Бахами

Државна Заедница Бахами
Commonwealth of The Bahamas

Знаме Грб
Гесло„Напред, нагоре, понатаму, заедно“
(Forward, Upward, Onward, Together)
ХимнаНапред, Бахами
(анг. "March on, Bahamaland")
Кралска химнаБоже, чувај го Кралот
(God, save the King)
Местоположба на Бахами
Главен градНасау
25°4′N 77°20′W / 25.067° СГШ; 77.333° ЗГД / 25.067; -77.333
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици бахамски креолски
Народности  85% Афробахамци, 12% Европејци, 3% Азијци
Демоним Бахамец
Уредување парламентарна и уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Генерален гувернер Артур Кулкс
 •  Премиер Хјуберт Ингрем
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Собрание
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Самоиправување 1865 
 •  Целосна независност 10 јули 1973[1] 
Површина
 •  Вкупна 13.878 км2 (160-та)
 •  Вода (%) 28%
Население
 •  проценка за 2009 г. 330.000[2] (177-ма)
 •  Попис 1990 254.685 
 •  Густина 23.27 жит/км2 (181-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $8.793 милијарди[3] 
 •  По жител $25.807[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $7.538 милијарди[3] 
 •  По жител $22.650[3] 
ИЧР (2013) 0.789[4]
висок · 51ва
Валута бахамски долар (BSD)
Часовен појас EST (UTC−5)
 •  (ЛСВ) EDT (UTC−4)
Се вози на лево
НДД .bs
Повик. бр. +1-242

Бахами или Бахамски Острови (англиски: The Bahamas); официјално: Државна Заедница Бахами (Commonwealth of the Bahamas) — островска држава во Средна/Северна Америка која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспаниола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 км2 со вкупно население од околу 330.000 жители. Главен град на државата е Насау. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба, Хиспаниола и останатите Карипски Острови.

Првично, Бахамите биле население од Лукајци, етничка група дел од групата на таински народи. Во 1492 година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал Кристофер Колумбо. Со доаѓањето на Шпанците во Карипското Море, Бахамите не станале нивен протекторат, но староседелското население било префрлено на Хиспаниола како робови. Така, островите останале напуштени од 1513 до 1648, кога пристигнале британските колонизатори од Бермуда и се населиле на островот Елеутера.

Во 1718 година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност, илјадници британски приврзаници и поробени Африканци се населиле на Бахамите и основале економија која се засновала на плантажи. Во 1807 година во Британската Империја било укинато ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на 19 век. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.

Потекло на поимот

Денес, не е познато потеклото на името Бахама. Сепак, за потеклото постојат две теории. Според првата, името потекнува од шпанските зборови „baja mar“ што значи „плитко море“, додека според втората, името потекнува од лукајскиот назив за островот Гранд Бахама „ba-ha-ma“, што во превод значи „голема горна средна земја“.[5]

Историја

Карта на Бахамите

Таинците луѓето се населиле во ненаселениот дел од јужните Бахами од Хиспаниола и Куба околу 11 век п.н.е. Овие луѓе подоцна биле познати како Лукајци. Се проценува дека ги имало нешто повеќе од 30.000 во времето кога Колумбо пристигнал на островот во 1492. Првото пристигнување на Кристофер Колумбо било на остров наречен Сан Салвадор (познат на Лукајците како Гванахани), што е општо прифатен и денес како островот Сан Салвадор југоисточно во Бахамите. Една алтернативна теорија смета дека Колумбо пристигнал на југоисток на Островчето Самана според пресметките направени во 1986 од писателот и уредник Џозеф Џаџ од „Нешнл Џиографик“ (National Geographic) основани врз бродскиот дневник на Колумбо. Доказите што ја поддржуваат оваа теорија се неубедителни. При пристигнувањето на островот, Колумбо го остварил првиот контакт со Лукајците и разменил стоки со нив.

Шпанците кои го следеле Колумбо го раселиле населението од островот. Најголемиот дел од населението било однесено во ропство. Лукајците насекаде низ Бахамите биле избришани поради изложеноста на болести за кои тие немале имунитет.[6] Големите сипаници на кои биле изложени Таинците по пристигнувањто на Колумбо избришале половина од населениото од Бахамите.[7]

Се претпоставува дека островите не биле населени од Европејци сè до средината на 17 век. Меѓутоа, скорешни истражувања покажуваат дека постоеле обиди да се населат островите со групи на луѓе од Шпанија, Франција и Британија како и од други Америндијанци. Во 1648 година, авантуристите од Елеутера мигрирале од Бермудите. Овие Англиски пуританци ја создале првата перманентна Европска населба на островот којашто тие ја нарекле Еутера – името доаѓа од грчкиот збор за слобода. Тие подоцна се населиле во Њу Провиденс.

Во 1670 Кралот Чарлс II ги доделил островите на Земјопоседниците од Каролина на кои им биле издавале островите од кралот со права за трговија, даноци, поставување на гувернери и водење на земјата.[8] Во 1684 Шпанскиот пират Хуан де Алкон извршил грабеж на главниот град Чарлстаун и во 1703 заедничка франко-шпанска експедиција накратко го окупирала главниот град за време на Војната за шпанската круна.

18 век

За време на владеењето на земјопоседниците, Бахамите станале рај за пиратите вклучувајќи го и озогласениот Блекбиард (Blackbeard/Црнобрад). За да се воведе уредно раководство, Бахамите биле претворени во Британска кралска колонија во 1718 под царското раководење на Вуд Роџерс кој по тешка борба, успеал да го потисне пиратството.[9] Во 1720 ја водел локалната полиција да го одбие Шпанскиот напад.

За време на Американската војна за независност, островите биле мета на Американските морнарски силе под командата на полковникот Езекиал Хопкинс. Главниот град Насау на островот Њу Провиденс бил окупиран од Американската морнарица за две недели.

Во 1782 година, по Британскиот пораз во Јорктаун, Шпанската флота се појавила на брегот на Насау, кој се предал без борба.

По Американската независност, околу 7,300 Лојалисти и нивните робови се преселиле на Бахамите од Њујорк, Флорида и Каролина. Овие Лојалисти создале плантажи на неколку острови и станале политичка сила во главниот град. Оттогаш малото население било составено од најмногу Африканци.

Британците ја укинале трговијата со робови во 1807 што довело до присилно населување на Бахамските острови од илјадници Африканци ослободени од бродовите со робови од Кралската морнарица. Ропството конечно било укинато во Британската Империја на 1 август 1834 година.

20 век

Модерниот политички развој започнал по Втората светска војна. Првите политички партии биле формирани во педесеттите години и Бритаците ги направиле овие острови внатрешно независни од 1964, со Роланд Симонет од Обединетата Бахамска Партија како прв прв министер.

Во 1867 година, Линден Пиндлинг од Прогресивната Либерална Партија станал првиот црнец Прв министер во колонијата и во 1968 титулата била сменето во премиер. Во 1973 Бахамите станале целосно независни, но го задржале членството во Комонвелтот на нациите. Сер Мило Батлер бил назначен за првиот црнец генерален гувернер (претставник на монархот) кратко по независноста.

Основана врз двата столбови-туризмот и крајбрежниот буџет, Бахамската економија почнала да просперира од 50те. Сепак постојат значителни предизвици во областите како што се образованието, здравствената нега, меѓународната трговија со дрога и илегалната имиграција од Хаити.

Географија и клима

Карта на Бахамите.

Бахамите се островска група составена од 29 поголеми острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспаниола (Хаити и Доминиканската Република), северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 км2 со вкупно население од околу 330.000 жители. Најблиски острови до САД се Бимини, кои се познати како портата на Бахами. Најисточен остров од Гранд Бахама е Абако, додека најјугоисточен е островот Инагва. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати населени острови се Елеутера, Кет, Лонг Ајленд, Сан Салвадор, Крукед, Ексума и Мајагвана. Главниот град на државата, Насау, се наоѓа на островот Њу Провиденс. Сите бахамски острови се ниски и рамни, со висини не повисоки од 15 до 20 метри. Највисока точка на Бахамите е Алвернија со висина од 63 метри и се наоѓа на островот Кет.

Климата на Бахамите е суптропска и тропска и воглавно зависи од Голфската струја, која има влијание особено во зимскиот период.[10] Исто така, струјата има значителен удел на климата во летниот, есенскиот и пролетниот период кога има појави на урагани. До денес нема запис и нема пријавено многу ладни температури и најмногу може температурата да падне до 2 или 3 степени. Во јануари 1977 година бил забележан пад на снег помешан со дожд,[11] кога температурата била од 4 до 5 степени.[12]

Управа и политика

Дводомниот парламент на Бахамите во Насау.
Премиерот Хјуберт Ингрем

Бахамите се суверена независна нација. ПТрадиционално, политички и правно се во блиска соработка со Обединетото Кралство. Државата е парламентарна демократија во која опстојуваат, меѓу останатите, две големи партии: Слободно Национално Движење и Прогресивна Либерална Партија. Бахамите се членка на Комонвелтот на Нациите и поради тоа на чело, формално, е кралот Чарлс III, што автоматски државата ја прави и уставна монархија. Како претставник на кралицата во државата е генералниот гувернер. Сегашен генерален гувернер на Бахамите е Артур Фулкс.

Туризмот дава половина од работните места, но бројот на посетителите се намалил значително од почетокот на опаѓањето на светската економија во последната четвртина од 2008. Банкарските и меѓународните финансиски служби се спогодиле па Бахамите се едни од 34 тајни јурисдикции кои ќе бидат предмет на Одлуката за запирање на злоупотребата на даночната оаза донесени од Американскиот Конгрес.

Во Бахамите постои двопартиски систем којшто е доминиран од централно-левата Прогресивна Либерална Партија и од централно-десната Слободно Национално Движење. Многу помали партии не можеле да победат на парламентарни избори. Овие партии се Демократското движење на Бахамите, Коалицијата за демократски реформи и Бахамската националистичка партија. Уставните права ги вклучуваат слободата на говор, печатење, обожавање и здружување. Ако Бахамите географски не се наоѓаат во Карибите, тие се член на Карипската заедница. Судската власт е независка од законодавната и извршната. Правните науки се врз основа на Англискиот закон.

Законодавната моќ ја има дводомниот парламент кој се состои од Собранието (долниот дом) со 41 член, кои се избрани од окрузите, и Сенатот со 16 члена чиишто членови се назначени од генералниот гувернер вклучувајќи девет по предлог на премиерот, четири по предлог на водачот на опозицијата и три по предлог на премиерот по консултација со водачот на опозицијата. Собранискиот дома ги извршува сите главни законодавни функции. Бидејќи е под системот на Вестминстер, премиерот може да го распушти парламентот и да свика општи избори во кое било време во период од 5 години.

Премиерот е шеф на владата на Бахами и најчесто е водач на владеачката партија во земјата. Извршната власт е во рацете на неговиот кабинет на министри, кои пак ги назначува самиот премиер, со поддршка од Собранието. Сегашен премиер на Бахамите е Хјуберт Ингрем. Судскиот систем во државата е независен.

Адиминистративна поделба

Окрузи на Бахамите

Окрузите на Бахамите овозможуваат систем на локално раководење освен Њу Провиденс, чиишто работи се водени директно од централната власт. Во 1996, Парламентот на Бахамите го усвоил Актот за локална самоуправа со цел да се олесни воведувањето на Семејни островски управништва — окрузи на локална самоуправа, советници за локална самоуправа и Локални комитети за различните заедници на островите. Целта на овој акт е да им се овозможи на одбраните водачи да ги водат и надгледуваат работите во нивните окрузи без мешање на централната власт. Се вкупно, има 32 окрузи, во кои избори се спроведуваат на секои 3 години. Исто така постојат 110 Советници и 281 член на Градскиот комитет соодветно на различните окрузи.[13]

Секој Советник или член на Градскиот комитет е одговорен за вистинската употреба на јавните фондови и одржувањето и развојот на нивниот изборен округ.

Покрај Њу Провиденс, останатите окрузи се:

Национални симболи

Националното знаме

Националното знаме на Бахамите

Боите на знамето на Бахамите ја симболизираат претставата и аспирациите на луѓето од Бахамите; дизајнот ги рефлектира аспектите на природната околина (сонце, песок и море) и економскиот и социјален развој. Знамето е црн рамностран триаголник кај шипката, поставен на хоризонтална позадина составена од две бои на три еднакви ленти од синозелена боја, златна и синозелена.

Ова е симболиката на знамето: Црната, јака боја, ја претставува енергијата и силата на обединтетите луѓе, триаголникот што покажува кон телото на знамето ја претставува решителноста на Бахамците да ги развијат и поседуваат богатите ресурси од сонце и море симболизирани со златно и бојата на аквамаринот (синозелена) соодветно. Што се однесува на претставувањето на луѓето со црна боја на кожата, некои бели Бахамци се шегувале дека тие се претставени со конецот што „ги држи сите заедно“.[14]

Грбот на Бахамите

Грбот на Бахамите

Грбот на Бахамите содржи штит со националните симболи како фокусна точка. Штитот го држат марлин (голема морска риба) и фламинго кои се националните животни на Бахамите. Фламингото се наоѓа на земјата, марлинот во морињата што ја претставува географијата на островите.

На врвот на штитот има куќарка од морски полжав што го претставува разновидниот морски свет во ланецот острови. Куќарката лежи на шлем. Под ова е вистинскиот штит, главниот симбол на брод што ја претставува Света Марија на Кристофер Колумбо, покажана како плови под сонцето. На дното, под штитот има знаме на кое е испишано националното мото:[15]

"Forward, Upward, Onward Together." („Напред, исправено, сите заедно“)

Националниот цвет на Бахамите

Национален цвет

Yellow elder е избран за националниот цвет на Бахамите, бидејќи потекнува од таму и цвета преку целата година.

Изборот на овој цвет од многу други бил направен со комбинираното популарно гласање на членовите на сите четири градинарски клубови од Њу Провиденс во 1970те – Насау градинарскиот клуб, Карвер градинарскиот клуб, Меѓународниот градинарски клуб и YWCA градинарскиот клуб.

Тие знаеле дека другите цветови што растат таму како на пример бугенвилејата, хибискусот и др, се веќе одбрани за национални цветови на други земји. Но овој цвет не бил избран од други земји (иако сега е национален цвет на Девствените Острови).[16]

Стопанство

Пристаниште во Насау.

Бахамите се една од најпросперитетните држави во Карипското Море. Државата својата економија ја базира на туризмот. Туризмот како индустриска гранка зазема 60 проценти од БДП, но исто така туризмот обезбедува приходи за околу половина од работоспособното население.[17] Од туристичкиот сектор, како најпопуларни активности се крстарењата со брод. Покрај туризмот, на второ место се финансиските услиги, кои заземаат околу 15 проценти од БДП на Бахамите.

Владата на Бахамите охрабрува и инвестира во привлекувањето на странски капитал и инвестиции во земјата, додека истовремено се одвиваат банкарски и финансиски реформи. Економијата на Бахамите има доста конкурентен режим на даноци. Своите приходи, државата ги обезбедува преку странските тарифирања, претплатите за лиценци, но во земјата нема данок на приход, ДДВ или данок на добивка. Според БДП по глава на жител, Бахамите се трета најбогата држава во Америка, веднаш зад САД и Канада, како и најбогата во Средна и Јужна Америка и најбогата држава во светот каде бројно е африканско население.

Етнички групи

Афро-Бахамци

Афро-Бахамците или Бахамците со Африканско потекло се Бахамци чиишто предци потекнуваат од Африканскиот континент, најчесто од Западна Африка. Првите Африканци што пристигнале на Бахамите доаѓале од Бермудите со Елеутерските Авантуристи како ослободени робови кои бараат нов живот. Моментално, Афро-Бахамците се најголемата етничка група во Бахамите, бидејќи се 85% од вкупното население. Тие успеале да постигнат многу повисок животен стандард во споредба со претходните генерации.

Европејци

Европските Бахамци или Бахамците со европско потекло. Повеќето се наследници на Британските Пуританци и Американските Лојалисти кои пристигнале во 1694 и 1783 соодветно. Тие ја претставуваат најголемата малцинска група во Бахамите со 12% од населението.

Мал дел од Европските Бахамци се наследници на Грчките работници кои дошле да помогнат да се развие индустријата со сунѓери во 1900та (но тие се застапени само со 1%). Поради нивните големи разлики со мнозинството од населението тие успеале да ја зачуваат својата култура.

Исто така има и бели Кубанци, Домениканци (од Доминиканската Република) и Порториканци.

Население: 309,156 (Јули 2009)

Годишна структура: 0-14 години:25,9% (машки 40.085; женски 38.959) 15-64 години: 67,2% (машки 102,154; женски 105, 482) 65 години и повеќе (машки: 8,772; женски: 12,704)

Растечка стапка на населението: 0.925% (2010)[18]

Стапка на раѓање: 17,81 раѓања/1000 население (2010) Стапка на смртност: 9,35 смртни случаи/1000 население (јули 2010)

Нето стапка на миграција: -2,13 мигранти/1000 население (2010)

Стапка на смртност кај доенчињата: 23.21 смртни случаи/1000 население (2010)

Очекувано траење на животот при раѓање: вкупно население: 69,87 години. Жени: 73,49 години (2002) Мажи: 66,32 години.

Стапка на плодност: 2,0 деца/жена (2010)[19]

Националност: Бахамци

Етнички групи: Афро-Бахамци 85%, Европски Бахамци 12%, Шпанци 3%, Азијци/Индо-Карибски 3%.[20]

Религии: Баптисти: 35,4%, англиканци: 15,1%, Римски Католици 13,5%, Пентекостални 8,1%, Црква на Бог 4,8%, Методисти 4,2% други Христијани 15,2%[20] , други Протестанти 12%, без религија или непозната 3%, други 2%[21]. Во категоријата „други“ ги вклучува Евреите, Муслиманите, Хиндусите и практикантите на Обеа.[22]

Верници во Бахами
Христијани
  
96,00 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
3,10 %
Народна Религија
  
0,30 %
Други
  
0,30 %

Јазици: Англиски (официјален), бахамски дијалект [23]

Писменост (над 15 години): вкупното население: 98,2% машки: 98,5% женски 98% (1995)

Култура

Џункану прослава во Насау

Во помалку развиени острови, занаетчиството се состои од кошарство направено од палмини листови. Овој материјал, често нарекуван слама, е сплетен како капи и торби коишто се популарни туристички предмети. Другата употреба им е за т.н Вуду кукли, иако таквите кукли се резултат на имагинацијата на Американците а не се засновани на историски факти.[24]

Иако не е практикувана од нативните Бахамци, форма на фолклорна магија обеа со западноафрикански корени ја практикуваат во некои од Фемили Островите поради Хаитската миграција. Оваа практика е нелегална и во Бахамите е казнива со закон.[25] Џункану е традиционална Африканска улична парада со музика, танц и уметност што се одржува во Насау секој ден по Божиќ и Нова Година. Џункану исто така се употребува за да се празнуваат други празници и настани како Денот на еманципацијата.

Регата се важни социјални настани во многу колонии. Тие траат еден или повеќе денови на кои се плови со старомодни работнички бродови, а исто така има и крајбрежен фестивал.

Некои колонии имаат фестивали поврзани со традиционалната жетва или храна во таа област, како на пример „Ананас Фест“ во Грегори Таун или „Краба Фест“ во Андрос. Другите значајни традиции ги вклучуваат раскажувањето на приказни.

Наводи

  1. „1973: Bahamas' sun sets on British Empire“. BBC News. July 9, 1973. Посетено на 2009-05-01.
  2. Се земаат предвид болести како СИДА, низок животен век, смртност на новороденчиња и морталитетот.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „The Bahamas“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-10-06.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. Languages of the Pre-Columbian Antilles by Julian Granberry and Gary Vescelius
  6. "Looking for Columbus" Архивирано на 19 септември 2008 г.. Joanne E. Dumene. Five Hundred Magazine. April 1990, Vol. 2, No. 1, pp. 11–15
  7. Schools Grapple With Columbus's Legacy: Intrepid Explorer or Ruthless Conqueror?. Education Week. October 9, 1991.
  8. „Diocesan History“. © Copyright 2009 Anglican Communications Department. 2009. Посетено на 2009-05-07.
  9. [Colin] (2009). The Republic of Pirates. Harcourt, Inc. стр. 166–168, 262–314. ISBN 978-0-15-603462-3. Проверете ја вредноста |authorlink= (help); Проверете ја вредноста |authorlink= (help)
  10. Location and General Description Bahamian dry forests, The Encyclopedia of Earth
  11. The Weather Doctor
  12. „Walker, N.D., Roberts, H.H., Rouse, L.J. and Huh, O.K. (1981, November 5). Thermal History of Reef-Associated Environments During A Record Cold-Air Outbreak Event. Coral Reefs (1982) 1:83-87“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-17. Посетено на 2010-12-31.
  13. Family Island District Councillors & Town Committee Members
  14. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-07-25. Посетено на 2011-01-20.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2011-01-20.
  16. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2011-01-20.
  17. "The Bahamas - Economy". Encyclopedia of the Nations. Retrieved March 21, 2010.
  18. „CIA World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 2011-01-20.
  19. „CIA World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2011-01-20.
  20. 20,0 20,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 2011-01-20.
  21. „Religion, Faith and God in the Bahamas“. Архивирано од изворникот на 2012-11-09. Посетено на 2011-01-20.
  22. Bahamas – International Religious Freedom Report 2005 – accessed 8 August 2008
  23. Bahamas Languages Архивирано на 21 септември 2009 г. – accessed August 8, 2008
  24. Hurbon, Laennec. "American Fantasy and Haitian Vodou.” Sacred Arts of Haitian Vodou. Ed. Donald J. Cosentino. Los Angeles: UCLA Fowler Museum of Cultural History, 1995. 181–97.
  25. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-05-19. Посетено на 2011-01-20.

Поврзано

Надворешни врски

Read other articles:

Mir Nizam Ali Khan Siddiqi Asaf Jah IINizam di HyderabadIn carica8 luglio 1762 –6 agosto 1803 PredecessoreAsif ad-Dawlah Mir Ali Salabat Jang SuccessoreMir Akbar Ali Khan Siddiqi Asaf Jah III NascitaHyderabad, 7 marzo 1734 MorteChowmahalla, 6 agosto 1803 (69 anni) Luogo di sepolturaKhuldabad DinastiaAsaf Jahi PadreQamar-ud-din Khan, Asaf Jah I MadreUmda Begum Mir Nizam Ali Khan Siddiqi Asaf Jah II (Hyderabad, 7 marzo 1734 – Chowmahalla, 6 agosto 1803) fu nizam di Hyderabad...

 

Emily BrowningLahirEmily Jane BrowningPekerjaanAktris, penyanyiTahun aktif1998–sekarang Emily Jane Browning,[1] (lahir 7 Desember 1988) [1] adalah seorang aktris film dan penyanyi asal Australia. Browning membuat debut filmnya dalam film televisi Australia The Echo of Thunder, kemudian, dia memainkan peran berulang dalam acara televisi Australia Blue Heelers dan Something In the Air . Peran terobosannya dalam film horor 2002 Ghost Ship, yang membuatnya lebih terkenal ke...

 

Title in the Peerage of England This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Earl of Jersey – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (February 2014) (Learn how and when to remove this template message) Earldom of the Island of JerseyQuarterly, 1st and 4th, argent on a cross gules five escallops or (f...

Isabella IIRatu SpanyolBerkuasa29 September 1833 - 30 September 1868(35 tahun, 1 hari)Pengunduran diri25 Juni 1870(1870-06-25) (umur 39)PendahuluFerdinand VIIPenerusAmadeus IWaliMaria Christina dari Sisilia; Baldomero Espartero, Pangeran VergaraInformasi pribadiKelahiran10 Oktober 1830Madrid, SpanyolKematian10 April 1904(1904-04-10) (umur 73)Paris, PrancisPemakamanEl Escorial, SpanyolWangsaWangsa BourbonAyahFerdinand VII dari SpanyolIbuMaria Christina dari SisiliaPasanganF...

 

Hidari Te МанґаHidari TeАвторCLAMPВидавець ShinshokanЖурналSouth Summer Період випуску16 травня 1994 — 16 травня 1994Кількість томів1 Hidari Te (яп. 左手 хідарі те) — коротке манґа-оповідання групи CLAMP. Історія розповідає, про хлопчика, який дуже боявся темряви і всього, що вона породжує. Він вважав,

 

Maricel Maricel Wölk (* in Hannover) ist eine deutsche Musicaldarstellerin und Popsängerin. Inhaltsverzeichnis 1 Biografie 2 Diskografie 3 Musical- und Operetten-Engagements 4 Veröffentlichungen 5 Einzelnachweise 6 Weblinks Biografie Bereits als Dreizehnjährige textete und komponierte Maricel und verfasste ihre ersten Songs. Nach dem Abitur besuchte sie die Musicalschule Vitztum-Durukan in Hannover und ließ sich in den Fächern Schauspiel, Tanz und Gesang ausbilden, außerdem nahm sie pr...

Cet article est une ébauche concernant les Nord-Amérindiens. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) ; pour plus d’indications, visitez le projet Nord-Amérindiens. Femme apache San Carlos. Les Apaches de l'Ouest sont un groupe d'Apaches vivant dans le Sud-Ouest des États-Unis. À l'époque du contact avec les Européens, ils occupaient une partie de l'Arizona actuel et se subdivisaient en cinq groupes : les San Carlos, White Mountain, Tonto d...

 

Untuk kegunaan lain, lihat Bila (disambiguasi). BilaAlbum studio karya Asbak BandDirilis2 Juli 2010GenrePop, rockLabelNagaswaraKronologi Asbak Band Membuatmu Cinta Padaku (2008)Membuatmu Cinta Padaku2008 Bila (2010) Bila adalah album kedua karya Asbak Band yang dirilis pada tahun 2010. Album ini berisi 10 lagu dengan hits singel Cara Mencintaiku. Daftar lagu No.JudulDurasi1.Cara Mencintaiku4:072.Bila4:453.Tuhan Tolong Diriku4:184.Luka Terindah4:015.Untitled3:326.Bosan Dengan Waktumu4:237....

 

Canada's military flight demonstration squadron For other uses, see Snowbird (disambiguation). A request that this article title be changed to Snowbirds (aerobatic team) is under discussion. Please do not move this article until the discussion is closed. SnowbirdsSnowbirds logoActive25 June 1971 – present (as Snowbirds) 1 April 1978 – present (as 431 Air Demonstration Squadron)Country CanadaBranchRoyal Canadian Air ForceRoleAerobatic flight demonstration teamSize80 Canadian Forces pe...

اضغط هنا للاطلاع على كيفية قراءة التصنيف الشبحة   المرتبة التصنيفية جنس  التصنيف العلمي النطاق: حقيقيات النوى المملكة: حيوانات الشعبة: مفصليات الأرجل الشعيبة: مفصليات الأرجل الحقيقية غير مصنف: جميع القشريات غير مصنف: سداسيات الأرجل الطائفة: الحشرات غير مصنف: الجناحيا...

 

У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: Аве. Аве Координати 34°47′31″ пн. ш. 50°25′23″ сх. д. / 34.79222222002777443° пн. ш. 50.42305556002777678° сх. д. / 34.79222222002777443; 50.42305556002777678Координати: 34°47′31″ пн. ш. 50°25′23″ сх. д. / 34.79222222002777443° ...

 

Institutional corruption in the country Political corruption Concepts Anti-corruption Bribery Cronyism Economics of corruption Electoral fraud Elite capture Influence peddling Kleptocracy Mafia state Nepotism Slush fund Simony Corruption by country Africa Angola Botswana Cameroon Chad Comoros Congo Egypt Equatorial Guinea Eritrea Ethiopia Ghana Guinea-Bissau Kenya Liberia Mauritius Morocco Nigeria Senegal Sierra Leone Somalia South Africa South Sudan Sudan Tanzania Tunisia Uganda Zambia Zimba...

Hololive English-speaking virtual YouTuber Gawr GuraGawr Gura as designed by Amashiro NatsukiPersonal informationBornJune 20OccupationVirtual YouTuberWebsitehololive.hololivepro.com/en/talents/gawr-gura/YouTube informationChannel Gawr Gura Ch. hololive-EN Created byAmashiro Natsuki (character design)Years active2020–presentGenres Livestreaming singing gaming Subscribers4.41 million[1]Total views373.61 million[1]NetworkHololive English Creator Awards100,00...

 

Region of New Zealand This article is about the region of New Zealand. For other uses, see Northland (disambiguation). Place in New ZealandNorthland Region Te Tai TokerauNorthland landscape at Parua BayMotto: Our Northland - together we thriveNorthland Region in New ZealandCountryNew ZealandSeatWhangāreiGovernment • TypeRegional council • BodyNorthland Regional Council • ChairPenny Smart • Deputy chairJustin BlaikieArea • Total...

 

Ini adalah nama India; nama Tripathi merupakan patronimik, bukan nama keluarga, dan tokoh ini dipanggil menggunakan nama depannya, Divyanka. Divyanka TripathiLahir14 Desember 1984 (umur 38)[1]Bhopal, Madhya Pradesh, IndiaKebangsaanIndianNama lainDivyanka Tripathi Dahiya[2]PekerjaanAktrisSuami/istriVivek Dahiya ​(m. 2016)​ Divyanka Tripathi adalah salah satu Aktris India yang berkecimpung di dunia pertelevisian India. Namanya mulai dikenal...

Municipal arrondissement in Île-de-France, France2nd arrondissement of ParisMunicipal arrondissementThe former Paris Bourse Coat of armsLocation within ParisCoordinates: 48°52′09″N 2°20′26″E / 48.86917°N 2.34056°E / 48.86917; 2.34056CountryFranceRegionÎle-de-FranceDepartmentParisCommuneParisGovernment • Mayor (2020–2026) Ariel Weil (PS)Area0.992 km2 (0.383 sq mi)Population (Jan. 2020)[1]21,130 •...

 

Distrik Nam Tra My Huyện Nam Trà MyDistrikNegara VietnamWilayahPusat Pesisir SelatanProvinsiQuang NamPusatTra MaiLuas • Total317 sq mi (822 km2)Populasi (2003) • Total19.876Zona waktuUTC+7 (UTC + 7) Nam Trà My merupakan sebuah distrik (huyện) di provinsi Quang Nam, wilayah Pusat Pesisir Selatan, Vietnam. Distrik ini dikenal karena produksi kayu manis Saigon. Pada tahun 2003, distrik ini memiliki populasi sebesar 19,876 jiwa.[1] Di...

 

Commercial group operating in defence and aerospace For the hotel chain formerly known as the Paramount Group of Hotels, see The Hotel Collection. Paramount GroupTypeProprietary companyIndustryDefenceAerospaceShipbuildingFounded1994; 29 years ago (1994)FounderIvor IchikowitzHeadquartersSandton, City of Johannesburg, Gauteng, South AfricaArea servedWorldwideKey peopleSteve Griessel (CEO)ProductsCombat systems, aircraft, helicopters, combat vehicles, boats, shipsNumber of empl...

Reverend Doctor Margaret Jane Joachim MBE (born 25 June 1949) is a British former Liberal Party and current Liberal Democrat politician who was chair of the Women's Liberal Democrats. Background Joachim was the daughter of Reginald and Joyce Margaret Carpenter. She was educated at Brighton and Hove High School, St Hugh's College, Oxford (MA Geology) and the University of Birmingham (PhD Geology). In 1970 she married Paul Joseph Joachim. They had one daughter.[1] Political career Joach...

 

Species of fish Goanna fish Drawing by Dr Tony Ayling Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Actinopterygii Order: Notacanthiformes Family: Halosauridae Genus: Halosaurus Species: H. pectoralis Binomial name Halosaurus pectoralisMcCulloch, 1926 The goanna fish, Australian halosaur, or common halosaur, Halosaurus pectoralis, is a halosaur of the genus Halosaurus, found in the south west Pacific Ocean. References Froese, Rainer; Pauly, Daniel ...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!