Станува збор за ѕвезда од B тип на главната низа со ѕвездена класификација B2 Vne.[3] Додавката 'e' укажува дека е Be-ѕвезда, што пак значи дека е брзовртежна ѕвезда околу која има диск од гас. Поседува голема вртежна брзина од околу 230 км/с,[4] што е причината за магловитиот изглед на спектралните линии означени со додавката 'n'. Оддавното подрачје на нејзиниот диск има полупречник од 0,20 ± 0,04 ае.[7] Ѕвездата воедно се набљудува кон полот, бидејќи недостасуваат спектралните впивни линии од дискот.[10]
Ѕвездата има промени во сјајноста, вклучувајќи ги тука и краткотрајните пулсирања со периоди од 2,95 и 2,6 на ден, и случајните изблицикои се случуваат во периоди од неколку години. Ова може да се должи со губењето на масата на ѕвездата. Постои сомнеж дека станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда, но досега не е забележан придружник со помош на теочкаста интерферометрија. Измерените промени во радијалната брзина можно е да се предизвикани од придружник кој би имал орбитален период од околу 11,4 години.[8]
↑ 2,02,12,22,3Nicolet, B. (1978), „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 34: 1–49, Bibcode:1978A&AS...34....1N.
↑ 3,03,1Murphy, R. E. (November 1969), „A spectroscopic investigation of visual binaries with B-type primaries.“, Astronomical Journal, 74: 1082–1094, Bibcode:1969AJ.....74.1082M, doi:10.1086/110908.
↑„ups Cyg -- Be Star“, SIMBAD Astronomical Database, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2017-02-21.
↑Peters, G. J. (February 1979), „An analysis of the far-ultraviolet spectra of the pole-on Be stars Upsilon Cygni and MU Centauri“, Astrophysical Journal Supplement Series, 39: 175–193, Bibcode:1979ApJS...39..175P, doi:10.1086/190570.