Непал се натпреварувал на единаесет Летни олимписки игри, и на три Зимски олимписки игри.
Теџбир Бура, непалец, освоил олимписки златен медал во мешан алпинизам на зимските игри во 1924 година за неговата улога лкао член ана експедицијата за освојување на Монт Еверест во 1922 година.[1] Сепак, бидејќи учествувале и алпинисти од други земји, наградата била доделена на мешовита екипа.[2] Понатамошно, на мрежната страница на МОК овој медал не се смета како официјално доделен.[3]
Непалскиот теквондо натпреварувач Бидан Лама освоил бронзен медал на игрите во 1988 година во Сеул, кога теквондото бил изложбен спорт.[4]
Непалскиот олимписки комитет бил основан во 1962 госина а признаен од страна на МОК во 1963 година.[5]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски