Пи1 Лебед
Пи¹ Лебед
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS )
Соѕвездие
Лебед
Ректасцензија
21ч 42м &10000000000566458000000 05,66458с [ 1]
Деклинација
+51° 11′ &10000000000226415000000 22,6415″[ 1]
Прив. величина (V)
4,66[ 2]
Особености
Спектрален тип
B3 IV[ 3]
B−V Боен показател
−0,11[ 2]
Астрометрија Сопствено движење (μ) Рект: +5,29[ 1] млс /г Дек.: −1,78[ 1] млс /г Паралакса (π) 1.89 ± 0.15[ 1] млс Оддалеченост 1.700 ± 100 сг (530 ± 40 пс ) Апсолутна величина (MV ) −3,91[ 4]
Орбита [ 5] Период (P) 26,33 d Занесеност (e) 0,00 Перицентарска епоха (T) 2431306.5 ± 10.0 JD Аргумент на перицентарот (ω) (споредна) 0,00° Полузамав (K1 ) (главна) 16,5 км/с
Податоци π¹ Лебед A Маса 10,1 ± 0,1 [ 3] M ☉ Полупречник 5,6[ 6] R ☉ Сјајност 16.538[ 7] L ☉ Температура 18.360 ± 1.100 [ 2] K Вртежна брзина (v sin i ) 55[ 8] км/с
Други ознаки π¹ Cyg, 80 Cygni, BD+50° 3410, FK5 3733, HD 206672, HIP 107136, HR 8301, SAO 33665.
[ 9]
Наводи во бази SIMBAD — податоци
Пи¹ Лебед (π¹ Лебед , скратено Пи¹ Леб , π¹ Леб ) — двојна ѕвезда [ 5] во северното соѕвездие , Лебед . Може да се види со голо око, нидејќи заеничката привидна ѕвездена величина од 4,66.[ 2] Растојанието до системот може грубо да се пресмета со употреба на годишната промена на паралаксата од 1,89 mas ,[ 1] што дава пак растојание од околу 1.700 светлосни години од Сонцето , со плус или минус неколку стотина светлосни години.
Двете составници се означени како Пи¹ Лебед A (официјално именувана како Азелфафаге , традиционалното име за системот)[ 10] и B.
Именување
π¹ Лебед е ѕвезда со Бајерова ознака . Ознаките на двете составници се Пи¹ Лебед A и B изведенки од начинот на запишување според Вашингтонскиот повеќекратен каталог (WMC) за повеќе ѕвездени системи , прифатени и од МАУ .[ 11]
во употреба е и традиционалното име Азелфафаге , изведено од Арапски ظلف الفرس Дилф ел фарас што значи „коњска трага“ или (најверојатно) ذيل الدجاجة Даил ел дајајах што значи „кокошкина опашка“.[ 12] Во 2016 година, МАУ организирала работна група за ѕвездени имиња (РГЅИ)[ 13] да ги катологизира и стандардизира соодветните имиња на ѕвездите. Оваа работна група го одобрила името Азелфафаге за Пи¹ Лебед на 12 септември 2016 година и е вклучено во списокот на одобрени ѕвездени имиња според МАУ.[ 10] За имињата на членовите на повеќекратни ѕвездени системи, и каде не се користи ознака буква за составните составници, работната групавели дека имињата треба да се доделуваат според сјајноста на составниците[ 14] - во овој случај најсјајната составница Пи¹ Лебед A.
На Кинески , 螣蛇 (Тенг Ше ), значи Летечка змија , и се однесува на астеризам кој се состои од Пи¹ Лебед, Алфа Гуштер , 4 Гуштер , Пи² Лебед , HD 206267 , Епсилон Кефеј , Бета Гуштер , Сигма Касиопеја , Ро Касиопеја , Тау Касиопеја , AR Касиопеја , 9 Гуштер , 3 Андромеда , 7 Андромеда , 8 Андромеда , Ламбда Андромеда , Капа Андромеда , Пси Андромеда и Јота Андромеда . Последователно, кинеското име за Пи¹ Лебед е 螣蛇四 (Тенг Ше си , македонски : четвртата ѕвезда во Летечка Змија )[ 15]
Својства
Ова е едноллиниска спектрална двојна ѕвезда со блиска, кружна орбита , со период од само 26,33 денови. Примарната, составница A, е малку развиена B-тип подџиновска ѕвезда со ѕвездена класификација B3 IV.[ 3] Се проценува дека е со маса 10 пати поголема од масата на Сонцето и со полупречник околу 5,6[ 6] пати поголем од сончевиот полупречник . Ѕвездата зрачи со сјајност 16.538[ 7] пати поголема од Сончевата сјајност офд нејзината надворешна атмосфера при делотворна температура од околу 18.360 K.[ 2] Се претпоставува дека е со старост од 25[ 3] милиони години и се врти со ѕвездена брзина од 55 км/с.[ 8]
Наводи
{{|refs=
[ 1]
[ 2]
[ 4]
[ 6]
[ 7]
[ 10]
[ 5]
[ 3]
[ 8]
[ 9]
}}
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 van Leeuwen, F. (2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics , 474 (2): 653–664, arXiv :0708.1752 , Bibcode :2007A&A...474..653V , doi :10.1051/0004-6361:20078357 .
↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Soubiran, C.; и др. (June 2010), „The PASTEL catalogue of stellar parameters“, Astronomy and Astrophysics , 515 : A111, arXiv :1004.1069 , Bibcode :2010A&A...515A.111S , doi :10.1051/0004-6361/201014247 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Tetzlaff, N.; и др. (January 2011), „A catalogue of young runaway Hipparcos stars within 3 kpc from the Sun“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society , 410 (1): 190–200, arXiv :1007.4883 , Bibcode :2011MNRAS.410..190T , doi :10.1111/j.1365-2966.2010.17434.x .
↑ 4,0 4,1 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters , 38 (5): 331, arXiv :1108.4971 , Bibcode :2012AstL...38..331A , doi :10.1134/S1063773712050015 .
↑ 5,0 5,1 5,2 Pourbaix, D.; и др. (2004), „SB9 : The ninth catalogue of spectroscopic binary orbits“, Astronomy & Astrophysics , 424 (2): 727, arXiv :astro-ph/0406573 , Bibcode :2004A&A...424..727P , doi :10.1051/0004-6361:20041213 .
↑ 6,0 6,1 6,2 Pasinetti Fracassini, L. E.; и др. (February 2001), „Catalogue of Apparent Diameters and Absolute Radii of Stars (CADARS)“, Astronomy and Astrophysics (3. изд.), 367 (2): 521–524, arXiv :astro-ph/0012289 , Bibcode :2001A&A...367..521P , doi :10.1051/0004-6361:20000451 .
↑ 7,0 7,1 7,2 Hohle, M. M.; и др. (April 2010), „Masses and luminosities of O- and B-type stars and red supergiants“, Astronomische Nachrichten , 331 (4): 349, arXiv :1003.2335 , Bibcode :2010AN....331..349H , doi :10.1002/asna.200911355 .
↑ 8,0 8,1 8,2 Strom, Stephen E.; и др. (2005), „B Star Rotational Velocities in h and χ Persei: A Probe of Initial Conditions during the Star Formation Epoch?“, The Astronomical Journal , 129 (2): 809–828, arXiv :astro-ph/0410337 , Bibcode :2005AJ....129..809S , doi :10.1086/426748 .
↑ 9,0 9,1 „pi.01 Cyg -- Spectroscopic binary“ , SIMBAD Astronomical Database , Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2017-02-19 .
↑ 10,0 10,1 10,2 „Naming Stars“ . IAU.org. Посетено на 16 December 2017 .
↑ Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; Heber, U. (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv :1012.0707 [astro-ph.SR ].
↑ p. 197, Star-names and Their Meanings , Richard Hinckley Allen, New York, G. E. Stechert, 1899.
↑ IAU Working Group on Star Names (WGSN) , International Astronomical Union, Посетено на 22 May 2016 .
↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 2“ (PDF) . Посетено на 16 December 2017 .
↑ AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 7 月 7 日 Архивирано на 21 мај 2011 г.