Австралазија — име на комбинираната екипа на спортисти од Австралија и Нов Зеланд кои се натпреварувале заедно на игрите во 1908 и 1912 година. Кога олимписките игри продолжиле во 1920 по Првата светска војна, двете држави испратиле одделни екипи на игрите.
Освојувачи на медали
Екипата на Австралазија освоила вкупно дванаесет медали на двете Олимпијади на кои се натпреварувала, главно во пливање. Еден натпреварувач од Нов Зеланд освоил медал на игрите во 1908 (Хари Кер, бронзен медал во атлетика), и двајца на игрите во 1912 (Малколм Чемпион, златен медал во пливање и Тони Вилдинг, бронзен медал во тенис); сите останати освојувачи на медали биле австралијци.
Медали по игри
Медали по спорт
Наводи