Bibcode — назнака во употреба кај разни астрономски податочни системи за укажување на наводи од стручна литература. Предвиден е за употреба во SIMBAD и NED, но сега се користи пошироко, како во Системот на астрофизички податоци на НАСА (ADS)[1][2]. Кодот има утврдена должина од 19 знаци, од обликот
каде YYYY е четвороцифрена година на наводот, JJJJJ е код на делото што го содржи наводот. Кога станува збор за стручно списание, VVVV е бројот, M е делот на списанието кајшто се наоѓа наводот (на пр. L за делот со писма), PPPP е почетната страница, а A е првата буква од презимето на првиот автор. Точките (.) служат за пополнување на неискористени полиња за да се добие потребната должина, и тоа десно за кодот на делото, а лево за бројот и страницата.[1][2] Еве некои примери: