Q Лебед (Q Cyg) или Нова во Лебед 1876 — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Ги носи и ознаките NGC 7114 и HR 8296. Новата се наоѓа на северноисточниот дел од Лебед во близина на границата со Гуштер.
Станува збор за една од најрано забележаните нови,[6] Q Лебед е откриена од страна на Јохан Фридрих Јулиус Шмид на 2 ноември 1876 година. Ѕвездата станала нова, стекнувајќи привидна ѕвездена величина 3 и го задржила овој сјај во текот на следните четири денови.[6]
Системот се смета за катаклизмична променлива,[3] составена од бело џуџе во блиска орбита со друга ѕвезда и орбитираат една околу друга на секои 10 часа. Белото џуџе е обиколено со насобирачки диск, кој сјае посилно од ѕвездата која ја опкружува. Се смета дека системот е на растојание од 740 ± 11 парсеци.[5] Втората ѕвезда се проценува дека е со маса околу 0,6 пати помасивна од Сонцето, што ја прави портокалово џуџе со спектрален тип K5.[3] Позната и како дарителна ѕвезда, втората ѕвезда ја снабдува масата на насобирачкиот диск околу белото џуџе.[3]
↑ 2,02,1Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
↑ 3,03,13,23,33,4Peters, Christopher S.; Thorstensen, John R. (2006). „Spectroscopy of Five Old Novae: New or Refined Orbital Periods“. The Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 118 (843): 687. Bibcode:2006PASP..118..687P. doi:10.1086/504641.