Источен Тимор, се среќава и како Тимор-Леште (португалски: Timor-Leste, изговор: [tiˈmoɾ ˈlɛʃtɨ]) (тетум: Timór Lorosa'e) или официјално Демократска Република Источен Тимор (португалски: República Democrática de Timor-Leste) — островска држава во Југоисточна Азија и северна Океанија. Државата го зазема источниот дел од островот Тимор и блиските острови Атауро, Јако и ексклавата Оекуси-Амбено. Источен Тимор спаѓа во помалите држави во светот со 15.410 км2[5] и е 640 км оддалечена од Дарвин, Австралија.
Источен Тимор бил колонизиран од Португалија во 16 век и бил познат како Португалски Тимор сè додека Португалија ја деколонизирала државата. Во 1975 година Источен Тимор прогласил независност, но набрзо Индонезија ја окупирала државата и ја прогласила за своја 27. покраина. Во 1999 година, Индонезија во ООН ја повлекла контролата на источниот дел од островот и станала првата нова држава во 21 век на 20 мај2002. Источен Тимор е една од двете држави во Азија каде католицизмот е доминантна религија, другата е Филипини.
Економијата на Источен Тимор е со среден раст[6] Државата сè уште страна од последиците од војната за независност против Индонезија, што ја оштетила инфраструктурата и протерала голем број население.
Потекло на поимот
Името „Тимор“ потекнува од индонезискиот и малајскиот збор за исток — тимур, кој подоцна на португалски бил прифатен како Тимор. Леште пак е португалскиот збор за исток. Официјалното име на државата според нејзиниот устав е Демократска Република Источен Тимор или на португалски República Democrática de Timor-Leste. Во Индонезија државата се вика Тимор Тимур или скратено ТимТим, но денес оваа кратенка ретко се користи. Денес, името Тимор-Леште сѐ почесто се користи во Индонезија.
На чело на државата е претседателот на Источен Тимор кој е избран на избори за петгодишен мандат. Иако неговата улога во политичкиот живот на државата е симболична, претседателот има право на вето за некои законодавни акти. По изборите, претседателот го назначува водачот на најголемата моментална политичка партија или коалиција за премиер на Источен Тимор. Како претседател на владата, премиерот е и претседател на државниот совет или кабинетот на министри.
Еднодомниот парламент на Источен Тимот е националното собрание на Источен Тимот, чии членови се избрани на избори за мандат од пет години. Бројот на пратенички места варира од минимум 52 до максимум 64 места, иако денес има осумдесет и осум пратеници во тиморското собрание. Уставот на Источен Тимор е создаден по моделот на уставот на Португалија и државата сè уште е во фаза на целосно оформување на администрацијата и владините институции.
↑Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations. (консултирано на 2009-03-12)
↑Податоците за населението се водат според пописот од 2004 г. и проценките од 2008 г. на Националната статистичка управа на Тимор-Леште: Предносни табели на окрузитеАрхивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)