Овој пар на слики во видлива и близуинфрацрвена светлина од вселенкиот телескоп Хабл ја прикажува џиновската ѕвезда N6946-BH1 пред и по исчезнувањето кога имплодирала во црна дупка.
N6946-BH1 — исчезнувачки црвен суперџин во галаксијата, NGC 6946, на северната граница на соѕвездиетоЛебед. Ѕвездата имала 25 пати поголема маса од сонцето и е на растојание од 20 милиони светлосни години од Земјата. Во март па сè до мај 2009 година нејзиниот болометриски сјај се зголемила за најмалку милион пати од сјајноста на Сонцето, и до 2015 година не можела да се забележи со оптички инструменти. Во средно и близу инфрацрвено сè уште може да се забележи тело, сепак, и тоа ја губи сјајноста со стапка пропорционална на t−4/3. Сјајноста не била доволна за да стане супернова, па затоа е наречена неуспешна супернова.[1]
Координатите на ѕвездата биле ректасцензија 20ч 35м&1000000000000275600000027,56с и деклинација +60° 08′ &1000000000000082900000008,29″. Сјајноста на ѕвездата, според привидната величина во различни подрачја на бои ма 2 јули 2005 година се: R = 21, V = 21, B = 22, U = 23.[1] Пред да дојде до избликот на сјајност ѕвездата беше околу 100.000 посветла од Сонцето. По избликот на сјајност, таа не можела да се забележи во видливото подрачје и нејзинот сјај во инфрацрвеното подрачје се намалил за 5000 пати.[1]
Една претпоставка е дека јадрото на ѕвездата колабирало и станало црна дупка. Материјата која колабирала создала изблик на неутрина што ја намалило вкупната маса на ѕвездата за дел од процент. Ова предизвикало ударниот бран кој избил од површината на ѕвездата, направил таа да биде посјајна.[3] По идејата дека црните дупки се создаваат по експлозии на супернови, имало повеќе докази кои укажувале за таквата судбина на N6946-BH1, која директно колабирала во црна дупка.[4]
Набљудуваните супернови од тип II не потекнуваат од ѕвезди чии почетни маси се поголеми од околу 18 M☉, и стапката со која се создаваат масивни ѕвезди значително ја надминува онаа на експлозии на супернови. очекувањата се дека нешто друго се случува со овие дополнителен број на големи ѕвезди. неуспешните супернови и создавањето на црни дупки е едно од понудените решенија на проблемот.[1] Ако овој настан навистина е создавање на црна дупка, ќе биде првпат да се создаде црна дупка во период кога тоа создавање е набљудувано.[5]
↑ 2,02,12,2Gerke, J. R.; Kochanek, C. S.; Stanek, K. Z. (2015). „The search for failed supernovae with the Large Binocular Telescope: First candidates“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 450 (3): 3289. arXiv:1411.1761. Bibcode:2015MNRAS.450.3289G. doi:10.1093/mnras/stv776.