Омега2 Лебед
Омега2 Лебед , латинизирано од ω2 Лебед — Бајерова ознака за единствената[ 7] ѕвезда во северното соѕвездие Лебед . Ѕвездата има привидна величина од 5,5,[ 2] што ја прави слабо видлива за човековото око. Според пресметаната годишна паралакса од 8,17 лмс ,[ 1] ѕвездата е на растојание од 399 светлосни години од Сонцето . На тоа растојание, привидната ѕвездена величина е придушена со згаснувачки фактор од 0,08 поради присуството на меѓуѕвездена прашина .[ 2]
Станува збор за црвен џин на асимптотската гранка на џинови , со ѕвездена класификација M2 III.[ 3] Постои сомнеж дека станува збор за променлива ѕвезда , но досега не постојат доволно цврсти докази за ова тврдење. Доколку пак е навистина така, променливоста е со многу мала амплитуда од 0,05 привидни величини и со временски период од околу 30 дена.[ 8] Постои шанса од 58,3% дека оваа ѕвезда е припадник на Херкуловиот поток .[ 2]
Наводи
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics , 474 (2): 653–664, arXiv :0708.1752 , Bibcode :2007A&A...474..653V , doi :10.1051/0004-6361:20078357 .
↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Famaey, B.; и др. (January 2005), „Local kinematics of K and M giants from CORAVEL/Hipparcos/Tycho-2 data. Revisiting the concept of superclusters“, Astronomy and Astrophysics , 430 (1): 165–186, arXiv :astro-ph/0409579 , Bibcode :2005A&A...430..165F , doi :10.1051/0004-6361:20041272 .
↑ 3,0 3,1 Eggen, Olin J. (July 1992), „Asymptotic giant branch stars near the sun“, Astronomical Journal , 104 (1): 275–313, Bibcode :1992AJ....104..275E , doi :10.1086/116239 .
↑ Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters , 38 (5): 331, arXiv :1108.4971 , Bibcode :2012AstL...38..331A , doi :10.1134/S1063773712050015 .
↑ 5,0 5,1 McDonald, I.; и др. (2012), „Fundamental Parameters and Infrared Excesses of Hipparcos Stars“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society , 427 (1): 343–57, arXiv :1208.2037 , Bibcode :2012MNRAS.427..343M , doi :10.1111/j.1365-2966.2012.21873.x .
↑ „ome02 Cyg“ . SIMBAD . Центар за астрономски податоци во Стразбур . (англиски)
↑ Eggleton, P. P.; Tokovinin, A. A. (September 2008), „A catalogue of multiplicity among bright stellar systems“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society , 389 (2): 869–879, arXiv :0806.2878 , Bibcode :2008MNRAS.389..869E , doi :10.1111/j.1365-2966.2008.13596.x .
↑ Percy, John R.; Fleming, David E. B. (February 1992), „A photometric survey of suspected small-amplitude red variables“, Publications of the Astronomical Society of the Pacific , 104 : 96–100, Bibcode :1992PASP..104...96P , doi :10.1086/132963 .