HD 197037 - ѕвезда, која се наоѓа во соѕвездието Лебед на растојание од околу 107 светлосни години од нас. Во орбита околу ѕвездата досега е забележана една планета.
HD 197037 е ѕвезда со привидна величина од 6,8, првпат во астрономската литература се споменува во каталогот на Хенри Драпер, објавен на почетокот на XX век. Масата на ѕвездата е еднаква на 1,11 од масата на Сонцето.[1] Температурата на површината на HD 197037 е околу 6150 Келвини. Нејзината старост се проценува на околу 1,9 милијарди години.
Во 2012 година, група астрономи кои работат со телескопот Хоби-Еберл го објавија откривањето на [1] планетата HD 197037b во системот. Тоа е гасовит џин, со маса еднаква на 79% од масата на Јупитер. Планетата е во орбита на растојание од 2,07 ае. од матичната ѕвезда, орбитирајќи за период од 1036 дена. Откривањето на планетата е извршено Доплерова спектроскопија.