange, Bill Hewitt, Walt Kiesling, William R. Lyman, George Musso, Bronko Nagurski Giants: Tim Mara (owner/founder), Steve Owen (coach), Re...

Soviet and Russian actress Nonna MordyukovaNonna Mordyukova as Ulyana Gromova in The Young Guard (1948)BornNoyabrina Mordyukova(1925-11-25)25 November 1925Kostiantynivka, Donetsk Oblast, Soviet UnionDied6 July 2008(2008-07-06) (aged 82)Moscow, RussiaOccupationActressYears active1948–1999SpouseVyacheslav Tikhonov (divorced) Noyabrina Viktorovna Mordyukova (Russian: Но́нна (Ноябри́на) Ви́кторовна Мордюко́ва; 25 November 1925 – 6 July 2008) was a...

 

2019 single by Hooligan HefsNo EffectSingle by Hooligan HefsReleased21 May 2019GenreGutter rap[1]Length3:20Label Hooligan Hefs (independent) The Area Movement Songwriter(s)Simionela SilapaProducer(s) Open Till L8 Mntymvdemusik Hooligan Hefs singles chronology The Party (2019) No Effect (2019) Party Effect (2019) Music videoNo Effect on YouTube No Effect is a song by Australian hip-hop artist Hooligan Hefs, released independently on 21 May 2019 through Hooligan Hefs and The Area Moveme...

 

Elected official in England Thames Valley Police and Crime CommissionerIncumbentMatthew Barbersince 13 May 2021Police and crime commissioner of Thames Valley PoliceReports toThames Valley Police and Crime PanelAppointerElectorate of Berkshire, Buckinghamshire and OxfordshireTerm lengthFour yearsConstituting instrumentPolice Reform and Social Responsibility Act 2011PrecursorThames Valley Police AuthorityInaugural holderAnthony StansfeldFormation22 November 2012DeputyDeputy Police and Crim...

Eghtesad Novin Bankبانک اقتصاد نوین Bank Eqtesad IranTypePrivateTraded asTSE: NOVN1ISIN: IRO1NOVN0005IndustryFinancial servicesFoundedTehran, Iran, 2001HeadquartersTehran, IranKey peopleAlireza Balgouri(CEO)ProductsRetail bankingTransaction accountsInsurancestock brokerageInvestment bankAsset-based lendingConsumer financeTradeInternational paymentsForeign exchangeNumber of employees3,376 (Full-time equivalent, 2020)Websitehttp://enbank.ir/ EN Bank, also known as Eghtesad Novin B...

 

2000 studio album by Armand van HeldenKilling PuritansStudio album by Armand van HeldenReleasedJune 26, 2000Length1:13:41 (73:41)LabelArmed RecordsArmand van Helden chronology Armand Van Helden's Nervous Tracks(1999) Killing Puritans(2000) Gandhi Khan(2002) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllMusic[1]NME[2] Killing Puritans is the fourth studio album by Armand van Helden released in 2000. It was released as CD and as quadruple vinyl. Controversy The album's...

 

Defunct provincial electoral district in Alberta, Canada For the article on Edmonton's Mill Creek and Mill Creek Ravine, see Mill Creek Ravine. Edmonton-Mill Creek Alberta electoral district2010 boundariesDefunct provincial electoral districtLegislatureLegislative Assembly of AlbertaDistrict created1996District abolished2019First contested1997Last contested2015 Edmonton Mill Creek was a provincial electoral district in Alberta, Canada, mandated to return a single member to the Legislative Ass...

For Queen Elisabeth of Romania, wife of Carol I, see Elisabeth of Wied. Queen consort of the Hellenes Elisabeth of RomaniaQueen consort of the HellenesTenure27 September 1922 – 25 March 1924Born(1894-10-12)12 October 1894Peleş Castle, Sinaia, Kingdom of RomaniaDied14 November 1956(1956-11-14) (aged 62)Villa Rose Alba, Cannes, FranceBurialHedinger Church, Sigmaringen, Baden-Württemberg, GermanySpouse George II of Greece ​ ​(m. 1921; div. 1935...

 

Unprovoked attack by a samurai on a civilian Tsujigiri (辻斬り or 辻斬, literally crossroads killing) is a Japanese term for a practice when a samurai, after receiving a new katana or developing a new fighting style or weapon, tests its effectiveness by attacking a human opponent, usually a random defenseless passer-by, in many cases during nighttime.[1] The practitioners themselves are also referred to as tsujigiri.[1][2] Variations Sword attacks were not the onl...

 

Series of mainframe communication controllers manufactured by IBM This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: IBM 37xx – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (September 2012) (Learn how and when to remove this template message) IBM 37xx seriesIBM 3725 controllerManufacturerIBMRelease date1972;...

Vikings' River SplashVikings' River Splash stationLegoland WindsorAreaLand of the VikingsStatusClosedOpening date2007 (2007)Closing dateSeptember 25th 2023 General statisticsTypeRiver Rapids RideManufacturerABC RidesHeight restriction110 cm (3 ft 7 in)Virtual queue Reserve & Ride available Vikings' River Splash was a ride at Legoland Windsor.[1] It opened in 2007, later than expected because of construction delays. The ride was a river rapids ride which is a co...

 

Town in East London, England Not to be confused with Plaistow (UK Parliament constituency) or Plaistow, New Hampshire. For other places called Plaistow, see Plaistow. Human settlement in EnglandPlaistowPlaistow Underground stationGreengate Street, PlaistowPlaistowLocation within Greater LondonPopulation31,874 (2011 Census. Plaistow North and South Wards)OS grid referenceTQ405825London boroughNewhamCeremonial countyGreater LondonRegionLondonCountryEnglandSovereign ...

 

Parliamentary constituency in the United Kingdom, 1885–1918 HeywoodFormer County constituencyfor the House of Commons1885–1918SeatsoneCreated fromSouth East LancashireReplaced byHeywood and Radcliffe Heywood was a county constituency in the county of Lancashire of the House of Commons for the Parliament of the United Kingdom which existed between 1885 and 1918.[1] Created by the Redistribution of Seats Act 1885, it was represented by one Member of Parliament. The constituency was ...

Sports stadium in Minneapolis, Minnesota U.S. Bank StadiumThe ShipU.S. Bank Stadium in September 2021, with the skyline of Minneapolis reflected in the stadium windows.U.S. Bank StadiumLocation in MinnesotaShow map of MinnesotaU.S. Bank StadiumLocation in the United StatesShow map of the United StatesU.S. Bank StadiumU.S. Bank Stadium (North America)Show map of North AmericaAddress401 Chicago AvenueLocationMinneapolis, MinnesotaCoordinates44°58′26″N 93°15′29″W / 44.9...

 

Formula One Grand Prix held in India from 2011 to 2013 This article is about the Formula One event. For the motorcycle race, see Indian motorcycle Grand Prix. Indian Grand PrixBuddh International CircuitRace informationNumber of times held3First held2011Last held2013Most wins (drivers) Sebastian Vettel (3)Most wins (constructors) Red Bull Racing (3)Circuit length5.125 km (3.185 miles)Race length307.249 km (190.916 miles)Laps60Last race (2013)Pole position S. VettelRed Bull...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!