VEF
Венецуела (официјално: Боливарска република Венецуела, шпански: República Bolivariana de Venezuela) — земја во северниот дел од Јужна Америка. На север излегува на Карипското Море, граничи со Гвајана на исток, со Бразил на југ и со Колумбија на запад. Нејзин главен град е Каракас.
Денешниот официјалниот назив за Венецуела, Боливарска република Венецуела потекнува од 1999, кога беше донесен нов Устав на Венецуела. Тоа е дел од концептот за Боливарска револуција на венецуелскиот претседател Уго Чавес, а е инспириран од латино-американскиот борец за независност Симон Боливар.
Во 1498 г., за време на третото патување во Америка, Кристофер Колумбо се закотвил на делтата на реката Ориноко и заливот Парија. Колумбо бил запрепастен од убавината на земјата и во писмата до Изабела и Фердинанд пишал дека го пронашол рајот на земјата, особено бил восхитен од обилството на свежа вода.[3] Поради таа восхитеност, Колумбо ја именувал територијата како „Земја на привлечност“, прекар кој и денес се користи за Венецуела.
Како и да е, следната година, венецуелскиот брег бил посетен од Алонсо де Охеда. Тој го посетил езерото Маракаибо и таму забележал дека куќите биле изградени на вода, слично како во Венеција, Италија и територијата ја именувал како Венецуела (Venezuela) по градот Венеција (Venezia)"[4], што во буквален превод значи „Мала Венеција“ на италијански.
Покрај првата теорија, постои и втора теорија за потеклото на името на државата. Имено, Мартин Фернандес де Енкисо во книгата „Summa de Gografia“ запишал дека таму пронашле племе кое се нарекувало „Veneciuela“, па се претпоставува дека од нив потекнува и името на целата држава.[5]
Се проценува дека човекот почнал да ја населува територијата на Венецуела пред околу 16.000 години.[6] Најбројни домородни племиња биле Чипчите, Карибите и Араваците.
Европејците ја откриваат Венецуела на третото патување на Кристофер Колумбо, на 2 август 1498 година. Првата населба што ја основаат шпанските колонизатори е основана во 1522 година во она што денес е градот Кумана. Во прво време територијата на Венецуела потпаѓа под Вицекралството Перу, но потоа најголемиот дел од денешна Венецуела припаѓа на Вицекралството Нова Гренада, а дел од источна Венецуела е инкорпориран во Нова Андалусија.
По неуспешните обиди за осамостојување од Шпанија во 1811 и 1813 година, Венецуела конечно се осамостојува од Шпанија во 1821 година кога војската предводена од Симон Боливар ја добива Битката на Карабобо. Боливар ја продолжува борбата против шпанските колонизатори и ослободува неколку латино-американски земји, формирајќи ја Голема Колумбија. Венецуела е дел од Голема Колумбија до 1830 година кога Хосе Антонио Паез ја прогласува Венецуела за независна држава.
Најголемиот дел од 19-от век во Венецуела има диктаторски режими и политички немири, а истото важи и за првата половина на 20-от век. Војската конечно конечно е принудена да се повлече од политиката во 1958 година, кога во Венецуела е воведена демократија. Во следните години Венецуела станува една од најстабилните демократски држави во Латинска Америка, во време кога во многу латино-американски држави се случуваат воени удари и диктаторски режими.
Периодот на мир во Венецуела нагло е нарушен во февруари 1989 година, кога избувнуваат масовни немири во Каракас и некои други градови на Венецуела, како резултат на неолибералистичките мерки на претседателот Карлос Андрес Перес. Во овие немири, познати како Каракасо, се проценува дека се убиени до 3.000 лица.
Како резултат на непопуларното владеење на Перес, во 1992 година се извршени два обиди за државен удар, од кои првиот бил предводен од Уго Чавес.
На претседателските избори во 1998 година победа извојува Уго Чавес (1954-2013), кој откако доаѓа на власт почнува да спроведува социјални реформи во прилог на сиромашното мнозинство во Венецуела. Во април 2002 е извршен неуспешен воен удар против него, по чиј неуспешен крај, владата на Чавес почнува да спроведува уште порадикални социјални реформи, насочени кон воведување демократски социјализам и партиципативна демократија во Венецуела.
Венецуела е сместена во северниот дел на Јужна Америка. Геолошки нејзината копнена површина се наоѓа на јужноамериканската плоча. Тоталната површина на Венецуела е 916.445 км2, а копнената површина изнесува 882.050 км2, што ја прави Венецуела триесет и трета држава во светот по големина на површина.
Венецуела со целата своја територија се наоѓа во тропскиот појас. Просечната температура е до 35 °C. Климата во Венецуела е тропска, најчесто влажна и многу топла, за нијанса поблага во планинските предели. Најголема река е реката Ориноко која се влева во Карипското Море.
Со економијата доминира нафтената индустрија со една третина од Бруто Домашниот Производ, 80% од извозните приходи и повеќе од половина од вкупните буџетски приходи. Најголеми економски проблеми се зависноста од цената на нафтата на светскиот пазар, високата невработеност и инфлацијата.
БДП за 2004 година е проценет на 5.800 американски долари по жител.
|date=
|surname1=
|author1=
|surname2=
|author2=
|journal=