Кеплер-1520 (KIC 12557548) — портокалово џуџе во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е особено важна, според податоците добиени од вселенското летало Кеплер укажуваат дека промената на ѕвездената светлинска крива опфаќа распон од блокирање на светлината од 0,2% до 1,3%.[2] Ова пак може да е планета во распад, предвидување кое не е потврдено, во орбита околу ѕвездата, губејќи маса од 1 Земјина маса на секои милијарда години.[2] Самата планета е со маса од 0,1 Земјини маси,[8] или двојно поголема маса од Меркур, аи се очекува да се распадбе во текот на 100[8]-200 милиони години.[2] Планетата е во орбита на ѕвездата на секои 15,7 часа,[2] на растојание од неколку ѕвездени пречници од површината на ѕвездата,[9] и има проценета делотворна температура од околу 2.255 K.[8] Орбиталниот период на планетата е ден од најкусите кои се забележани во историјата на вонсончевата планетарна потрага.[10] Во 2016 година, планетата беше потврдена од податоците добиени од мисијата Kepler.
Номенклатура и историја
Пред наблудувањето од вселенското летало Кеплер, Кеплер-1520 имала 2MASS каталошка ознака 2MASS J19235189+5130170. Во днесниот каталог на Кеплер имала ознака KIC 12557548, а кога ќе се забележело дека има планетарни кандидати ја добива ознаката занимливо Кеплерово тело со број KOI-3794.
Планетата околу придружникот била забележана од страна на вселенското летало Кеплер дел од мисиите на НАСА чија цел била да најде планети во премин околу нивните ѕвезди. Методот кој го користи мисијата ги забележува падовите на сјајноста во светлинската крива. овие падови на сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити се пред нивните матични ѕвезди гледано од Земјата. Името Кеплер-1520 потекнува од фактот што ѕвездата е каталогизирана како 1.520-тата ѕвезда забележана од страна на Кеплер која во орбитата има потврдени планети.
Ознаката b, потекнува од редоследот на откривање. Ознаката b ја добива првата планета во орбита околу ѕвездата, по што следат другите мали букви од латинската азбука.[11] Во случајот на Кеплер-1520, постои само една забележана планета, па се користи само буквата b.
Ѕвездени одлики
кеплер-1520 е ѕвезда од спектрален тип K со приближно 76% од масата и 71% од полупречникот на Сонцето. Има површинска температура од 4.677 K и е со старост од 4,47 милијарди години.[5] За споредба, сонцето е со старост од 4,6 милијарди години[12] и има површинска температура од 5.778 K.[13]
Со привидна величина од 15, ѕвездата не може да се забележи со човековото око.
Планетарен систем
Планетарниот систем на Кеплер-1520 се сотои од една вонсончева планета, именувана како Кеплер-1520 b. Оваа планета можно е да поседува опашка од прашина и гас на сличен начин како и кометите[9] но, за разлика од опашката на кометата, содржи молекули на пироксен и алуминиум (III) оксид. Според чекорот со кој се оддаваат честичките во опашката, масата на планетата е ограничена на помалку од 0,02 Земјини маси — планета со поголема маса од оваа ќе поседува преголема гравитација за да се одржува стапката на загуба на масата.[2][14]
симулациите покажуваат дека густината на прашината опаѓа брзи си зголемувањето на растојанието од планетата.[2] Пресметките направени од Рапорт и др. покажуваат дека опашката од прашина, покрај директното впивање на светлината, може да расее дел од светлината која пристигнува до нејзе, придонесувајќи за малиот привиден раст на ѕвездениот флукс пред планетата и нејзината опашка да минат пред ѕвездата, и мало привидно намалување на ѕвездениот флукс кога планетата ја напушта рамнината на ѕвездениот диск.[2]
↑„KIC 12557548 b“. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2 August 2016. Note: The EPE has not fully updated this data to be renamed Kepler-1520, but the spectral type is listed, hence this is the reference for it.
↑Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; Heber, U. (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR].
↑Fraser Cain (16 September 2008). „How Old is the Sun?“. Universe Today. Посетено на 19 February 2011.
↑Fraser Cain (15 September 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. Посетено на 19 February 2011.
Brogi, M.; Keller, C. U.; De Juan Ovelar, M.; Kenworthy, M. A.; De Kok, R. J.; Min, M.; Snellen, I. A. G. (2012). „Evidence for the disintegration of KIC 12557548 b“. Astronomy & Astrophysics. 545: L5. arXiv:1208.2988. Bibcode:2012A&A...545L...5B. doi:10.1051/0004-6361/201219762.