БоксБокс |
Насоченост | удирање |
---|
Земја на потекло | Грција (античко боксување) Обединето Кралство (модерно боксување) |
---|
Основач | Разни борци |
---|
Потекло | Непознато |
---|
Олимписки спорт | Од 688 пне. |
---|
Боксот е спорт што вклучува напад и одбрана со тупаници.
Модерен бокс
Во модерниот бокс, боксерите носат меки ракавици а натпреварувањето трае 12 триминутни рунди во квадрат ограден со јажиња, познат како ринг.
Боксот во Стара Грција и Рим
Во Стара Грција борачите користеле тесни каиши на рацете и подлактниците, додека во Рим гладијаторите на рацете користеле кожени покривачи со метални клинци (цести) и најчесто се бореле до смрт.
Боксот од 1839 година до 1904 година
Со воведувањето на лондонските правила на рингот во 1839 г., удирањето со нога, туркањето, удирањето со глава, гризењето и удирањето под појасот, биле одстранети од стандардниот боксерски репертоар. Правилата од Квинсбери од 1867 г. барале носење ракавици, но сепак боксувањето со голи раце продолжило до 1880 г. Последниот од познатите борачи со голи раце бил Џон Л. Саливан. По Саливан, САД станале прво место по бокс, делумно поради тоа што имигрантите го обновувале влогот на боксерите. Боксот е вклучен во Олимписките игри во 1904 г.
Категории
Денес во професионалниот бокс постојат 17 тежински класи:
- суперлесна до 48 кг
- јуниорска мува до 49 кг
- мува до 51 кг
- јуниорска бантам до 52 кг
- бантам до 53,5 кг
- јуниорска перолесна до 55 кг
- перолесна до 57 кг
- јуниорска лесна до 59 кг
- лесна до 61 кг
- јуниорска велтер до 63,5 кг
- велтер до 67 кг
- јуниорска среднотешка до 70 кг
- среднотешка до 72,5 кг
- суперсредна до 76 кг
- лесно-тешка до 79 кг
- полутешка до 86 кг
- тешка над 86 кг
Правила
Натпреварувачот може да победи на два начина: со нокаутирање, т.е. со соборување на противникот (при што судијата му брои до 10) или со собирање повеќе бодови од противникот. Судијата, исто така, може да ја запре борбата кога еден боксер е лошо удрен (технички нокаут или ТКО) или може да го дискфалификува боксерот поради нарушување на правилата и да му ја додели победа на неговиот противник.[1]
Боксот како тема во уметноста и во популарната култура
Боксот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Наводи
- ↑ Британика
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 228.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 584-585.
- ↑ IMDb, Body and Soul (1947) (пристапено на 9.1.2021)
- ↑ IMDb, Champion (1949)Awards (пристапено на 12.1.2020)
- ↑ „HRT, Официјално мрежно место (пристапено на 5.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-15. Посетено на 2017-10-02.
- ↑ YouTube, Simon & Garfunkel - The Boxer (пристапено на 4.3.2018)
- ↑ Фолтин, Антитело, MKC 005, 2012.
- ↑ DISCOGS, Emmylou Harris – Roses In The Snow (пристапено на 8.10.2018)