Зимски олимписки игри 2014

XXII Зимски олимписки игри
Официјално лого на Зимските олимписки игри 2014
Град-домаќин Сочи, Русија
Гесло „Жешки. Зимски. Твои.“
Земји-учеснички 88
Натпреварувачи 2.871
Натпревари 98 од 7 спортови
Свечено отворање 7 февруари
Свечено затворање 23 февруари
Отворена од Владимир Путин
Натпреварувачка заклетва Руслан Захаров
Судиска заклетва Вјачеслав Веденин
Олимписки оган Владислав Третјак
Ирина Роднина
Стадион Олимписки стадион
Location of Sochi, Russia
Сочи
Местоположба на Сочи, Русија
Банкнота на 100 руски рубљи издадена во 2013 од Централната банка на Русија во чест на Игрите

XXII Зимски олимписки игризимски олимписки игри коишто се одржале од 7 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија,[1] додека некои настани се одржале во зимското одморалиште Краснаја Полјана.

На игрите се одржале 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 биле организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала.[2] Олимпијадата во Сочи била првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.

Настаните од Зимската олимпијада 2014 се одржале на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинската долина на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓале во близина, додека настаните на отворено се одржувале во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатни 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата.[3]

Организацијата на Зимските олимписки игри 2014 биле вознемирена од неколку големи скандали, вклучувајќи ги обвинувањата за корупција кои довеле до сериозно покачување на трошоците, заедно со загриженоста на политичарите и спортистите за забраната на „пропаганда на нетрадиционални сексуални врски“ на Игрите.

Избор на град-домаќин

Жителите на Сочи ја прославиле одлуката на МОК за одржување на Зимската Олимпијада 2014 во Сочи, 4 јули 2007

Сочи бил избран на 4 јули 2007 во текот на 119. заседание на Меѓународниот олимписки комитет одржано во Гватемала Сити, Гватемала, поразувајќи ги кандидатурите на Салцбург, Австрија и на Пјонгчанг, Јужна Кореја.[4] Ова ќе биде првпат Руската Федерација да биде домаќин на Зимските олимписки игри. СССР бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 одржани во и околу Москва.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин

на Зимските олимписки игри 2014

Град Земја (НОК) Прв круг Втор круг
Сочи  Русија 34 51
Пјонгчанг  Јужна Кореја 36 47
Салцбург  Австрија 25

Трошоци

До октомври 2013, проценети трошоци на Зимските олимписки игри 2014 достигнале 51 милијарда долари. Оваа вкупна сума е четири пати повеќе отколку првичниот буџет од 12 милијарди долари (споредено со 8 милијарди долари потрошени за Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер), со што игрите во Сочи биле најскапи олимписки игри во историјата, надминувајќи ги проценетите трошоци од 44 милијарди долари на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. Зголемувањето е припишано на квалитетот и условите на работата; Леонид Мартињук и Борис Немцов исто така тврделе дека 30 милијарди долари од буџетот биле проневерени или дадени како мито од Путин.[5][6][7]

Одобрени средства
од 2006 до 2014
Година Млрд. рубљи[8]
2006 5
2007 16
2008 32
2009 27
2010 22
2011 27
2012 26
2013 22
2014 8

Според претседателот и извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко, се дозволува употреба на средства собрание за Сочи 2014 за развојниот период 2009/10 од партнерства и комерцијални програми, одложувајќи ја потребата за државни средства гарантирани од руската влада. Потврдил дека организацискиот комитет собрал повеќе од 500 милиони долари од маркетинг во првите пет месеци од 2009.[9]

Руската влада обезбедила скоро 327 милијарди рубљи (околу 10 милијарди долари) за вкупниот развој, проширување и одржување на Игрите. 192 милијарди рубљи доаѓаат од федералниот буџет, а 7 милијарди рубљи од буџетот на Краснодарскиот крај и од буџетот на Сочи. Организаторите очекувале да имаат суфицит од 300 милиони долари по завршувањето на игрите.[10]

Финансирањето од небуџетски извори (вклучувајќи средства од приватни инвеститори) — распределено по:[11]

  • Туристичка инфраструктура: 2,6 млрд. долари
  • Олимписки места: 500 мил. долари
  • Сообраќајна инфраструктура: 270 мил. долари
  • Електрично снабдување: 100 мил. долари

Собиралишта

Со просечна температура од 8,3 °C во февруари и влажна суптропска клима, Сочи бил најтоплиот град, кој негогаш бил домаќин на Зимските олимписки игри.[12] Игрите биле 12. олимписки игри по ред кои го забранувале пушењето: сите собиралишта во Сочи, баровите и рестораните во Олимпискиот парк и јавните површини биле забранети области за пушење во текот на игрите.[13]

Крајбрежно подрачје

Олимпискиот парк со сите други собиралишта околу наградниот плочник

Олимпискиот парк во Сочи е изграден покрај брегот на Црното Море во Имеретинската Долина, околу 4 километри од руската граница со Грузија.[14][15] Собиралиштата че бидат сместени околу езерцето Медалс Плаза, со што се овозможува сите затворени објекти да бидат во близина. Нови собиралишта се:[16]

Планинско подрачје

Скијачко одморалиште во Краснаја Полјана

По Олимпијадата

По Олимпијадата се планира да се организира градска улична трка на Формула 1 околу Олимпискиот парк. Договорот за одржување на Големата награда на Русија бил потпишан на 14 октомври 2010 и важи од 2014 до 2020.[18] Првата трка ќе се одржи по церемонијата на затворање на Игрите, но МОК објавил дека трката ќе биде одложена до 2015, ако изградбата на патеката засмета на подготовките за Олимпијадата 2014.[19]

Игрите

Олимписки пламен

Принцот Алберт II од Монако и претседателот Владимир Путин со олимпискиот пламен во Москва.

На 29 септември 2013, олимпискиот пламен бил запален во Олимпија, започнувајќи го седумдневното патување низ Грција и кон Русија, потоа штафетата започнала во Москва на 7 октомври 2013 пред да помине низ 83 руски градови и да пристигне во Сочи на денот на церемонијата на отворање, 7 февруари 2014.[20] Тоа била најдолга штафета на пламенот во олимписката историја, поминувајќи над 60.000 километри низ сите региони на земјата, од Калининградската Област на западот до Чукотска на истокот, а факелот го носеле олколу 14.000 луѓе.[21]

Олимпискиот пламен стигнал на Северниот Пол по првпат со атомски мразокршач и по првпат бил однесен во вселената, руските космонауит Олег Котов и Сергеј Рјазански го однеле на Меѓународната вселенска станица.[22] Пламенот исто така бил однесен на највисоката планина во Европа Елбрус, како и во длабочините на сиберското Бајкалско Езеро.[23]

Земји-учеснички

Вкупно 88 земји обезбедиле учество со најмалку еден спортист.[24][25][26][27][28][29] Бројот на спортисти по дадени земји е прикажан подолу. За првпат на игрите учествувале спортистите од седум земји: Доминика, Малта, Парагвај, Источен Тимор, Того, Тонга и Зимбабве.[30] Кристина Кроне се квалификувала за настап на вторите по ред игри за нејзината нација Порторико, но островскиот олимписки комитет одлучил да не ја испрати повторно како што направиле во 2010.[31] Слично, Јужна Африка одлучила да не го испрати алпскиот скијач Сиве Спелман во Сочи.[32] Алжир исто така не го пратил својот единствен квалификуван спортист Мехди-Селим Келифи.[33]

Земји-учеснички на Зимските олимписки игри (број на квалификувани спортисти)

Држави кои учествувале во 2010, но не во 2014. Држави кои учествувале во 2014, но не во 2010.
Алжир (2010)
Колумбија (2010)
Етиопија (2010)
Гана (2010)
Индија (2010)
Северна Кореја (2010)
Сенегал (2010)
ЈАР (2010)
Доминика (2014)
Луксембург (2014)
Малта (2014)
Парагвај (2014)
Филипини (2014)
Тајланд (2014)
Источен Тимор (2014)
Того (2014)
Тонга (2014)
Венецуела (2014)
Девствени Острови (2014)
Зимбабве (2014)
  • Спортистите од Индија настапиле под олимпиското знаме. Индија била суспендирана во декември 2012 поради изборниот процес во индиската олимписка асоцијација.[34]

Спортови

Вкупно 98 настани во 15 дисциплини во 7 спортови биле вклучени на Зимските олимписки игри 2014. Три дисциплини во лизгање се уметничко лизгање, брзо лизгање и брзо лизгање на кратки патеки. Шест скијачки спортски дисциплини се алпско скијање, нордиско скијање, слободно скијање, нордиска комбинација, скијачки скокови и скијање на даска. Две санкачки спортски дисциплини се боб и скелетон. Други четири спортови се биатлон, карлинг, хокеј на мраз и санкање. Вкупно дванаесет нови настани биле воведени на најголемите зимски игри досега.[35] Бројот во заградите го означува бројот на настани предвидени во спортските дисциплини.

Календар

Во следниот календар секоја сина клетка претставува едно или повеќе настани, како што се квалификациите, во даден ден. Жолтите клетки ги претставуваат настани за медали во спортовите и во секоја ќелија е впишан бројот на финалиња предвидени да се одржат тој ден.[36]

Сите датуми се под MSK (UTC+4)
ЦО Церемонија на отворање Квалификации 1 Финалиња ЕГ Егзибиции ЦЗ Церемонија на затворање
Февруари 6.
Чет
7.
Пет
8.
Саб
9.
Нед
10.
Пон
11.
Вто
12.
Сре
13.
Чет
14.
Пет
15.
Саб
16.
Нед
17.
Пон
18.
Вто
19.
Сре
20.
Чет
21.
Пет
22.
Саб
23.
Нед
Настани
Церемонии ЦО ЦЗ
Алпско скијање 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 10
Биатлон 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 11
Боб 1 1 1 3
Нордиско скијање 1 1 2 1 1 1 1 2 1 1 12
Карлинг 1 1 2
Уметничко лизгање 1 1 1 1 1 ЕГ 5
Слободно скијање 1 1 1 1 1 1 1 2 1 10
Хокеј на мраз 1 1 2
Санкање 1 1 1 1 4
Нордиска комбинација 1 1 1 3
Брзо лизгање на кратки патеки 1 1 2 1 3 8
Скелетон 1 1 2
Скијачки скокови 1 1 1 1 4
Скијање на даска 1 1 1 1 1 1 2 2 10
Брзо лизгање 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 2 12
Вкупно настани 5 8 5 8 6 6 6 7 5 6 5 8 6 7 7 3 98
Кумулативно вкупно 5 13 18 26 32 38 44 51 56 62 67 75 81 88 95 98
Февруари 6.
Чет
7.
Пет
8.
Саб
9.
Нед
10.
Пон
11.
Вто
12.
Сре
13.
Чет
14.
Пет
15.
Саб
16.
Нед
17.
Пон
18.
Вто
19.
Сре
20.
Чет
21.
Пет
22.
Саб
23.
Нед
Настани

Краток преглед

  • Норвежанецот Оле Ејнар Бјорндален победил во спринтот во биатлон и како дел од мешаната штафета на својата земја, со што се изедначил со својот сонародник Бјорн Дели по бројот на освоени златни медали, вкупно 8, и со рекордни 13 освоени медали станал најуспешниот натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри.
  • Во натпреварите во алпско скијање, најуспешен натпреварувач бил Норвежанецот Кјетил Јансруд, кој освоил злато во супер-велеслалом и бронза во спуст. Меѓу скијачките, најуспешна била Тина Мазе од Словенија, освојувајќи два златни медали, во спуст и во велеслалом.
  • Полјакот Камил Штох станал третиот ски-скокач во историјата, по Мати Никенен и Симон Аман, кој успеал да победи на малата и на големата скокалница на едни Олимписки игри.
  • Натпреварувачите во брзо лизгање од Холандија имале апсолутна доминација во овој спорт, освојуваќи 8 златни и вкупно 23 медали во 12 дисциплини. Лизгачите од оваа земја освоиле медал во секоја дисциплина, а дури во четири ги зазеле сите места на победничкиот подиум. Интересно е што спортистите на Холандија, покрај успехот во овој спорт, освоиле уште само еден бронзен медал, а на конечната табела се нашле на петтото место по бројот на освоени медали.
  • Во брзо лизгање на кратки патеки, рускиот лизгач Виктор Ан освоил три златни и еден бронзен медал и со тоа бил најуспешен натпреварувач на игрите.
  • Марит Бјерген вторпат по ред освоила три златни медали во скијачко трчање и повторно била најуспешна спортистка на игрите. Но, овој пат, исто остварување остварила и белоруската биатлонка Дарја Домрачева, која трите златни медали ги освоила во потера, поединечната трка и трката со масовен старт.
  • Италијанскиот санкач Армин Цегелер освоил бронзен медал во поединечна конкуренција, со што станал првиот спортист кој освоил медал на шест различни Зимски олимписки игри. Најуспешни во натпреварите во овој спорт биле санкачите од Германија, кои ги освоиле златните медали во сите четири дисциплини.
  • Во скијање на даска, Вик Вајлд од Русија освоил златни медали во дисциплините спореден велеслалом и напореден слалом. Со победата во напореден слалом, тој станал првиот олимписки победник во оваа дисциплина.
  • Репрезентациите на Канада биле најуспешни во екипните спортови, освојуваќи ги сите четири златни медали, по два во карлинг и хокеј на мраз. На женскиот турнир во хокеј на мраз, канадските репрезентативки во финалето ја победиле репрезентацијата на САД со 3-2, откако во последните пет минути од регуларниот тек на натпреварот надоместиле негатива од 2-0 за да го добијат натпреварот со постигнат златен гол. Хокеарите на Канада, пак, златниот медал го освоиле по победата во финалето против Шведска со 3-0.
  • Најуспешна нација на игрите била Русија, чии спортисти освоиле најмногу златни (11) и најголем вјупен број медали (29).

Освојувачи на медали

     земја-домаќин (Русија)

Место NOC Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Русија (RUS) 11 9 9 29
2  Норвешка (NOR) 11 5 10 26
3  Канада (CAN) 10 10 5 25
4  САД (USA) 9 7 12 28
5  Холандија (NED) 8 7 9 24
6  Германија (GER) 8 6 5 19
7  Швајцарија (SUI) 6 3 2 11
8  Белорусија (BLR) 5 0 1 6
9  Австрија (AUT) 4 8 5 17
10  Франција (FRA) 4 4 7 15

Поврзано

Наводи

  1. Пинсент, Метју (15 октомври 2011). „Сочи 2014: Поглед на олимпискиот град“. BBC News Online. Посетено на 15 октомври 2011.
  2. „Кандидати за Зимските олимписки игри 2014“. GamesBids. Архивирано од изворникот на 2007-03-23. Посетено на 2 април 2007.
  3. „Зошто Сочи е најскапата Олимпијада на сите времиња“. Офнет. 18 јануари 2014. Посетено на 24 јануари 2014.
  4. „Сочи избран како домаќин на XXII Зимските олимписки игри, Меѓународен олимписки комитет, 4 јули 2007“. Olympic.org. Посетено на 17 јануари 2014.
  5. „Трошоци на Олимпијадата во Пекинг“. The Guardian. Лондон. 28 јули 2008. Посетено на 5 јуни 2009.
  6. „Најскапи олимписки игри во историјата: Игрите во Сочи 2014 чинеле над 50 милијарди долари“. Russia Today. Посетено на 5 декември 2013.
  7. „Сочи 2014: најскапа Олимпијада досега, но каде отишле сите пари?“. The Guardian. Посетено на 5 декември 2013.
  8. „Interfax“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 2014-01-28.
  9. „Сочи 2014 потврди способност за самофинансирање во 2009/10, 2 јуни 2009“. Sochi2014.com. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 17 јануари 2014.
  10. „Сочи 2014 очекува 300 милиони суфицит, 14 октомври 2011“. Gamesbids.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-31. Посетено на 17 јануари 2014.
  11. Experts analyzed which industries are most interested in Sochi Olympics Архивирано на 20 октомври 2007 г. Rosbalt.biz, 6 јули 2007 (руски)
  12. Vancouver Olympics: Embarrassed Russia looks to 2014 Sochi Olympics The Christian Science Monitor, 1 март 2010
  13. Rio Golf Course; Women's World Cup; IOC Nominee for Japan? – No Smoking in Sochi Архивирано на 2 декември 2013 г. Around the Rings, 14 јули 2011
  14. „Измешани чувства во Сочи пред Олимпијадата“. BBC News. 26 ноември 2008. Посетено на 17 јануари 2014.
  15. Russian Deputy PM leads Sochi delegation to inspect Munich Olympic Park Inside the Games, 22 мај 2010
  16. Посмотрели свысока Архивирано на 7 август 2013 г. Yugopolis, 16 јули 2013
  17. Олимписки стадион Фишт Сочи 2014; 31 декември 2010
  18. Корсунскаја, Дарја; Генади Фидоров, Алан Болдвин (14 октомври 2010). „Сочи ќе биде домаќин на руското ГП од 2014–2020“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 20 октомври 2010.
  19. „МОК се заканува со одложување на руското ГП“. GP Update. 13 јануари 2011. Посетено на 6 април 2012.
  20. „Russia anti-gay law casts a shadow over Sochi's 2014 Olympics“. Washington Post. Посетено на 29 септември 2013.
  21. „Промовиран олимпискиот факел за Сочи 2014 година“. Мкд.мк. Архивирано од изворникот на 2014-02-11. Посетено на 15 јануари 2013.
  22. „Олимпискиот факел првпат на прошетка во Вселената“. Курир.мк. Посетено на 6 ноември 2013.[мртва врска]
  23. Лумена, Ден (23 ноември 2013). „Sochi Olympic torch takes plunge into world's deepest lake“. Latimes.com. Посетено на 9 декември 2013.
  24. Africa: Athletes Return to Tropical Roots to Reach Winter Olympics
  25. „XXII Olympic Winter Games 2014 Sochi - Entries Short Track Speed Skating“. International Skating Union. 22 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 2 декември 2013.
  26. „Зимски олимписки игри 2014“. IIHF. Посетено на 2 декември 2013.
  27. „Квалификации за олимписките игри“. World Curling Federation. Посетено на 2 декември 2013.
  28. „Olympic Winter Games 2014 - Entries/Participation Single & Pair Skating and Ice Dance“. International Skating Union. 1 октомври 2013. Посетено на 2 декември 2013.
  29. „2014 Winter Olympic NOC quota“. real biathlon. 8 март 2013. Посетено на 2 декември 2013.
  30. Мекензи, Ерик (16 јануари 2014). „Sochi Spotlight: Zimbabwe's first Winter Olympian“. Pique Newsmagazine. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 16 јануари 2014.
  31. Паган Ривера, Естебан (12 јануари 2014). „Kristina Krone: Quería ir a Sochi, pero nunca recibió contestación del Comité Olímpico“. Primerahora (шпански). Посетено на 12 јануари 2014.
  32. „Sascoc crush Speelman's Olympic dream“. http://www.iol.co.za/. IOL Sport. 23 јануари 2014. Посетено на 24 јануари 2014. Надворешна врска во |website= (help)
  33. „L'histoire invraisemblable de Mehdi Khelifi privé de J.O par l'Algérie“. France 3. 24 јануари 2014. Посетено на 24 јануари 2014.
  34. „Sochi Games: Four Indian skiers to go as independent athletes“. Zee news. 31 декември 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 31 декември 2013.
  35. „Рог најави три нови дисциплини за Сочи 2014“. Russia Today. TV-Novosti. 5 јули 2011. Посетено на 6 јули 2011.
  36. „Распоред на натпреварувањата“. Sochi 2014 Olympic and Paralympic Organizing Committee. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 21 декември 2013.

Надворешни врски

Претходник
Ванкувер
Зимски олимписки игри
Сочи

XXII Зимски олимписки игри (2014)
Наследник
Пјонгчанг

Read other articles:

This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: Governor of Central Java – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2021) Governor of Central JavaSeal of the ProvinceIncumbentNana SudjanaActing since 5 September 2023ResidenceWisma Perdamaian (Official)Puri Gedeh (other)Term len...

 

Lay-out stratencircuit Toronto. 1997 Molson Indy Het circuit van Toronto is een stratencircuit gelegen op de multifunctionele terreinen van Exhibition Place in de Canadese stad Toronto. Het heeft een lengte van 2,82 km. De eerste Champ Car race op het circuit werd gereden in 1986 en gewonnen door Bobby Rahal. Vanaf dat jaar werd het circuit zonder onderbreking jaarlijks gebruikt voor een race uit het Champ Car kampioenschap, tot deze raceklasse in 2007 ophield te bestaan. Vanaf 2009 staa...

 

У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: Увей. Увейспр. китайська: 武威市 (9 травня 2001) Основні дані 37°55′40″ пн. ш. 102°37′58″ сх. д. / 37.92781000002777603° пн. ш. 102.63286000002777598° сх. д. / 37.92781000002777603; 102.63286000002777598Координати: 37°55′40″ пн. ш. 102°37′58

Wappen Deutschlandkarte 54.111.6166666666679Koordinaten: 54° 6′ N, 11° 37′ O Basisdaten Bundesland: Mecklenburg-Vorpommern Landkreis: Rostock Amt: Neubukow-Salzhaff Höhe: 9 m ü. NHN Fläche: 34,22 km2 Einwohner: 2192 (31. Dez. 2022)[1] Bevölkerungsdichte: 64 Einwohner je km2 Postleitzahl: 18230 Vorwahl: 038296 Kfz-Kennzeichen: LRO, BÜZ, DBR, GÜ, ROS, TET Gemeindeschlüssel: 13 0 72 085 LOCODE: DE RRE Adres...

 

Pour les articles homonymes, voir Chalumeau. Cet article est une ébauche concernant les techniques, les sciences appliquées ou la technologie. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) selon les recommandations des projets correspondants. Cet article concerne l'outil employé en métallurgie. Pour l'outil employé en acériculture, voir Chalumeau (acériculture). Un chalumeau à propane. Le chalumeau est un outil employé pour la découpe ou la soudure t...

 

Atlantic tropical storm in 2021 Tropical Storm Danny Tropical Storm Danny at peak intensity on June 28Meteorological historyFormedJune 27, 2021DissipatedJune 29, 2021Tropical storm1-minute sustained (SSHWS/NWS)Highest winds45 mph (75 km/h)Lowest pressure1009 mbar (hPa); 29.80 inHgOverall effectsFatalitiesNoneDamage$5,000 (2021 USD)Areas affectedSoutheastern United States (mainly South Carolina and Georgia)IBTrACSPart of the 2021 Atlantic hurricane season Tropical Stor...

American writer Ellen KushnerKushner in 2013BornOctober 6, 1955 (1955-10-06) (age 68)Washington, D.C., U.S.Alma materBarnard CollegeGenreSpeculative fiction, fantasy of mannersNotable awards1991 World Fantasy Award, 1991 Mythopoeic Award, and 2007 Locus Award for Best Fantasy NovelSpouseDelia ShermanWebsitewww.ellenkushner.com Delia Sherman (l.) and Ellen Kushner. Ellen Kushner (born October 6, 1955) is an American writer of fantasy novels. From 1996 until 2010, she was the hos...

 

1917-1923 aircraft manufacturer in Ohio, USA Dayton-Wright CompanyFormerlyDayton Airplane CompanyIndustryAerospaceFounded1917; 106 years ago (1917)FoundersEdward Andrew DeedsCharles F. KetteringDefunct1923 (1923)FateRights sold to Consolidated Aircraft CorporationHeadquartersDayton, Ohio, United States of AmericaParentDELCO(1917–1919)General Motors(1919–1923) The Dayton-Wright Company was formed in 1917, on the declaration of war between the United States and German...

 

Туристи́чно-інформаці́йний центр (ТІЦ) — це місце де надається інформація про туристично-рекреаційні можливості, в тому числі місця, ресурси обраного туристами регіону. Види Є різні типи центрів — міські центри, екологічні, маркетингові, презентаційні, культурниц...

Raised deck behind the main mast of a sailing ship For other uses, see Quarterdeck (disambiguation). Raised quarterdeck of an 18th-century frigate, between the main mast and the even higher poop deck at the stern. Before helicopter decks became common, warships such as the Rothesay class often had a deck at the stern used for secondary armament. Seaplanes were often operated from the quarterdeck of battleships, as here on USS Colorado A model of the richly decorated stern and quarterdeck...

 

Australian rules football match 2021 AFL Grand FinalOptus Stadium (pictured) where the 2021 AFL Grand Final was played at the moment Simon Goodwin and Max Gawn raise the premiership cup together. Melbourne Western Bulldogs 21.14 (140) 10.6 (66) 1 2 3 4 MEL 4.5 (29) 5.9 (39) 12.11 (83) 21.14 (140) WBD 1.2 (8) 7.5 (47) 9.5 (59) 10.6 (66) Date25 September 2021, 5:15pm AWSTStadiumPerth StadiumAttendance61,118[1]FavouriteMelbourneUmpiresMatt Stevic, Brett Rosebury, Jacob MollisonCoin toss ...

 

Noodles in Korean cuisineKorean noodlesJapchae, a Korean dish of stir-fried cellophane noodlesTypeNoodlePlace of originKorea  Media: Korean noodles Korean noodlesHangul국수 / 면Hanja麵Revised Romanizationguksu / myeonMcCune–Reischauerkuksu / myŏn This article is part of a series onKorean cuisine한국 요리조선 료리 Staples Bap Bibimbap Bokkeum-bap Gukbap Juk Mieum Guksu Naengmyeon Mandu AncillariesPickled dishes Jangajji Jeotgal Kimchi Baek-kimchi Dongchimi Kkakdugi Naba...

Destroyer of the Regia Marina History Kingdom of Italy NameLegionario NamesakeLegionary BuilderO.T.O., Livorno Laid down21 October 1940 Launched16 April 1941 Completed16 May 1942 Stricken9 August 1948 FateTransferred to France as war reparations, 15 August 1948 General characteristics (as built) Class and typeSoldati-class destroyer Displacement 1,820–1,850 long tons (1,850–1,880 t) (standard) 2,450–2,550 long tons (2,490–2,590 t) (full load) Length 106.7 m (350 ft...

 

Vitamin C ist eine Weiterleitung auf diesen Artikel. Weitere Bedeutungen sind unter Vitamin C (Begriffsklärung) aufgeführt. Strukturformel L-Ascorbinsäure Allgemeines Trivialname Vitamin C Andere Namen (5R)-5-[(1S)-1,2-Dihydroxyethyl]-3,4-dihydroxy-5-hydrofuran-2-on (IUPAC) L-(+)-Ascorbinsäure E 300[1] 3-Oxo-L-gulonsäure-γ-lacton Hexuronsäure (veraltet) Antiskorbut-Vitamin (veraltet) ASCORBIC ACID (INCI)[2] Summenformel C6H8O6 CAS-Nummer 50-81-7 PubChem 5785 A...

 

1934 film by Frank R. Strayer Fugitive RoadWera Engels and Erich von StroheimDirected byFrank R. StrayerWritten byCharles BeldenRobert EllisProduced byMaury M. CohenStarringErich von StroheimWera EngelsLeslie FentonCinematographyM.A. AndersonEdited byRoland D. ReedProductioncompanyInvincible PicturesDistributed byChesterfield PicturesRelease dateAugust 22, 1934Running time69 minutesCountryUnited StatesLanguageEnglish Fugitive Road is a 1934 American comedy drama film directed by Frank R. Stra...

Reruntuhan di Soluntum Soluntum atau Solus adalah sebuah kota kuno di pesisir Laut Tirenia di Pulau Sisilia dekat komun Santa Flavia, Italia. Di zaman kuno, Soluntum adalah salah satu dari tiga pemukiman utama bangsa Fenisia di pulau itu. Nama Dalam bahasa Punisia, kota itu disebut Kapara (

 

Cell organelle that packages proteins for export For the song, see Junta (album).Cell biologyGolgi apparatusComponents of a typical Golgi apparatus: Cisternæ Lumen Incoming transport vesicle Cis face Trans face Outgoing transport vesicle Micrograph of Golgi apparatus, visible as a stack of semicircular black rings near the bottom. Numerous circular vesicles can be seen in proximity to the organelle. The Golgi apparatus (/ˈɡɒldʒi/), also known as the Golgi complex, Golgi body, or simply t...

 

1960 studio album by John Wright TrioSouth Side SoulStudio album by John Wright TrioReleased1960RecordedAugust 30, 1960StudioVan Gelder Studio, Englewood Cliffs, New JerseyGenreJazzLength36:06LabelPrestigePRLP 7190ProducerEsmond EdwardsJohn Wright chronology South Side Soul(1960) Nice 'n' Tasty(1961) South Side Soul is the debut album by jazz pianist John Wright which was recorded in 1960 and released on the Prestige label.[1][2][3] Reception Professional ratin...

American jazz vibraphonist, pianist, and arranger Marjorie HyamsBorn(1920-08-09)August 9, 1920DiedJune 14, 2012(2012-06-14) (aged 91)GenresJazz, modal jazz, third stream, cool jazz, post-bopOccupation(s)Musician, arrangerInstrument(s)Vibraphone, pianoYears active1940–1970Musical artist Marjorie Hyams (August 9, 1920 – June 14, 2012)[1] was an American jazz vibraphonist, pianist, and arranger. She began her career as a vibraphonist in the 1940s, playing with Woody Herman (...

 

此條目没有列出任何参考或来源。 (2010年12月26日)維基百科所有的內容都應該可供查證。请协助補充可靠来源以改善这篇条目。无法查证的內容可能會因為異議提出而被移除。 强力集团(俄語:Могучая кучка),又稱五人樂派、俄國五人組,是一个在1856年到1870年之间俄国圣彼得堡建立的音乐创作小圈子,成员有巴拉基列夫、穆索斯基、里姆斯基-科萨科夫、鲍罗丁和庫...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!