Данска за првпат учествувала на Летните олимписки игри во 1896 година кои се одржале во Атина, и од тогаш пропуштила само едни Олимписки игри, и тоа во 1904 година.
На Зимските олимписки игри, Данска за првпат учествувала во 1948 година. Во перидото до 1988, не била редовен учесник, но од 1988 до денес има учествувавно на сите Зимски олимписки игри.
Данска, заклучно со 2009 година, има освоено 171 медал на Олимпијадите, а едрењето е најтрофеен спорт за натпреварувачите на оваа земја. На Зимските олимписки игри, данските спортисти имаат освоено само еден медал во карлинг во женска конкуренција, на игрите во 1998 во Нагано, Јапонија.
Националниот олимписки комитет на Данска (National Olympic Committee and Sports Confederation of Denmark) е основан во 1905 година.
Медали
Медали на ЛОИ
|
Медали на ЗОИ
|
Медали по спорт на ЛОИ
Медалисти
Индивидуални медалисти
Екипни медалисти
Данска била успешна на Олимписките игри во екипни спортови како фудбал, ракомет и екипна гимнастика. Во фудбал Данска освоила четири медали, исто колку и во екипна гимнастика. Женската ракометна репрезентација на Данска има освоено три златни медали, додека машката има еден.
Надворешни врски