Атика (грчки: Αττική) е периферија во Грција, која го содржи Атина, главниот град на Грција. Атика е понатаму поделена на префектурите: Атина, Пиреј, Источна Атика и Западна Атика.
Атика е сместена во тоа што денес е јужна Грција, и покрива околу 3.800 квадратни километри. Покрај Атина, во својата територија ги содржи градовите Пиреј, Елевсис, Мегара, Лавриум и Маратон, како мал дел од полуостровот Пелопонез и островите Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира и Андикитера. Околу 3.750.000 луѓе живеат во периферијата, од кои повеќе од 95% се населени во метрополитенската област на Атина.
Атина била оригинално главниот град на Централна Грција.
Атика е полуостров кој излегува на Егејското Море. Неколку планини го делат полуостровот на рамнините Педија, Месогија и Триасија. Тие планини се Химетус, источниот дел на Геранија, Парнита, Егалео планините Пендели. На север се граничи со рамнината Беотија, а на запад се граничи со Коринт. Саронскиот Залив лежи на југ и островот Евбеја (Евија) лежи близу северниот брег. Првиот, воедно и единствен голем резервар на Атина, езерото Маратон се наоѓа 42 км на североисток и е наречено „Маратонска Брана“ која што за првпат била отворена во 1920-тите. Оттогаш, таа е најголемото езеро на Атика. Областа околу Парнита и Химетус е покриена со шуми, освен врвовите, но планините на запад и југ се тревнасти, неплодни или пошумени.
Реката Цефисус е најдолгата река, и Парнета или Парнита е највисоката планина во Атика. Префектурата исто така има паркови на планините Химетус, Пендели и Парнита, како и во јужниот дел на полуостровот.
Според Платон, античките граници на Атика бил пролазот, и дека во правецот на континентот, тие се протегале сѐ до височините Цитерон и Парнес. Граничната линија доаѓала надолу во правец на морето, со областа Оропус десно, и реката Асопус како граница лево.
Климата е типично средоземна, со суви и топли лета и минимални врнежи од дожд, и ладни до умерени зими. На планините паѓа мало количество снег секоја зима, но ова ретко се проширува до пониските области. Ретко се случува да се појави и мраз. Шумските огнови и поплавите се чести.
Процесот на обединување на Атика од Атина не е целосно јасен, но се смета дека е во некоја точка од првата половина на 7 век п.н.е. кога Елевсис и околните рамнини биле приклучени кон атинската држава и нивните населеници станале граѓани. Дури тогаш, границите не биле фискирани, со оглед на тоа што Атина водела битки со Мегара за контрола над Саламис и со Боетија над граничните градови како Оропус со векови. Видете Историја на Атина.
Атика подоцна станала дел (сукцесивно) од Римската и Византиското Царство, крстоносното Војводство Атина и Отоманското Царство, сè до Грчката Војна за Независност.
Областа е поврзана со патишта и автопати:
Бројни линии за ферибот, и за нормални фериботи и за „летечки делфини“ (брзи морски возила), го поврзуваат пристаништето Пиреј со островите на периферијата.
Видете:
Поранешните провинции со закосени букви не постојат повеќе.
Атика • Егејски Острови • Епир • Јонски Острови • Крит • Македонија • Пелопонез • Тесалија • Тракија • Централна Грција Света Гора (автономен регион во Северна Грција)