V1974 Лебед или Нова во Лебед 1992 — релативно сјајна нова во соѕвездиетоЛебед.
Забележана е на 19 февруари 1992 година од страна на Питер Колинс. Во тој период нејзината ѕвездена величниа изнесувала 6, достигнувајќи максимална вредност од 4,4. Согорувањето на водородот завршило 2 години подоцна, во 1994 година. Станува збор за неонска нова.Ова е првата нова која е набјудувана од самото создавање до згаснувањето, и е пресметано дека е на растојание од 10 430 светлосни години од Земјата.