Летните олиумписки игри - 1988 или официјално игри на 24. Олимпијада се одржале во Сеул. Градот бил избран за домаќин на 30 септември1981 со победа над конкурентскиот град Нагоја.
На игрите настапиле 8391 спортист (6197 мажи и 2194 жени) од 160 земји во 237 натпревари. 27221 волонтер помогнале во подготовките за игрите. 11331 медиум (4978 пишани медиуми и 6353 сопственици на правата за прениос) известувале од игрите.
Канаѓанецот Бен Џонсон победил во трката на 100m, но подоцна бил дисквалификуван поради тоа што бил позитивен на допинг тестот. Во 2004, Џонсон изјави дека авторитетот на американските спортисти ги заштитува сљамите нив. Тој исто така изјави дека станоцололот во неговата храна го ставил Андре Џексон.
Американскиот боксер Рој Џонс Јуниор загубил во финалниот меч против Кореецот Парк Си- Хун. Судиите го изгласале Хун со резултат од 3-2 за победник што за Американците е спорно.
Лоренс Лемие од Канада во едрење во класата Фин бил на втората позиција за време на трката и речиси сигурно би го освоил сребрениот медал, но тој застанал да му помогне на еден повреден натпреварувач, па на крај завршил дури на 21. место.Но, сепак поради неговата храброст и поижртвуваност бил одликуван со Медалот Пјер де Кубертен.
Американскиот скокач во вода Грег Луганис освоил 2 златни медали, но си ја удрил главата од даската за скок. Тој исто така бил и ХИВ-позитивен, но за тоа не му кажал никому.
Ентони Нести од Суринам го освоил првиот златен медал за својата земја, а исто така станал и првиот црномурест натпреварувач кој освоил злато во пливање. Досега тоа не го повторил ниту еден.
Марк Тод од Нов Зеланд го освоил својот втор последователен златен медал на Олимписките игри јавајќи го својот коњ Харизма во тридневниот натпревар во коњички спортови.
Спортовите бејзбол и теквондо биле демонстративни. За спортот бејзбол ова било седми пат да биде демонстративен спорт на Олимписките игри.
За последен пат на Олимписките игри, кошаркарската репрезентација на САД била составена од играчи кои не играат во НБА лигата. САД очекувано загубиле од Советскиот Сојуз во полуфиналето.
За првпат во Олимписката историја, натпреварите во дерсура добиле жени како победници.
Спортот џудо во женска конкуренција бил демонстрационен спорт.
Нов спорт којшто бил воведен на игрите бил спортот пинг-понг. Кина и Јужна Кореја освоиле по 2 златни медали.
Тенисот се вратил на Олимписките игри како дел од Олимписката програма по пауза од 64 години. Во финалето во женска конкуренција Штефи Граф ја победила Габријела Сабатини.
Два бугарски натпреварувачи во кревање тегови морале да ги вратат освоените златни медали поради нивните позитивни допинг тестови. Како последица на овој настан, бугарската делегација ги напуштила игрите.
Спортисти од 159 земји се натпреварувале на игрите во Сеул. Аруба, Американска Самоа, Кушки Острови, Гуам, Малдиви, Вануату, Сент Винсент и Гренадини и Јужен Јемен дебитирале на игрите.
Во следнава листа се дадени сите земји-учеснички на игрите во Сеул:
Официјална маскота за Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул бил Ходори. Тоа бил сибирски тигар измислен од Ким Хјун, претставувајќи го пријателството на Корејците.