Името на селото првпат е забележано во XV век, кога биле наведени Горно и Долно Бучиште. Името може да означува „место обраснато со бука“ или пак „место каде што бучи водата“.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани и од десната страна на Злетовска Река.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 9 километри.[3]
До самото село поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Стопанство
Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 224,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 215,6 хектари, а на шумите само 20,3 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци, 25 до 50 Власи.[6]
Селото е мало, но со натамошно намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 247 жители, а во 1994 година 84 жители, од кои 80 жители биле Македонци, а тројца Власи.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бучиште живееле 68 жители, од кои 65 Македонци и 3 Власи.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 29 Македонци и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Доселеници:Пишичанци (15 к.), доселени се во XVIII век од селото Пишица, а таму биле доселени од Прилепско; Понковци (3 к.), доселени се во XVIII век од селото Арбасанци во Овче Поле; Врбичанци (3 к.), доселени се од селото Врбица кај Кочани; Зарапинци (3 к.), доселени се од селото Зарапинци; Питерковци (2 к.) доселени се од некогашното село Чашица; Паланчанци (2 к.), доселени се од некое село во Кривопаланечко и Мековци (1 к.), доселени се во 1931 година од селото Гајранци.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Бучиште, се наоѓале и селата Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1553 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 46.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 ноември 2022.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“