СССР дебитирал на Олимписките игри. Првиот златен медал за СССР го освоила Нина Ромашкова во дисциплината фрлање диск, а во гимнастика Советскиот Сојуз го освојува првото од осумте последователни златни медали.
И Израел дебитирал на Олимписките игри. Израел требал да дебитира на игрите 4 години пред тоа, но тоа не се случило поради борбата за независност.
Унгарија освоила 42 медали (16 златни, 10 сребрени и 16 бронзени) и била трета најуспешна нација што било вистинско изненадување.
Унгарскиот златен тим предводен од Ференц Пушкаш го освоил златниот медал во фудбал со победи во сите натпревари, а во финалето поразена била Југославија со 2-0. За Југославија ова бил втор последователен сребрен медал.
Германија и Јапонија повторно добиле дозвола и се вратиле на Олимписките игри. Од окупираната и поделена Германија настапиле Западна Германија и Заарланд како посебна земја-учесничка која во 1955 година се припоила со Западна Германија. Источна Германија не учествувала на игрите. За чудо, за прв и единствен пат во историјата на Олимписките игри Германија не освоила златен медал и покрај тоа што била петта по број на освоени медали 24 (7 сребрени и 17 бронзени медали).
Правилата во коњичките спортови биле променети. На лицата со воени чинови не им било дозволено да се натпреваруваат, а учествувале и жени. Лис Хартел од Данска станала првата жена којашто освоил златен медал во коњички спортови.
Емил Затопек од Чехословачка освоил 3 златни медали во трките на 5.000m, 10.000m и во маратонот. Овие трки пртетходно ги немал трчано.
Боб Матијас од САД го одбранил златото освоено 4 години пред тоа во десетобој освојувајќи 7887 бода.
Џози Бартел од Луксембург приредил големо изненадување освојувајќи златен медал во трката на 1.500m.