По вторпат во Олимписката историја Олимписките игри се одржаа во јужната полутопка. За првпат тоа се случило со организираните игри во 1956 година во Мелбурн.
И покрај тоа што игрите се одржаа повторно во Австралија по 52-годишна пауза, овие игри не ги отворила британската кралица Елизабета II.
Ијан Торп од Австралија освои 3 златни и 2 сребрени медали во пливање на само 17 години. Посебен впешаток остави во трките на 400m слободен стил и штафетата 4x100m слободно во која, тој во последната измена успеа да го надомести заостатокот зад дотогаш водечката штафета на САД.
Стив Редгрејв од Велика Британија во веслање во дисциплината четворка без кормилар го освои својот петти златен медал на петтите Олимписки игри.
Во финалето на Олимпискиот турнир во фудбал во машка конкуренција Камерун ја совлада Шпанија по изведувањето на пеналите со што ја освои својата прва историска титула во овој спорт на Олимписките игри.
На 29 септември, канадското знаме беше спуштено на половина копје откако ден пред тоа почина поранешниот канадски премиер Пјер Трудо.
Спортисти од 199 земји (Национални олимписки комитети) земаа учество на игрите во Сиднеј. На игрите дебитираа: Еритреја, Микронезија и Палау; додека четворицата спортисти од Источен Тимор настапија како поединечни олимписки натпреварувачи.