Врбица (Кочанско)

Врбица
Врбица во рамките на Македонија
Врбица
Местоположба на Врбица во Македонија
Врбица на карта

Карта

Координати 41°54′34″N 22°14′39″E / 41.90944° СГШ; 22.24417° ИГД / 41.90944; 22.24417
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13007
Надм. вис. 390 м
Врбица на општинската карта

Атарот на Врбица во рамките на општината

Врбица — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 100 Македонци.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 1042 Македонци христијани и 90 Власи.[3]

Стопанство

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948278—    
1953219−21.2%
1961213−2.7%
1971137−35.7%
198148−65.0%
ГодинаНас.±%
199120−58.3%
199419−5.0%
200212−36.8%
20210−100.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Власи.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители, од кои 10 Македонци и 2 Власи.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 278
1953 99 82 32 119 1 1 219
1961 117 ... 96 213
1971 96 ... 41 137
1981 38 10 48
1991 20 20
1994 13 6 19
2002 10 2 12
2021 0

Родови

Врбица е македонско-влашко село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Македонски

  • Ѓајинци (3 к.) и Зрзовци (4 к.) најстар селски род. Не знаат од каде се доселени.
  • Мартиновци (4 к.) доселени се во 1915 година од селото Гујновци кај Пробиштип.
  • Бунешани (3 к.) доселени се во 1938 година од селото Бунеш кај Пробиштип.

Влашки

  • Брова (10 к.) доселени се во втората половина на XIX век. Овде дошле Штерјо и Зико. Биле Браќа, го знаат следното родословие: Калчо (жив на 45 г. во 1960 година) Нако-Зико. Власи наречени Брова имало и во Грамошта во Егејска Македонија, па најверојатно од таму се доселени.
  • Лука (7 к.) доселени се кога и родот Брова. Основачот на родот бил Михал Лука. Власи наречени Лука имало и во Крушевско и Битолско.[6]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  6. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!