Фудбал (англиски: football) или ногомет — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути со одмор меѓу нив во траење од 15 минути. Ако има подолги прекини во играта, таа се продолжува така што се надополнува изгубеното време. Играта се игра на игралиште со правоаголна форма со должина од 90 до 120 метри и со широчина од 45 до 90 метри.[1] Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да ја додели на другиот тим. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрести.
Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично натпреварувачите се делат на: