Во центарот на маглината е млада и масивна ѕвезда која оддава млазови топол гас од своите полови, образувајќи ја на тој начин биполарната структура. Правта во околината на ѕвездата е исто така јонизирана. Маглината се протега во распон од 2 светлосни години.[3]
Централна ѕвезда
Централната ѕвезда, извор на инфрацрвено зрачење вообичаено се означува со S106 IR или S106 IRS 4, и се верува дека истата е создадена пред 100.000 години.[4] Станува збор за масивна ѕвезда, со маса од 15 сончеви маси. Два млаза од материја се протегаат од половите и топлината од половите ја загрева до температура од 10,000 °C.[3] Правта која не е јонизирана од ѕвездените млазови ја одбива светлината на ѕвездата. Со проценета површинска температура од 37.000°K, и е класифицирана како тип O8. Губи околу 10−6 годишно преку ѕвездените ветришта, еисфрлајќи материјал со брзина од 100 км/s.[5]
Изучувањата на сликите открива дека во ѕвездородната област се создадени стотици маломасени кафеави џуџиња[4] и протоѕвезди.[6]
↑ 4,04,1Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (7 ноември 2011). „Star Forming Region S106“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 13 јануари 2013. (англиски)
↑Oasa, Yumiko; Tamura, Motohide; Nakajima, Yasushi; Itoh, Itoh; Maihara, Toshinori; Iwamuro, Fumihiko; Motohara, Kentaro; Saeko, S.; Hayashi, Masahiko; и др. (Mar 2006). „Very Low Luminosity Young Cluster and the Luminosity and Mass Functions in S106“. The Astronomical Journal. 131 (3): 965–978. Bibcode:2006AJ....131.1608O. doi:10.1086/500086.