Лазарополе

Лазарополе

Панорамски поглед на селото со средиштен поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Лазарополе во рамките на Македонија
Лазарополе
Местоположба на Лазарополе во Македонија
Лазарополе на карта

Карта

Координати 41°32′9″N 20°41′37″E / 41.53583° СГШ; 20.69361° ИГД / 41.53583; 20.69361
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Мијачија
Население 29 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07045
Надм. вис. 1350 м
Слава Илинден
Мреж. место Лазарополе
Лазарополе на општинската карта

Атарот на Лазарополе во рамките на општината
Лазарополе на Ризницата

Лазарополе (во месниот говор како: Лазорополе) — населено село во Општина Маврово и Ростуше, сместено во областа Мијачија.

Поголемиот дел од населението e раселено во други краишта на Македонија, но редовно ги одржува своите куќи, такашто во секој дел од годината, посебно во летните месеци е доста посетено и продолжува да живее.[2]

Потекло на името

Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка, каде ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село. Од неговото име Лазар кој излегол во полето и го основал новото село настанало името Лазарополе.[3]

Етимолошкото објаснување на името на селото има свои корени во старословенскиот јазик, во кој поимот лазор означува 'голем простор, оголен и истребен од шуми' какво што е впрочем и Лазарополе, па оттаму и на месниот мијачки говор, селото се нарекува и Лазорополе.[4]

Географија и местоположба

Ова село е доста специфично, бидејќи во почетокот на XX век броела над 3.000 жители. Сместено е во областа Мијачија, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на падините на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е планинско, сместено доста високо на 1.300 метри надморска височина.[2]

Селото се наоѓа на високо поле (над 1.300 метри), низ кое поминува Лазарополска Река, кога оттаму се пробива кон долината на Мала Река. Поради стрмниот дел од долината на Мала Река селото е целосно невидливо. Самата местоположба е многу поволна, а на краевите на полето се наоѓаат пештери. Селото се соочувало со недостиг на вода во текот на летниот период, поради слабиот капацитет на чешмите.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горни Ограѓе, Добрава, Соколица Мачкино, Главино Село, Палав Извор, Вртови, Великин Извор, Вртешка, Присој, Јодров Дол, Ком, Тубура, Лопушник, Коритник, Оштрилец, Бабин Трт, Утов Дол, Стража, Папраѓе, Браненица, Квачков Дол, Дрениче, Дукло, Бохче Дол, Ограѓе, Речишче и Цуцул.[3]

Селото има збиен тип и поседува улица, кои водат кон сретселото, каде некогаш се наоѓала самата општина, хан, дуќани, училиштето и црквата. Поделено е на повеќе маала.[3]

Селото е оддалечено 23,5 километри источно од градот Дебар, кој е најблизок град во околината, со кој селото е поврзано со асфалтен пат.

Лазарополе е второ по големина село во Mалореканскиот крај, чии села вообичаено се сметаат како типично мијачки населби. Селото е сместено на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта.[3] Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството,[2] поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал.

Со својата местоположба Лазарополе за свои непосредни соседи ги има селата: Росоки, Сушица, Галичник, Селце, Тресонче, Гари, Осој, Могорче, Ехлоец и Душегубица.

Панорамски поглед на Лазарополе, погледнато од поставениот крст над селото

Клима

Лазарополе има планинско-континентална клима (според Кепен: Dfb), со повремени средоземни влијанија. Таа се одликува со свежи пријатни лета и со благи не многу сурови зими. Засолнетатa локација е примамлива за сите годишни времиња. Во летните месеци температурата достигнува до 30 степени над нулата, а преку зима варира, ведрите ноќи можат да бидат многу студени, а преку ден покрај голема бела снежна покривка да се ужива на пријатниот сончев припек.

Годишната просечна температура во Лазарополе изнесува 7,2 °C. Како најтопол месец се смета август со просечна температура од 16,1 °C. Во јануари температурите се најниски и просечната температура во тој месец изнесува -1,8 °C. Просечните годишни врнежи изнесуваат 1029 мм. Најмалку врнежи има во месец јули, кога просечните врнежи изнесуваат само 49 мм. Најмногу врнежи има во месец ноември, кога изнесуваат 132 мм.

Клима на Лазарополе
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 2,1 3,0 6,3 10,6 15,6 19,0 22,2 22,4 18,8 13,2 7,7 3,9 12,1
Просечна температура (°C) −1,8 −0,9 2,0 5,9 10,5 13,6 16,0 16,1 13,1 8,4 3,8 0,1 7,2
Просечна минимална (°C) −5,7 −4,7 −2,2 1,3 5,4 8,2 9,8 9,8 7,4 3,7 0,0 −3,6 2,5
Просечно кол. врнежи (мм) 99 91 95 84 87 59 49 51 65 93 132 124 86
Извор: climate-data

Историја

Лазарополе во 1861 година

Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино Село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата. Остатоци на ѕидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата местоположба. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама.

Лазарополе првпат се споменува во историски документ во втората половина на XV век во Слепченскиот кодик (книгата на дарители) на Слепченскиот манастир. Во 1582 година името Лазарополе се среќава во пописен дефтер, каде се споменува како дервенџиско село со 60 домаќинства и 44 неженети христијани, кое припаѓа на вилаетот Река, Дебарска каза и изнесува годишен приход од 3000 акчиња. Задачата на дервенџиите била да го чуваат патот кој ги поврзувал Дебар и Кичево, од банди кои ги ограбувале караваните и патниците.[4]

Од старите историски извори за потеклото и подалечното минато дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед. Жителите на ова село припаѓале на познатото македонско словенско племе Мијаци. Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет. Во секое село имало племенски главатар. По разни поводи го повикувале народот на Собор.

Денешното село горело во пожар пред 360 години, па после тоа повторно се намножило. Другото село било во месноста Лопушник каде има рушевини од црква и Анѓина Пештера, па и од овие места дошле луѓе во Лазарополе. Селото е помладо од Тресонче и при основањето зафатило од неговиот синор (атар). Лазарополци се заколнале на тресончани дека ќе газат своја земја па ги наполниле опинците со земја од своето село и така ја одржале заклетвата при што на тој начин го прошириле синорот на сметка на Тресонче.[3]

Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот во својата патописна статија за статистичко опишување на дебарска Река, објавена во „Цариградски весник“ на 1 ноември 1859 година, меѓу селата на Мала Река населени само со христијани го вбројува и Лазарево Поле со 230 куќи.[5]

Во XIX век, Лазарополе било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]

Стопанство

Калин Хотел
Дел од старите објекти изградени во време на социјализмот

Селото поседува мошне голем атар, кој зафаќа простор од 45,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина 3.272 хектари, пасиштата заземаат 1.120 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 159 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Поради своите одлики на високопланинско село со многу пасишта, селаните отсекогаш се занимавале со сточарство и со правење на млечни производи и добиеното млеко од овците, кои ги чувале.[2]

Воедно, селото заедно со Тресонче, било едно од дервенџиските села, односно неговите жители претставувале чувари на патот кој поминувал низ областа.[4]

Исто така, како и сите мијачки села, и во Лазарополе, особено од XIX век се појавува печалбарството како начин за преживување.[2]

Денес, селото станува омилено туристичко одредиште и е посетувано од многу домашни и странски туристи, особено во текот на летниот период. Од неодамна, во селото отворен е капацитетот „Калин Хотел“, кој располага со 16 пространи соби, како и одличен ресторан.

Население

Поглед на новиот и стариот дел на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948792—    
1953962+21.5%
1961720−25.2%
1971180−75.0%
19819−95.0%
ГодинаНас.±%
19912−77.8%
19942+0.0%
20020−100.0%
202129—    

Според турските дефтери Лазарополе било христијанско село во нахијата Река, кое во 1536-39 година имало 84 семејства и 16 неженети. Во 1583 година пак имало 60 семејства и 44 неженети.[7]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. Лазарополе било село со 300 домаќинства и 1.010 жители.[8]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лазарополе живееле 2.640 жители, сите Македонци.[9] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лазарополе имало 3.304 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лазарополе се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 413 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.350 Македонци.[12]

Селото броело 720 жители во 1961 година, додека во 1994 година имало само двајца жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Лазарополе немало жители.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 28 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 2.640 3.304 792 962 720 180 9 2 2 0 29
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

Во Лазарополе отсекогаш живееле исклучиво православни Македонци од племето или етнографската подгрупа Мијаци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Лазарополе живееле следните мијачки македонски православни родови распоредени во маала:[3]

  • Маало Краста: Јосифовци (7 к.), Ѓорговци (20 к.) и Лузевци (4 к.) кои слават Свети Никола; Кокалевци (20 к.) кои слават Свети Димитрија и чиј предок Кока дошол пред 290 години од местото Лукане во областа Мат во Албанија и Степановци (10 к.), кои слават Св. Богородица Пречиста и дошле од кичевското село Ехлоец.
  • Маало Чуповци: Чуповци (25 к.), кои слават Атанасовден и имале свои иселеници во селото Папрадиште во Азот, каде е роден Димитрија Чуповски; Ѓорговци (10 к.), слават Св. Никола и Атанасовден; Пашовци (4 к.) и Зврлевци (10 к.), кои славеле Св. Никола и В’лчевци (5 к.) и Чуревци (5 к.), кои слават Св. Богородица Пречиста.
  • Горно Маало: Пунтевци (15 к.), Батовци (4 к.) и Каповци (2 к.), слават Св. Богородица Пречиста; Создановци (30 к.), слават Атанасовден; Дракуловци (15 к.), дошле од Росоки и имаат влашко потекло, а слават Св. Никола; Џепчевци (15 к.), Ололовци (15 к.), Сулкинци (1 к.), Поповци (3 к.), Патеровци (6 к.), Лучановци (Алкушовци) (12 к.) и Зеркинци (1 к.), сите слават Св. Никола и Смусинци (2 к.), дошле од селото Рапеш во Мариово исто слават Св. Никола.
  • Маало Жунгуловци: тоа било основано од стариот дедо Жунгула (Џунгула) кој дошол од Елбасан пред 290 години и во него живееле семејствата Аџиевци (10 к.), Гударовци (4 к.), Куновци (4 к.) и Грдановци (4 к.) слават Св. Никола и Бобаќаровци (5 к.), кои слават Св. Богородица Пречиста.
  • Долно Маало: Ѓурѓевци (20 к.), Шаиновци (5 к.) и Палчевци (10 к.), слават Св. Никола; Кардалевци (2 к.), слават Св. Никола и дошле од околината на Солун од племето „Кардалиња“ (мелези), кои во набројувањето на македонските соеви ги споменува Ѓорѓија Пулевски; Филевци (5 к.) и Перинци (6 к.), именувани по жената Пера, слават Св. Никола; Зулфовци (1 к.), слава Пречиста, дошле од Галичник; Мажовци (1 к.), од кои потекнува Исаија Мажовски, слават Св. Никола и дошле од родот Цунгуловци и Голибеговци (3 к.), дошле од селото Ехлоец пред 290 години.

Најстари родови во Лазарополе биле Дамковци, Чуповци и Ѓешковци во Горно Маало каде најпрвин постоело село со 40 куќи, а останатите како Томпалевци дошле од Долно Мелничани, Саринци од Селце и од околните села.[3]

Општествени установи

Поштата во селото
  • Поранешно основно училиште
  • Пошта (затворена)
  • Амбуланта (затворена)
  • Метеоролошка станица

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина, во која покрај Лазарополе се наоѓале и Гари, Росоки, Селце и Тресонче. Самата Општина Лазарополе била дел од Дебарската околија. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0463 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на земјоделската задруга „Кочо Рацин“. Во избирачкото место се опфатени и селата Росоки, Селце и Тресонче.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Црквата „Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Реки
Пештери

Редовни настани

  • Илинден — главна селска слава во селото
  • Лазарофест — фестивал во селото најчесто во склоп на целокупната прослава посветена на Илинден; биле одржани три изданија пред да се откаже неговото спроведување поради недостиг на финансиски средства
  • Лазарополе цути — фестивал на нарцисите

Личности

Родени во Лазарополе

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 173. Посетено на 10 април 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Лазарополе“. www.istrazijamakedonija.com.mk. Посетено на 2020-04-10.
  5. Хаџи Константинов - Џинот, Јордан (1859). Блаже Конески (уред.). Статистическо описание на Дебрска Река в стара Болгарија. „Избрани страници“. Цариград: Цариградски Весник. стр. 88.
  6. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  7. Населби и население во Македонија во XV и XVI век. Скопје, 2001
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 263.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2021. Посетено на 30 март 2021.
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 април 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-04-10. Посетено на 10 април 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

Read other articles:

Estatua del escritor en Baena. Página del Cancionero de Baena Juan Alfonso de Baena (Baena, Córdoba, c. 1375–c. 1435) fue un poeta y escribano real de Juan II de Castilla.[1]​ Es conocido especialmente por dar nombre a una antología poética de autores de los tiempos de Enrique II, Juan I, Enrique III y Juan II, conocida como el Cancionero de Baena. Tradicionalmente se le ha considerado judío converso, pero actualmente se considera que no hay sustento documental para mantener esa ...

 

Một phần của loạt bài về Chính trịDân chủ Lịch sửLý thuyếtChỉ trích Thể loại Tính trước Athena Chuyên chế Dạng ô Đồng thuận Bảo thủ Thế giới Phòng vệ Bàn cãi Trực tiếp Kinh tế Điện tử Trao quyền Đạo đức Gốc rễ Được quản lý Bao quát Công nghiệp Kiểu Jackson Kiểu Jefferson Tự do / Phi tự do Chế độ lai Lỏng Đa số quyết định Truyền thông Giám sát Đa đảng Dân tộc Mới Phi

 

Founders Hall, het hoofdgebouw van de campus van Haverford College Haverford College is een liberal arts college in Haverford (Pennsylvania), een voorstadje van de Amerikaanse stad Philadelphia. Het onderwijsinstituut werd gesticht in 1833 door leden van de Philadelphia Yearly Meeting of the Religious Society of Friends, de afdeling Philadelphia van het Religieus Genootschap der Vrienden (Quakers). Doel was het realiseren van een opleiding die was gebaseerd op de normen en waarden van de Quak...

FuturaKategoriSans-serifKlasifikasiGeometrisPerancangPaul RennerDibuat1920-anDiluncurkan1927 Untuk futura sebagai furnitur, lihat futura (furnitur). Futura adalah rupa huruf tanpa kait (sans-serif) dengan gaya geometris yang dirancang dan dikembangkan oleh Paul Renner pada tahun 1927. Pada rupa huruf ini, Paul Renner bereksperimen dengan bentuk-bentuk dasar geometris seperti lingkaran, kotak dan segitiga, yang menjadi visual elements dari Bauhaus, sekitar tahun 1920-an. Rupa huruf ini selain ...

 

Campeonato Europeu de Ginástica Artística de 2012 Dados Sede Montpellier / Bruxelas Maior vencedor Denis Ablyazin Maior vencedora C. Ponor e L. Iordache Nação vencedora Roménia ← Berlim 11 Moscou 13 → O Campeonato Europeu de Ginástica Artística de 2012 teve suas competições femininas realizadas em separado das masculinas. Os homens disputaram entre os dias 21 e 27 de maio em Montpellier, na França, enquanto as mulheres competiram de 9 a 13 de maio em Bruxelas, ...

 

Country in North-Central Africa This article is about the country. For the given name, see Chad (name). For other uses, see Chad (disambiguation). Republic of Chadجمهورية تشاد (Arabic)République du Tchad (French) Flag Coat of arms Motto: Unité, Travail, Progrès (French)الاتحاد، العمل، التقدم (Arabic)Unity, Work, ProgressAnthem: La Tchadienne (French)نشيد تشاد الوطني (Arabic)The Song of ChadCapitaland large...

Peta infrastruktur dan tata guna lahan di Komune Saint-Gence.  = Kawasan perkotaan  = Lahan subur  = Padang rumput  = Lahan pertanaman campuran  = Hutan  = Vegetasi perdu  = Lahan basah  = Anak sungaiSaint-Gence merupakan sebuah komune di departemen Haute-Vienne di Prancis. Lihat pula Komune di departemen Haute-Vienne Referensi INSEE lbsKomune di departemen Haute-Vienne Aixe-sur-Vienne Ambazac Arnac-la-Poste Augne Aureil Azat-le-Ris Balledent La Bazeuge...

 

Carr's Beach, founded in 1926, was a beachfront resort on the Chesapeake Bay that catered to African American patrons during segregation.[1] Located just south of Annapolis, Maryland, Carr's Beach was established as a recreational area during the Jim Crow-era when African-Americans were denied entry into 'Whites-only' establishments.[1] Other nearby beachfront resorts used for this purpose included Sparrow’s Beach, Elktonia Beach, Bembe Beach, Highland Beach, Venice Beach, O...

 

De finale van het Europees kampioenschap voetbal 2000 werd gehouden op 2 juli 2000 in het De Kuip in Rotterdam. Toenmalig wereldkampioen Frankrijk, dat de trofee in 1984 al eens had gewonnen, nam het op tegen Italië, de winnaar uit 1968. Frankrijk versloeg Italië met 2-1. In de verlenging scoorde David Trezeguet het winnende doelpunt. Route naar de finale Route naar de finale Frankrijk   Italië EK 2000 – Kwalificatie Reykjavik, 5 september 1998 IJsland  1 – 1  Frank...

This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (April 2018) (Learn how and when to remove this template message) This article has no lead section. Please improve this article by adding one in your own words. (February 2023) (Learn how and when to remove this template message) Early history (1898–1930) After the Spanish–American War (1898), Filipinos becam...

 

Ice hockey player known for their physicality and intimidating presence Dave Semenko won two Stanley Cups as an enforcer in the 1980s. Enforcer is an unofficial role in ice hockey. The term is sometimes used synonymously with fighter, tough guy, or goon. An enforcer's job is to deter and respond to dirty or violent play by the opposition. When such play occurs, the enforcer is expected to respond aggressively, by fighting or checking the offender. Enforcers are expected to react particularly ...

 

LeisurePortobello Swim CentreFormer namesPortobello BathsGeneral informationStatusCategory A listed buildingTypeLeisureCompleted1898OwnerEdinburgh LeisureDesign and constructionArchitect(s)Robert MorhamPortobello Swim Centre is a multi-facility leisure venue in Portobello, Edinburgh. Built by Edinburgh City Architect Robert Morham in 1898,[1] it comprises swimming pools, a gym and fitness studio, and Edinburgh's only authentic and publicly available turkish bath, one of three remainin...

Scottish poet (1892–1978) Hugh MacDiarmidA bust of MacDiarmid sculpted in 1927BornChristopher Murray Grieve11 August 1892 (1892-08-11)Langholm, Dumfriesshire, ScotlandDied9 September 1978(1978-09-09) (aged 86)Edinburgh, ScotlandOccupationPoetNationalityScottishLiterary movementScottish RenaissanceNotable worksA Drunk Man Looks at the Thistle Christopher Murray Grieve (11 August 1892 – 9 September 1978), best known by his pen name Hugh MacDiarmid (/məkˈdɜːrmɪd/; Scots: [...

 

1992 studio album by SaxonForever FreeStudio album by SaxonReleasedMay 1992Recorded1992StudioHey You Studios, Vienna, Austria, Gems Studios Boston, Lincolnshire, EnglandGenreHeavy metalLength44:11LabelCBH/VirginProducerBiff Byford, Herwig UrsinSaxon chronology Solid Ball of Rock(1991) Forever Free(1992) Dogs of War(1995) Alternative cover Singles from Forever Free Iron Wheels / Forever FreeReleased: 31 August 1992 Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllMusic[1]Collect...

 

This article is about the crater. For the lake within it, see Lake Avernus. For other uses, see Avernus (disambiguation). Ruins of temple to Apollo, Avernus Avernus was an ancient name for a volcanic crater near Cumae (Cuma), Italy, in the region of Campania west of Naples. Part of the Phlegraean Fields of volcanoes,[1] Avernus is approximately 3.2 kilometres (2.0 mi) in circumference. Within the crater is Lake Avernus (Lago d'Averno).[2] Role in ancient Roman society Ave...

Malayan Peoples' Anti-Japanese Army馬來亞人民抗日軍Bendera MPAJAPemimpinLai Teck, Chin PengWaktu operasiDesember 1941 (1941-12) – Desember 1945 (1945-12)Wilayah operasiMalaya Britania, SingapuraIdeologiKomunismeMarxisme-LeninismeAnti-imperialismePosisi politikKiri jauhLawanKekaisaran JepangPETAPertempuran dan perangPerang Dunia II Tentara Anti-Jepang Rakyat Malaya (TAJRM) atau Malayan Peoples' Anti-Japanese Army (MPAJA) adalah sebuah gerakan bawah tanah saat...

 

Republic of Bashkortostan Ministry of CultureБашҡортостан Республикаһы Мәҙәниәт министрлығыBuilding of Ministry of CultureAgency overviewJurisdictionGovernment of the Republic of BashkortostanHeadquarters18 Revolution street, Ufa, Republic of Bashkortostan[1]54°44′09″N 55°56′59″E / 54.735912°N 55.949742°E / 54.735912; 55.949742Agency executiveAmina Ivnievna Shafikova[2], MinisterWebsitehttps://cultu...

 

Daði Freyr (rechts) auf dem G! Festival in Syðrugøta, Färöer (2022) Daði Freyr Pétursson (* 30. Juni 1992[1] in Reykjavík) ist ein isländischer Electro-Musiker und Sänger. Inhaltsverzeichnis 1 Leben 2 Diskografie 2.1 Alben 2.2 EPs 2.3 Singles 3 Weblinks 4 Einzelnachweise Leben Daði Freyr wurde in Reykjavík geboren und verbrachte seine Kindheit in Dänemark. Mit neun Jahren kam er wieder zurück nach Island und lebte dann in der Region Suðurland. Er lebt heute in Berlin. 2...

British R&D company Sphere FluidicsCompany typePrivateFounded2010; 14 years ago (2010)[1]HeadquartersCambridge, UKServicesResearch and DevelopmentWebsitespherefluidics.com Sphere Fluidics is a Cambridge(UK)-based Life Sciences R&D company that specializes in biopharmaceutical discovery and development, cell therapy engineering, bioproduction and synthetic biology, analysis and isolation. The company is reported to own 25 patented products that include instrum...

 

ХристианствоБиблия Ветхий Завет Новый Завет Евангелие Десять заповедей Нагорная проповедь Апокрифы Бог, Троица Бог Отец Иисус Христос Святой Дух История христианства Апостолы Хронология христианства Раннее христианство Гностическое христианство Вселенские соборы Н...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!