KOI-81 — затемнувачка двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Примарната ѕвезда во доцен развој е од спектрален тип B или ѕвезда во почетен развој од спектрален тип А со температура од 10.000 K. Се наоѓа во подрачјето на набљудување на вселенското летало Кеплер и се утврдило дека во орбита има помало и потопло тело од примарната ѕвезда.[4]
KOI-81b
KOI-81b е жешка компактна ѕвезда во орбита околу KOI-81. била забележана во 2010 година од страна на вселенското летало Кеплер и за истата постоел интерес поради малата големина и високата температура од 17.000 K.[4] Орбиталниот период на KOI-81b околу матичната ѕвезда изнесува 23,8776 денови. Анализата на релативистичките ефекти во светлинската крива укажуваат дека станува збор за маломасено бело џуџе со маса приближно од 0,3 сончеви маси, остаток од поранешна фаза на пренос на маса во двојниот систем кога телото поминало низ фазата на џин.[3]
↑ 4,04,1Rowe, Jason F.; Borucki, William J.; Koch, David; Howell, Steve B.; Basri, Gibor; Batalha, Natalie; Brown, Timothy M.; Caldwell, Douglas; Cochran, William D.; Dunham, Edward; Dupree, Andrea K.; Fortney, Jonathan J.; Gautier, Thomas N.; Gilliland, Ronald L.; Jenkins, Jon; Latham, David W.; Lissauer, Jack J.; Marcy, Geoff; Monet, David G.; Sasselov, Dimitar; Welsh, William F. (2010). „Kepler Observations of Transiting Hot Compact Objects“. The Astrophysical Journal Letters. 713 (2): L150–L154. arXiv:1001.3420. Bibcode:2010ApJ...713L.150R. doi:10.1088/2041-8205/713/2/L150.