Атина (грчки: Αθήνα, Ати́наМФА: /a'θina/) —главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.
Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на ПлатоноватаАкадемија и АристотеловиотЛикеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е сѐ уште воочливо во градот, портретирано низ број на спектакуларни антички споменици и слики, најпознатите од кои се Партенон на Акропол („висок град“), израснат од Иктин, Каликрат и Фидиј. Последниот е општоприфатен како еден од најдобрите примери за класичната архитектура на Стара Грција и сѐ уште претставува епско наследство за западот, впрочем и за остатокот од светот. Многу од овие културни знаменитости биле реновирани пред Олимписките игри 2004.
Име
На старогрчки, името Атина било Ἀθῆναι-Атенаи, множина од Ἀθηνά-Атене, атичко име на божицата Атена. Името на градот може да било во множина, како оние на Θῆβαι-Тебаи (Теба) и Μυκῆναι-Микенаи (Микена), поради тоа што се состоело од повеќе делови. Во XIX век ова име било формално прифатено како име на градот. Од официјалното напуштање на грчкиотКатаревуса во 1970-тите, популарната форма Ати́на станала официјалното име на градот.
Основањето на Атина е изгубено во митовите и легендите од памтивек. Што се однесува до историјата, Атина била отсекогаш таму. Атина била водечкиот град во Грција за време на најголемиот период на грчката цивилизација за време на 1 милениум п.н.е. За време на „златното доба“ на Грција (грубо околу 500 п.н.е. до 323 п.н.е.), таа била водечкиот светски културен и интелектуален центар, и затоа фразата „западна цивилизација“ ги има своите корени во идеите, достигнувањата и практиката на античка Атина. Во 431 п.н.е. Атина влегла во војна со друга град-држава, Спарта. Поради своите загуби за време на чума, Атина била поразена од Спарта, и нејзините ѕидини биле срушени (но сепак, остатоци од оригиналните ѕидини постојат и ден денес, особено на брегот во Пиреј).
Философските школи биле затворени во 529 година од христијанскатаВизантиско Царство, која што не го одобрувала паганистичкото учење на школите. Атина постепено загубила голем дел од статусот во ова време.
За време на 11-от и XII век, византискиот град доживиеал препород. Овој период се смета за златна ера на византиската уметност во Атина. Скоро сите од најважните византиски цркви околу Атина биле изградени за време на овие два века. Во меѓувреме, заедно со Коринт и Теба, Атина била збогатувана со трговија, и наскоро станала важен и просперитетен центар за производство на сапуни и бои.
Но, таа се соочила со тежок удар помеѓу 13-от и XV век, кога се водела битка за градот помеѓу грчките Византијци и 'француските' и италијански крстоносци.
Во 1458 градот попаднал во рацете на Отоманското Царство под султанот Мехмед II Освојувачот. Како што императорот влегувал во градот, бил запрепастен од убавината на неговите античките споменици, и издал ферман (империјален закон) со кој се забраува вознемирувањето на рушевините на Атина, со казна смрт. Самиот Партенон бил претворен во главна градска џамија и затоа останал сочуван.
И покрај добрите намери на султанот да ја зачува Атина као модел за отомански провинцијален главен град, населението на градот се намалувало и условите за живот се влошувале како што опаѓала Отоманското Царство во доцниот 17 век. Со текот н авремето, отоманската администрација прекинала со грижата за старите згради на Атина; Партенонот (или џамија) бил користен како склад за муниција за време на венециската опсада на Атина во 1687, и последично храмот бил знајчајно оштетен кога граната паднала на местото и предизвикала експлозија на неколку пакети барут складирани во Партенон.
Отоманското Царство се откажала од контролата над Атина по Грчката Војна за Независност (1821–1831). Градот бил населен од околу само 5.000 луѓе во времето кога бил усвоен како главен град на ново-основаното Кралство на Грција на 18 септември1834. За време на следните неколку децении градот бил повторно изграден во модерен град, придржувајќи се воглавно кон нео-класичниот стил. Во 1896 Атина станала првиот град-домаќин на повторно оживеаните Олимписки игри во 1896. Следното големо проширување се случило во 1920-тите кога биле создадени предградија во кои биле населувани грчки бегалци од Мала Азија. За време на Втората светска војна градот бил окупиран од Германија и поминал лошо во подоцнежните години на војната.
Атина пораснала брзо во годините по Втората светска војна сè до околу 1980 и страдала од пренаселување и од сообраќајни метежи. Грчкиот влез во ЕЕЗ во 1981 донел масовни инвестиции во градот заедно со проблеми на растечко-влошувачки индустриски метежи и загадување на воздухот. За време на 1990-тите, надлежните на градот преземале серија на одлучни мерки со цел да се борат против смогот кој се формирал над градот, особено за време на најжешките денови во годината. Тие мерки се докажале како успешни и во денешно време смогот или нефос на грчки, е сè помал проблем за Атина, дури и со температури над 40 °C. Сообраќајните метежи исто така се намалиле во текот на последните неколку години. Дел од ова подобрување се должи и на трансформирањето на некогаш многу проблематичната авенија „Леофорос Кифисос“ во модерен, урбан автопат со 8 ленти кој се протега над 11 км должина покрај реката Кифисос, поврзувајќи многу од западните предградија на Атина, од Перистери до пристаништето Пиреј и до изградбата на автопатот Атики Одос. Денес, Атина е вибрантна метропола со инфраструктура од врвна технологија, антички споменици и музеи кои го земаат здивот, легендарен ноќен живот кој вклучува разни избори и трговски центри од светска класа.
Изглед и население
Атина се протега низ централната рамнина на Атика, која што се граничи со планината Егалео на запад, планината Паринта на север, планината Педнели на североисток, планината Химет на исток, и Саронскиот Залив на југоисток. Атина се протега низ целата рамнина, што го прави понатамошниот раст отежнат.
Геоморфологијата на Атина го предизвикува таканаречениот феномен на инверзија на температурата, делумно одговорен за проблемите со воздушното загадување со кои градот скоро се соочил. (Лос Анџелес, со слична геоморфологија, има слични проблеми).
Заедно со многуте свои предградија, Атина има официјална бројка на население од околу 3,2 милиони. Но, вистинската бројка, се смета дека е значително поголема, бидејќи за време на пописите (кои се случуваат еднаш на секои десет години) некои жители на Атина се враќаат назад во своите родни места, и се регистрираат како локални граѓани таму. Исто така, не се вбројува недефинираниот број на нерегистрирани имигранти кои потекнуваат воглавно од Албанија. Затоа, се смета дека вистинската бројка достигнува до 3,7 милиони, што претставува приближно една третина од целосното население на Грција.
Античкото место на градот се наоѓа во центарот на карпестиот рид на акрополот. Во антички времиња пристаништето Пиреј било одделен град, но сега е апсорбирано во рамките на поширока Атина. Брзото ширење на градот започнато во 50-тите и 60-тите продолжува ден денес, особено кон исток и североисток (тенденција која е поврзана со изградбата на новиот Меѓународен Аеродром Елефтериос Венизелос, и Атики Одос, автопатот кој ја сече Атика). Со овој процес, Атина има вголтано многу поранешни предградија и села во Атика, и продолжува да го прави тоа.
Клима
Атина ужива суптропскаполуаридна клима (Köppen климатска класификација: BSh), со најголеми количества на врнежи во периодот од октомври до мај. Остатокот од годината останува воглавно без дождови, што ја прави Атина еден од најсончевите градови на европскиот континент. Засолнет со топографски бариери од целосната сила на западните ветрови, ветровите кои носат дождови, Атина има полусува клима и просек помал од 369 mm дождови годишно[2].
Зимите се воглавно умерени, со удобни денски температури и ладни ноќи, иако мраз се појавув во ретки прилики (но сепак мора да се напомене дека северните предградија, кои се наоѓаат на повисока надморска височина, имаат нешто поинаква микроклима, со поладни лета и поладни зиме со значително поголемо просечно количество на врнежи од снег). Зимските врнежни од дожд имаат тенденција да бидат кратки, а понекогаш и обилни. Снегот е релативно редок, иако на градот му се случило да доживее услови слични на виулица. Во најскорешните примери се вбројуваат невремето од јануари 2002 како и тоа од февруари 2004, при коишто целата метрополитенска област била буквално покриена целосно со снег.
Пролетта и есента се сметаат за идеални годишни времиња за разгледување на туристичките атракции како и за сите видови на активности на отворено. Летата може да бидат особено жешки и склони на услови поврзани со смог и воздушно загадување во секое време (сепак, многу помалку во споредба со порано). Просечната летна дневна максимална температура е 32 °C. Топлотните бранови не се тулку чести и најчесто се случуваат за време на месеците јули и/или август, кога жешките воздушни маси доаѓаат кон Грција од југ или југозапад. Само на таквите денови максималните дневни температури достигнуваат над 38 °C. Највисоката температура за метрополитенската област на Атина измерена на сите времиња изнесува +48.0 °C[3] и била измерена во предградието Неа Филаделфиа (јули 1977, станица ХНМС); еквивалентната најниска температура на сите времиња е -10.8 °C и била измерена во станицата Вотаникос. За време на острото студено време во февруари 2004, температурите во областа на поширока Атина паднале до -10.1 °C во станицата Пендели во националната опсерваторија на Атина.
Општина Атина
Модерниот град Атина се состои од тоа што порано било конгломерат на одделни градови и села кои постепено се ширеле и се споиле во една единствена голема метропола; повеќето од ова проширување се случувало за време на втората половина на 20 век. Областа на пошироката Атина е сега поделена на 54 општини, најголемата од кои е Општина Атина или Димос Атинеон, со население од приближно 750.000 луѓе.
Следните најголеми општини се Општината Пиреј, Општината ПеристериОпштината Калитеа. Затоа, Атина може да се однесува или на целата метрополитенска област, или пак на општината Атина. Секоја од овие општини има избран општински совет и директно избран градоначалник. Госпоѓа Дора Бакојани од конзервативната партија Нова Демократија била градоначалник на Атина од 1 јануари2003 до 15 февруари2006, кога се приклучила кон грчкиот кабинет како министерка за надворешни работи. Таа била 76-тиот градоначалник на Атина и првата жена во историјата на градот која ја имала таа функција. Таа била заменета од Теодорос Беракис. Последните општински избори биле во октомври 2006.
Општината Атина е поделена на седум општински области или димотика дјамеризмата. Седумобласната поделба се користи воглавно во администранивни цели. Најпопуларниот начин за поделба на градската област на атињаните е со помош на нејзините соседства (кои се еквиваленти на области), сејиха си своја посебна историја и одлики. Во нив спаѓаат Паграти, Амбелокипи, Ексариа, Ано Патисиа и Като Патисиа (горна и долна), Илисиа, Ано и Като Петралона, Мец, Кукаки како и Кипсели, втората најнаселена урбана зона. За некои кои не се запознаени со Атина, запознавањето на овие соседства често може да се најде и во истражувањето и разбирањето на градот.
Олимписките игри 2004
На Атина ѝ биле доделени ЛОИ 2004 на 5 септември1997 во Лозана, Швајцарија, откако ја загубила претходната кандидатура да биде домаќин на ЛОИ 1996 од Атланта, САД. Тоа е вториот пат што Атина ја имала честа да ги одржува игрите, првиот пат бил во 1896.
По неуспешната кандидатура од 1990, кандидатурата од 1997 била радикално подобрена и исто така ја вклучувала привлечноста кон олимписката историја. Во последното коло на гласање, Атина го поразила Рим со 66 гласа наспроти 41. Пред таа рунда, градовите Буенос Аирес, Стокхолм и Кејптаун веќе биле елиминирани од натпреварувањето по добивањето на помал број на гласови.
За време на првите три години на подготовките, Меѓународниот Олимписки Комитет на неколкупати изразил некои грижи во врска со статусот на напредокот во изградбата на некои од новите олимписки објекти. Во 2000 година претседателот на Организациониот Комитет бил заменет од страна на Јана Ангелопулос-Даскалаки, која што била претседателот на Комитетот за Кандидатура во 1997. Од таа точка подготовките продолжиле со високозабрзано темпо, скоро до лудило. Иако големите трошоци биле високо критизирани, како што е случајот со повеќето олимписки градови, Атина била буквално трансформирано во пофункционален град којшто уживал во врвна технологија и во транспортот и во модерното урбано развивање. Некои од најдобрите спортски објекти во светот биле изградени во градот, од кои скоро сите биле подготвени точно на време. Игрите од 2004 биле проценети како голем успех, со оглед на тоа што безбедноста и организацијата биле исклучително добри и само неколку посетители пријавиле мали проблеми, воглавно поврзани со транспортот или сместувањето. Воглавно, единствениот забележителен проблем била малата посетеност на прелиминарните настани. Но, евентуално повеќе од 3,2 милиони билети биле продадени, што било повеќе од било која друга Олимпијада со исклучок на онаа од Сиднеј (повеќе од 5 милиони билети биле продадени во 2000).