Селото Нивиште е сместено високо во пазувите на планината Кораб, во долина во непосредната близина на јужното подножје под планинскиот гребен на двата високи и величествени корабски врвови - Кабаш и Рибничка Скала. Поточно, селото Нивиште е расположено на левата страна на Грекајска Река недалеку од утоката на потокот Дагон во неа, на излезот од високата планинска долина Чапарец. Над селото кон запад се издигнува корабскиот гребен Кукул со месноста Попова Ливада и преслапот Пралуга, а на север се корабските врвови Кабаш и Рибничка Скала, додека кон запад и југ се отвора кон пошироката долина на Рибничка Река низ која до Нивиште води земјен пат со тампонирана постилка од чакал во добра состојба за сообраќај на секаков вид возила, освен во снежни зимски услови. Селото Нивиште е расположено на надморска височина од 1160 метри. Атарот, кој е заеднички со блиското село Грекај, се протега кон север и потоа издолжено кон запад по пркрасната планинска долина Чапарец со потокот Дагон, оградена од планинските огранки на кои се врвовите Кабаш, Црвен Камен (Гури Куј) и Боази од север и Спасенов Камен (Махијамада), Крцунзе и Ливади од југ, сè до циркот Ујт Калар со големите извори над кои се наоѓа ледничкото Изгревно Езеро до главниот планински срт на Кораб на кој се наоѓа и државната македонско-албанска граница. На атарот се најзастапени шумите и тоа бука, даб, јавор и бреза од листопадните и смрека, бор и елка од зимзелените дрвја.
Историја
Според записите на етнографот Томо Смилјаниќ - Брадина, селото Нивиште е настанато најпрвин како заселок и маало на селото Тануше кое било село од разбиен тип, заедно со блиското село Грекање и раселеното село Завојско (уништено за време на Првата светска војна), а подоцна тоа се одделило како посебно село[2].
Пишани податоци за Нивиште се среќаваат кон средината на XIX век кога, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Статистическо описание на Дебрска Река“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 јануари 1859 година за селото Нивиште запишал дека имало 26 куќи и спаѓало во селата населени со христијани и муслимани.[3].
Потекло и значење на името
Името на селото Нивиште е од чисто македонско и словенско јазично потекло, со значење 'место каде што имало нива, било некогаш нива'[4]. Ова име соодветствува и на положбата на селото, во малку зарамнето место на отворот на широката долина, погодно за обработување ниви. Името Нивиште како такво се користи и од албанското население во нивниот говор, што укажува дека тие го прифатиле ова име на селото заедно со другите бројни топоними во атарот, од некогашното македонско население.
Стопанство
Население
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нивица се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 51 куќа.[5]
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
45
—
1953
54
+20.0%
1961
55
+1.9%
1971
84
+52.7%
1981
81
−3.6%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
0
0.00%
2002
7
—
2021
0
−100.0%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 7 жители, сите Албанци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото Нивиште било населено од македонско христијанско и албанско муслиманско население и преовладување на говорниот албански јазик со многу македонски зборови и примеси особено присутни и во самото име на селото Нивиште и бројни топоними со чисто словенско потекло. По долгогодишната раселеност од 1981 денес во селото повремено престојуваат повратници, од кои од родот Мифтари. Христијански македонски род во Нивиште биле Серафини или Серафиновци.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
Поглед на Нивиште
Поглед на Нивиште
Стара куќа во Нивиште
Поглед на Нивиште, високо од гребенот на Кораб под врвот Кабаш