Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., коишто ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.
Потекло на поимот
Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.
Историја
Во почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникот Дујо“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците биле побарани од Дујо (Дуј), тој исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.[1]
Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).
Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).
На пописот од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија. Следува табела на националната структура на населението:[4]
Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2021:[5]
Години
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
543
1953
449
27
412
—
1
3
—
10
—
902
1961
1.047
39
24
—
—
5
—
14
—
1.129
1971
1.731
30
34
4
—
17
—
12
—
1.828
1981
2.154
75
19
17
1
14
—
12
—
2.283
1991
2.097
13
6
1
3
4
—
7
—
2.131
1994
2.336
9
4
—
2
1
—
95
—
2.447
2002
2.473
62
22
11
6
7
2
10
—
2.593
2021
2.281
39
1
16
9
5
0
11
69
2.431
Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.
Панорамски поглед на Демир Хисар, погледнат од ридот Градиште над селото Граиште
Администрација и политика
Избирачко место
Во градот постојат избирачките места бр. 623, 623/1 и 624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mkАрхивирано на 3 февруари 2020 г..