Тонга (тонгански и англиски: Tonga), официјално Кралство Тонга (Puleʻanga Fakatuʻi ʻo Tonga, Kingdom of Tonga), — независна островска држава во Океанија составена од 176 острови кои се распространети на океанска површина од 700.000 км2. Тонга има вкупна површина од 748 км2 и од вкупно 176 острови, 52 се населени.[5] Кралството има вкупно население од 104.000 жители и главен град на државата е Нукуалофа.
Тонганските Острови се познати и како Пријателски Острови, име кое го добиле по посетата на Џејмс Кук во 1773 како резултат на пријателскиот дочек на месното население. Џејмс Кук пристигнал на островите за време на фестивалот Инаси. Тонга е единствената нација во регионот која официјално не била под колонизација.[6] Иако Тонга е кралство подолг период, во 2010 година државата презела големи чекори кон целосно воведување на стабилна уставна монархија со воведување на реформи. Наскоро, се одржале првите парламентарни избори во државата и тоа резултирало со избор на Сиале Атаонго Туивакано како прв премиер на Тонга.
Потекло на поимот
Во повеќето полинезиски јазици името „Тонга“ значи југ. Името Тонга доаѓа од зборот „Тонгахахаке“ што значи југоисток, и според традицијата се предавало како „ветерот што дува од југоисток“
Во 1845 младите тонгански војници, ораторот Тауфахау и стратегисти ја обединиле Тонга во кралство. Тој бил именуван со титулата Туи Канокуполу, но бил покрстен со името „Крал Џорџ’. Во 1875 година со помош од мисионерката Ширли Бејкер, тој ја прогласил Тонга за уставна монархија.
Тонга станала заштитена држава со договорот за пријателство потпишан на 18 мај1900 помеѓу кралот и европските доселеници. За време на Британската Империја, Тонга била дел од Британската Западнопацифичка територија од 1901 па до 1952. Иако Тонга била под заштита на Британија, таа е единствената држава во Тихиот Океан која никогаш не била под комплетно управување од колонизатор и особено не била под влијание на кралицата од Британија.
Договорот помеѓу Тонга и Британија завршил во 1970 година. Во 1970 се приклучила во Комонвелтот и е единствена држава со свој крал, неприфаќајќи ја кралицата од Британија. Во ООН се приклучила во 1999.
Тонга е архипелаг, се наоѓа во Тихиот Океан, јужно од Западна Самоа. Архипелагот е составен од 176 острови од кои 36 се населени. Островите се поделени во три групи: Вавау, Хапаи и Тонгатапу. Најголемиот остров, Тонгатапу, на кој се наоѓа главниот град Нукуалофа, има површина од 257 км2. Геолошки гледано, Тонгоанските острови се од два вида: повеќето имаат варовничка основа од коралските формации, а додека другите се со вулканска основа[7] .
Климата на Тонга е воглавно суптропска со топли периоди од декември до април и во овој период температурата достигнува до 32 °C. Ладниот период е од мај до ноември и температурите сè до 27 °C. Просечните годишни врнежи во Тонга се ос 1.700 до 2.970 милиметри[7] .
Тонга оперира како уставна монархија. Критиките кон монархот на Тонга се воглавно дека е против традицијата и културата на Тонга. Кралското семејство и блиските соработници живеат во богати средини, додека останатото население на Тонга живее во посиромашни средини што го создава незадоволството на народот.
Тонга овозможува бесплатно и задолжително основно образование за деца до 14 години, со мала цена за средно образование. Исто така се овозможуваат стипендии за студирање во странство. Тонга има висок степен на образование, со околу 98% писменост на населението.
Земјата на Тонга е заштитена и не може да се продаде на странци. На најголемиот остров повеќето од територијата е урбанизирана, додека земјиштето на останатите острови е обработлива и погодна за земјоделство. Мажите и жените имаат еднаков пристап кон образованието и здравството во Тонга, но жените не се толку вклучени во поседувањето на земјата, изборните процеси и министерските места. Традиционално, жените имаат поголем социјален статус одошто мажите.
Продемократското движење во Тонга промовира реформи, како што се подобро претставување на парламентот и подобро раководење со државата. Отфрлањето на монархијата не е дел од реформите и монархот е широко прифатен меѓу народот.
Тонга е поделена на пет административни единици: Хапаи, Тонгатапу, Еуа, Ниуа и Ваву. Секоја единица има свој главен град, додека главниот град на државата е воедно и главен град на административната единица Тонгатапу.
Тонганската економија е окарактеризирана со големиот немонетарен сектор и зависи од инвестициите на тонганската дијаспора, воглавно во Австралија, Нов Зеланд и САД. Монетарниот сектор е воглавно во рацете на кралското семејство, особено во телекомуникацискиот и сателитскиот сектор. Поголемот дел од малите бизниси се во рацете на кинеското население.
Индустриското прозиводство на Танга е само 3% од БНП на државата. Во септември 1974 година се отворила првата банка на Тонга.
Околу 70% од вкупното население на Тонга живее на островот Тонгатапу. Иако, воглавно населението тежнее да се преселува во големите ураби центри како што е Нукуалофа, сепак руралниот живот и понатака опстојува во Тонга. Секојдневниот живот е исполнет со полинезиска традиција, но и со христијански елементи. Поголемот дел од Тонганцитеметодисти, со мала група на католици.
Тонганците се полинезиски народ и претставуваат околу 98% од вкупното население. Остатокот од населението се Европејци, воглавно Британци, мешани Европејци и останати полинезиски народи. Има и мала група на кинези.
Тонга била население уште пред 3.000 години. Старат култура за време на доселувањето од тој период претрпела многу промени. Пред доаѓањето на европските истражувачи во 1600-тите и раните 1700-тите години, Тонганците биле во близок контакт со околните островски нации, особено со Фиџи и Самоа. Во 1800-тите со доаѓањето на странците и мисонерите, старата тонгоанска култура се променила драстично. Некои од верувањата и обичаите биле отфрлени, а прифатени нови. Со тоа културата на Тонга била помешана како со локално стари елементи така и со нови западноевропски елементи.
Главен и препознатлив елемент од тонгоанската култура е танцот ула.
Тонгоанското население кога зборува за културата тамошна, често користи два термина: „anga fakatonga“ или традиоционален тонгански начин на живот и „anga fakapãlangi“ западниот начин на живот.
Медиуми
Светски медиуми
Тонган Дејли (The Tongan Daily)
Регионални
Таими о Тонга (Taimi o Tonga) - Тонга, Нов Зеланд, Австралија и САД