WR 140 се опишува како најсјајна Волф-Рајеова ѕвезда на северната полутопка, иако WR 133, исто така, во соѕвездието Лебед е споредливо сјајна ѕвезда.[12] Волф-Рајеовата ѕвезда е идентификувана како секундарна ѕвезда, која е помалку масивна, помалку прозрачна и веројатно помалку визуелно сјајна од примарната ѕвезда, иако доминира со спектарот во широки оддавни линии.[11] Примарната ѕвезда е ѕвезда од спектрален тип О4-5,[11] најверојатно е џиновска или суперџиновска ѕвезда.[9][10] Неговата тековна утврдена спектроскопска орбита е мошне занесена и има орбитален период од 7,9 ± 0,2 години, што е утврдено од промените на брзината забележана во спектралните линии на составницата, главно од Балмеровите впивни линии на О4-5 и оддавните линии C IV на 465.0 nm. за WR 140.[11] Растојанието помеѓу овие две ѕвезди се менува од 1,3 ае во периастрон до 23,9 ае во апастрон .[10]
WR 140 е наведена како променлива Волф-Рајеова ѕвезда, и е доделена променливата ознака за ѕвездиV1687 Cyg во општиотот каталог на променливи ѕвезди, и чија визуелна сјајност се менува само малку.[6] Интересно за овој систем WR 140 е следењето на инфрацрвените промени на светлината за време на орбитирањето на составницата, и се темелито проучувани поради создавањето на обвивка од прашина.[13] Денес се смета за прототип судирноветерна двојна ѕвезда.[9] Кратко по премин низ периастронот на секои осум години, инфрацрвената осветленост драматично се зголемува и потоа повторно полека се намалува во период од неколку месеци.[11] Токму овде се судираат ѕвездени ветрови преку создавањето на прашинест слој од страна ѕвездите.[9]
↑ 2,02,12,2Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
↑Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; Fowler, J.; Gizis, J.; Howard, E.; Huchra, J.; Jarrett, T.; Kopan, E. L.; Kirkpatrick, J. D.; Light, R. M.; Marsh, K. A.; McCallon, H.; Schneider, S.; Stiening, R.; Sykes, M.; Weinberg, M.; Wheaton, W. A.; Wheelock, S.; Zacarias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003)“. VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: 2003yCat.2246....0C. 2246. Bibcode:2003yCat.2246....0C.
↑ 6,06,1Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; et al. (2009). "VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)". VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
↑Pourbaix, D.; Tokovinin, A. A.; Batten, A. H.; Fekel, F. C.; Hartkopf, W. I.; Levato, H.; Morrell, N. I.; Torres, G.; Udry, S. (2004). „SB9: The ninth catalogue of spectroscopic binary orbits“. Astronomy and Astrophysics. 424 (2): 727. arXiv:astro-ph/0406573. Bibcode:2004A&A...424..727P. doi:10.1051/0004-6361:20041213.
↑Fahed, R.; Moffat, A. F. J.; Zorec, J.; Eversberg, T.; Chené, A. N.; Alves, F.; Arnold, W.; Bergmann, T.; Corcoran, M. F.; Correia Viegas, N. G.; Dougherty, S. M.; Fernando, A.; Frémat, Y.; Gouveia Carreira, L. F.; Hunger, T.; Knapen, J. H.; Leadbeater, R.; Marques Dias, F.; Martayan, C.; Morel, T.; Pittard, J. M.; Pollock, A. M. T.; Rauw, G.; Reinecke, N.; Ribeiro, J.; Romeo, N.; Sánchez-Gallego, J. R.; Dos Santos, E. M.; Schanne, L.; et al. (2011). "Spectroscopy of the archetype colliding-wind binary WR 140 during the 2009 January periastron passage". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 418: 2. Bibcode:2011MNRAS.418....2F. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.19035.x.
↑Moffat, A. F. J.; Shara, M. M. (1986). "Photometric variability of a complete sample of northern Wolf-Rayet stars". Astronomical Journal. 92: 952. Bibcode:1986AJ.....92..952M. doi:10.1086/114227.