Се смета дека е шлен на здружението Лебед OB1, а со тоа во растуреното јато Беркли 87,2 што пак значи дека е на растојание од 1.500 парсеци (4.890 светлосни години) од Сончевиот Систем; сепак, според мерењата на паралаксата од страна на сателитот Хипаркос (1,20 милилачнисекунди). Таа е на помалку од степен северно од друг иот променлив црвен суперџин, BI Лебед.
За BC Лебед е пресметано дека има температура од 2.858 до 3.614 K и да се менува по сјаност од 112.000 до 145.000 L☉. Големината при неговота најсјајна и најладна состојба полупречникот е пресметан дека изнесува 1.553 R☉ споредено со 856 R☉ во најжешката и најтемната. Станува збор за една од најголемите познати ѕвезди. Доколку се постави на местото на Сонцето, нејзината фотосфера ќе ја надмине и орбитата на Јупитер доколку се земе предвид најголемиот полупречник 1,553 R☉. Со маса од околу 19 M☉, е пресметано дека загубата на ѕвездената маса, како прашина, и гас годишно изнесува 3,2⋅10-9M☉. Ова маса укажува на фактот дека оваа ѕвезда најверојатно ќе го заврши својот живот како супернова.
Сјајноста на BC Лебед се менува според привидна светлосна величина +9,0 и +10,8 со период од 720 ± 40 дена.[1] Помеѓу 1900 и 2000 година забележано е зголемување просечената сјајност за 0,5 величини.[3]
↑ 2,02,1Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
↑ 3,03,13,23,33,4Turner, David G.; Rohanizadegan, Mina; Berdnikov, Leonid N.; Pastukhova, Elena N. (2006). „The Long-Term Behavior of the Semiregular M Supergiant Variable BC Cygni“. The Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 118 (849): 1533. Bibcode:2006PASP..118.1533T. doi:10.1086/508905.
↑Levesque, Emily M.; Massey, Philip; Olsen, K. A. G.; Plez, Bertrand; Josselin, Eric; Maeder, Andre; Meynet, Georges (2005). „The Effective Temperature Scale of Galactic Red Supergiants: Cool, but Not As Cool As We Thought“. The Astrophysical Journal. 628 (2): 973. arXiv:astro-ph/0504337. Bibcode:2005ApJ...628..973L. doi:10.1086/430901.