Мренога

Мренога

Поглед на селото Мренога

Мренога во рамките на Македонија
Мренога
Местоположба на Мренога во Македонија
Мренога на карта

Карта

Координати 41°15′24″N 21°6′27″E / 41.25667° СГШ; 21.10750° ИГД / 41.25667; 21.10750
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 55 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10021
Надм. вис. 760 м
Слава Спасовден[2]
Мренога на општинската карта

Атарот на Мренога во рамките на општината
Мренога на Ризницата

Мренога — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри.[3]

Мренога се наоѓа во средишниот дел на Општина Демир Хисар, во долината на Мренога се наоѓа на 19 км северозападно од градот Демир Хисар.

Мренога е сместена во долината на Боишка Река. Источно од селото се наоѓа ридот Илиница, западно од него Плакенска Планина, а на север од селото долината на Боишка Река се отвора за да направи пат да се влее во Црна Река. Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 19 километри.

Атарот на селото зафаќа простор од 14,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.184 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 183 хектари, а на пасиштата само 45 хектари.[3]

Историја

Во XIX век, Мренога било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство. Се наоѓало под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија. Селото се спомнува во спомените на Алексо Стефанов (војвода на ВМОРО), во контекст на борбите за време на Младотурската револуција од 1908. Исто така, се спомнува во спомените на Кирил Прличев, во примерите кои тој ги дава за ѕверствата врз месното население од страна на српската војска по окупацијата на Вардарска Македонија за време на Втората балканска војна (1913).

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

До 2004 година, Мренога било во составот на веќе непостоечката Општина Сопотница (се наоѓало во јужниот дел на оваа општина).

Стопанство

Во селото најзастапено е полјоделството и шумарството. Обработливото земјиште зафаќа 183 хектари, пасиштата зафаќаат 45 хектари, додека шумите доминираат со 1184 хектари. Најголем дел од селаните имаат ниви (вкупно 56). Во селото функционираат услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948544—    
1953493−9.4%
1961414−16.0%
1971360−13.0%
1981288−20.0%
ГодинаНас.±%
1991203−29.5%
1994185−8.9%
2002107−42.2%
202155−48.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мренога имало 380 жители, сите Македонци христијани.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мренога се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[6]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мренога имало 400 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Во текот на втората половина на XX век, од Мренога се иселил значителен број од населението, така што, населбата преминала од средно, во мало село. Во 1961 година селото имало 414 жители, а во 1994 година 185 жители, македонско население.[9] Според последниот попис во 2002 година, бројот на жители во Мренога е 107. Половата дистрибуција е 51 мажи и 56 жени. Бројот на домаќинства е 44, а бројот на станови 71, што укажува на голем број на напуштени куќи.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, од кои 105 Македонци и 2 други.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 53 Македонци и 2 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 400 544 493 414 360 288 203 185 107 55
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Мренога е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Пајковци (4 к.); Дуковци (1 к.); Радевци (9 к.); Ѓуровци (1 к.); Недановци (2 к.); Станојовци (1 к.); Андревци (1 к.); Богојовци со Кузмановци и Станковци (7 к.); Момировци (2 к.); Лозановци (2 к.); Руменовци (1 к.); Зеловци (3 к.); Николовци (2 к.); Мирчевци (1 к.); Јаневци (2 к.); Поповци и Рачковци (14 к.); Давидевци (3 к.); Секуловци (1 к.); Симоновци (3 к.); Толевци (3 к.); Димовци (2 к.); Маслинковци (2 к.); Шеклевци и Биљановци (5 к.); Јанкуловци (1 к.); Вавалковци со Цветановци (1 к.); и Пејовци (9 к.)
  • Доселеници: Чамовци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Вирово; Мијаковци (2 к.) доселени се од мијачкото село Лазарополе. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 40 г. во 1952 година) Насте-Јоан-Стојко, кој се доселил.[16]

Општествени установи

  • Основно училиште до V одделение
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната Општина Жван, во која покрај селото Мренога, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слоештица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 652 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Реки

Личности

Иселеништво

Постари иселеници до 1952 година има во Србија (3 семејства), Бугарија (4 семејства), САД (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Канада (1 семејство).[16]

иселеништво продолжило и потоа и водело во Битола, Скопје, Демир Хисар, а надвор од Македонија посебно во Австралија.[27]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202-203. Посетено на 3 декември 2016.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Мренога на мрежното место на Општина Демир Хисар“. Архивирано од изворникот на 2020-06-09. Посетено на 2009-02-02.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 август 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  27. Димитров, Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!