Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Пробиштип, во рударско подрачје исполнето со конусни ридови, кои се вонредно богати со олово-цинкова руда. Неговиот атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 600 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 6 километри.[2]
Традиционално, до Втората светска војна, селото било поделено на следниве маала: Кацарско, Шутевско, Витановско, Тулумџиско, Кумичарско и Јуручко Маало. Меѓу првите пет маала е сместено сретселото.[3]
Историја
Подрачјето на Добрево е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување. Сите мажи побегнале незаконски и војската се распоредила околу нивните имоти.[6]
Францускиот шпион Анри Пози во својата книга „Војната се враќа“ (1934), раскажува потресувачка случка за српските тормози над Македонците:
„
Во селото Добрево, една 16-годишна мома, Миладина Тачева, обвинета и осудена дека пеела македонска песна, била соблечена гола, врзана за една даска и ѝ биле нанесени 60 удари со стап по крсната коска. Потоа, била малтретирана од страна на началникот на групата и неговите другари - шестмина![8]
“
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 9,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 418,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 276,8 хектари, а на пасиштата 187 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-шумарска функција, но добар дел од работноспособното население е вработено во рударската дејност. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[2]
Во селото се наоѓа рудникот на олово-цинкова руда „Добрево“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]
Во 1961 година селото било големо и тогаш броело 1.053 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 442 жители, односно станало мало село по големина, населено со 435 жители Македонци и 4 жители Турци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 340 жители, од кои 336 Македонци, 2 Турци и 2 од друга етничка припадност. Бројот на домаќинства изнесувал 100, а бројот на живеалишта 175.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 151 Македонец, 1 Србин и 19 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Кумичарци (25 к.), доселени се во првата половина на XVIII век од кривопаланечкото село Дурачка Река; Кацарци (18 к.), доселени се пред крајот на XVIII век од кочанското село Бели; Јуруци (4 к.), се доселиле од некое село во Радовишко; Кузмановци (4 к.) и Јованчевци (3 к.), доселени се од селото Јамиште; Јаребинци (2 к.), доселени се од кратовското село Шлегово; Калугерци (2 к.), доселени се од селото Лесново.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Добрево, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Добрево, во која влегувале селата Добрево, Дреново и Марчино.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1554 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]
↑ 2,02,12,22,32,42,5Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 97.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)