Спецес или Спетсес (грчки: Σπέτσες) — еден од Саронските Острови во Егејското Море во средна Грција. Спецес со неколкуте соседни островчиња и хриди сочинува посебна општина во рамки на округот Острови на Периферијата на Атика. Седиште на општината и најголема населба на островот е истоименото гратче Спецес на североисточна страна на островот.