Израел за првпат се појавил на Олимписките игри во 1952 година, кога на игрите во Хелсинки учествувале 13 спортисти, 11 фудбалери и два велосипедисти.
Израел никогаш не бил домаќин на олимписките игри. Националниот олимписки комитет на Израел е основан во 1933 а признат од страна на МОК во 1952 година.
Од 1952 па понатаму Израел праќал свои спортисти на сите Летните олимписки игри освен во 1980 година кога се придружи на неколку земји коишто ги бојкотираа олимписките игри коишто се одржувале во Москва.
На Зимските олимписки игри Израел првпат учествовал во 1994 година и од тогаш неговите спортисти земале учество на сите понатамошни одржани зимски олимпијади.
На Летните олимписки игри коишто се одржаа во 1972 во Минхен 11 членови од олимписката селекција во олимпиското село биле убиени во настаните познати како Минхенски масакр извршен од страна на палестинската терористичка организација Црн септември.
Во периодот од 1952 до 2008 година спортистите од Израел освоиле вкупно 7 олимписки медали, од кои еден златен, еден бронзен и пет бронзени медали на Летните олимписки игри. На Зимските олимписки игри, Израел нема сѐ уште освоено медал
Медали
Освоени медали на Летните олимписки игри
Освоени медали на Зимските олимписки игри
Надворешни врски